Море во серијана OUAT и Малифицент беше понежна од оваа. Уф премрачна, пре за мој вкус, морници ми пролазаа. Да не јадам бурек ама освен нашата и уште 3 други се друго ми беше онака боринг. Можам со сигурност да кажам дека имавме еден од подобрите настапи и песни за ова полуфинале.
Според моја статистика песни што мислам дека ќе одат понатаму 1 Албанија 2 Русија 3Белгија 4.Молдавија 5.Данска 6 Грузија 7.Холандија 8Македонија 9 Белгија 10 Естонија
Не беше лоша Грузија, морничава само, ама ми се допадна. Толку беа? Имаме шанси, можеби ќе ни се посреќи годинава.
Konchita da mi vrati pigalle kondurite! Ajde Daniel, ajde!!! Podobar si barem od tie shest shto treba da ispadnat.
И мене ми се допадна, слушам и поморничава музика со уште поморничави изведувачи, во чија споредба оваа е мачкина кашлица, ама ми беше интересно кога ја видов вака на прв поглед, веднаш ми текна на Малефисент. Ми фалеше само гавранот на рамо.
Мене грциве ме разочаруваат се нешто милтави песни и вокали вадат. Русинката да беше јака, ама песната онака, просечна. Србинката има гласиште уф да, ама некако ми е одбивна, да не речам нешто погрешно. Не знам никој друг не ми остави впечаток освен Молдавија, што беше баш топ за настанов. И Швеѓанецот, одвај чекам да го видам у четврток И чујам де, добро
мене искрено ниедна песна не ми се допадна и сеуште се чудам...кој го платил тој стилист што сметал дека на топчеста жена, со топчеста фаца ...најсоодветно било да и направи уште една топка од фризура
Сега сфаќам, и Белгија не биле лоши. Ми недостига алкохол фор фри стилот на Грција Премногу балади, немаше баш ништо за размрдување.
Естонија беа интересни, Македонија со Даниел и фифти сент у позадина беа солидни, Финците претераа што ги користат луѓево за натпревар и ако веќе ги користат можеле да им направат нормална песна а не да ги направат како дивјаци. Србинката имаше глас ама не ми остави голем впечаток како Шерифовиќ со Молитва. Првава вечер подпросечна. Ова мажов-жена ми се гади кога го/ја гледам. Ама мене повеќето ми делуваа како да врескаа многу, немаше некоја емоција во гласот, пиштеа кој погласно. Албанија за прв пат со солидна песна и симпатична пејачка.