Грција секогаш се протнува во финале а песнана не беше нешто...Даниел предобро испеја а и настапот не беше лош.Искрено уште Финска да ги пуштеа во финале и се ќе беше сјајно...
Мене не ми се допадна настапот ни песната, ништо спектакуларно, премногу boring ми беше, само не знам улогава на црнциве која беше нит се слушаа ништо xD а и позадината темна и они у црно облечени па на моменти црнците не се ни гледаа
Што да кажам ај... Жал ми е за Даниел, мене песната ми се допаѓа ептен, башка во споредба со другите вечерва беше една од подобрите. Ерменија? Унгарија?? Па не се ни сеќавам како звучеа нивните песни од што беа досадни... Туку ај, барем Естонија влегоа, имам една причина да го гледам финалето...
ЕКСКЛУЗИВНО!!! ШОК!!! СКАНДАЛ!!! Евровизиската „бомба“: Разговор меѓу НГ и МЈ: НГ: Ало Миле, ми текна!!! А да му проектираме антички столбови на Кајмакон, да се движат така у дубина зад него, како да шета низ државнион архив да изгледа? Па да знае Европа сосе АФСТРАЛИА дека сме Античка Македонија? А? Ш'о велиш? Еве, и црнчиштана од кај бабана англиска нека ги земе, па ќе му се нишаат како трева зад него, нека блекаат нешто ако зариба на високине тонови нашиов. МЈ: Добро... НГ: А и аранжманон на песнана не ми се свиѓа некако. Малку да ја затупиме, да не почнат да скокаат педерине в публика, па да мафтаат со виножитана до нашето свето знаме, македонско? МЈ: В ред... НГ: Ајде, среди ти тоа, јас сум дента во Стразбур, нема да можам да гледам, со Зајко имаме средба. Ајде... МЈ: Ајде... пријатно претседателе.
Од вкупно 16 песни Даниел сигуно не заслужи да биде во последните 6. Каде каде беше подобар од некои што се пласираа, како на пример Унгарија, Белгија и слични. Иако ја фалите, песната на Албанија е убава, но изведбата беше слаба. Туку замисли сега Австралија како гостин оваа година да победи Ај па догодина сите во Канбера.
^Ќути гризни јазик, што пари ќе потрошиме за карти до таму, ќе не изгорат. Не редно, па прередно време е да се откажеме од дешавкава начеречна еуросонг, кога почна се само еуропски држави да нема. Свашта еј. Не зашто за најдобра песна избор не е, да се преставуваме нешто да се рекламираме не се рекламираме, епа зашто идеме на Евровизија уствари?
Доказ дека елеганцијата, едноставноста и квалитетот веќе не се ценат во светот. Треба некој/а she-male (како Кончита) да излезе на сцена и сите да паднат на газ... ако не, може некои што се лигават по сцената, што се разголуваат, што се дерат и личат како да дошле од некој мизерен маскенбал... сето тоа е добро... ама нешто елегантно и квалитетно е досадно, нормално!!! За мене Даниел беше победник!!! И се дури ние си го плукаме нашето, да не очекуваме другите да го ценат. Секакви лоши коментари се изначитав за Даниел по интернетов и многу сум разочарана од македонскиот народ.
Кaтaстрoфa беa сите песни и неaм некoј фaвoрит гoдинaвa. Мене дa ви кaжaм искренo oд сите штo сме ги прaтиле дoсегa нaјдoбрa беше песнaтa нa Еленa Ристескa и aкo не прaтиме некoјa тaквa сличнa песнa пoвтoрнo,тешкo декa вo финaле ќе влеземе.
Јас ќе се изненадев доколку влеговме во финале,не ни очекував. Грција секогаш си има место меѓу 10-те земји во финале,без исклучок Но си имам фаворити веќе: Србија и Русија. Србија беше феноменална девојката,гласиште,изведба Многу ке ми беше криво ако не пројдеше,но низ тамблр видов многумина ја поддржуваат. Русија,прекрасна,настапот и песната како бајка беше,прекрасна мелодија едноставно преубаво. Се надевам дека една од овие две држави ке победи. Едитирам: Мене напротив,баш ми се допаднаа сите песни,некои малку-некои повеќе. А,мислам дека на Македонија и треба Тоше за да влеземе во финале или пак Калиопи со исто така некоја јака песна.
Евровизија од 2010 па навака нема ниедна добра песна да се запамти.Евентуално Еуфорија што ја пуштаа едно лето и Није љубав ствар што ни ја пуштаат уште дека е од комшии.Другово победници, не знам што, не памтам ништо. Времиња беа тоа на Руслана, Дима Билан, Сакис Рувас, Молитва, Лане моје па Верка Сердучка, Лорди, Асерехе нема кој не ги памти, и по патронати, по сегде, цели кореографии имаме измислувано. Годинава и неколку уназад дно дна, сите песни исти, не се разликуваат, порано по 2-3 балади имаше ама моќни од стол да паднеш, годинава една брза песна од типот на My number one нема. Даниел со такво гласиште ваква песна за на Златно Славејче, да се засрамат тие што ја направиле.Србија од ниво на Заувјек моја, Оро, Молитва да падне на ова да не му се поверува на човек.Единствено на Италија ми е предобра и песната и текстот, ако не победат идам во Виена со шатор протестирам.
Mene mi e krivo, pa koj saka neka pluka. Koleshki i drugarki mi prakaa poraki deka im se sviga pesnata. Ovaa vecher nie nemavme pravo da glasame. Ne pomina za finale, ama zasluzhi dechkoto. Nema on shto sram da nosi. A albanskata pesna shto gledam beshe pofalena pred da pochne nastapot, me ubi od dosada. Ama pomina. Barokot vo videoto na Daniel ima samo i samo znachenje vo politikata na MKD. Nadvor od toa ako nekoj najde seir e deka crnite batki se debeli, i deka vo pozadina lisjata idea nagore a ne pagaa.
Зар има некој со Евровизија што се замара, обично наместено фестивалче . Сите песни се на аглиски, жива глупост, сто пати беше подобро кога се пееше на сопствените јазици не вака сите ко од иста матрица излезени. Нема веќе врска со Евровизија кога има и земји од Азија. Само неколку песни слушнав и подобри беа од нашата, Даниел гласот убиен од трема, блед преблед настап, песната со потенцијал ама реално е просечна. Кога не го пративме Гиш со супер песна да ги растури пред десетина години (уште пред Руслана) сега ќе си свиркаме со песнички за слатно славејче .
И пукна гласчето на Албанката бре Ваљда од шок хахаах Ама ми останува фаворит, морам и Естонците да ги вбројам овде, а и Блеоруската беше онака океј, мислам влегоа? Српската песна иако не ми е нешто најнај, девојката има преубав глас. Тоа мора да се поренцира
Епа на таков глас на Србинкава и Даниел, греота е со такви песни да ги праќаат.Сега реално и ствар на вкусови ама никаков впечаток посебен не оставија со песните. Ја па не знам Србиве мајка Цеца што не си ја пуштат со песна у стил да раскињем са њом, нека избаци таму груда цела Европа паѓа.Па чим Северина отиде на времето речи су сувишне.