Значи песнава е толку досадна и монотона,дно дна Калиопи не ја слушам,ама глас има,како и некои добри песнички,не знам што е чудово. А насловот,тој е најужасен. ДОНА. Дај боже да има некое скриено значење,да не е нагалено од Македонија,оти за бруки е веќе Инаку слушнав дел и од другите држави,искрено оваа година нема некои посебни. Најмногу ми легна на Унгарија,интересна мелодија е.Исто и на Босна и Херцеговина не е лоша,микс од се по нешто,а и они па,не можат без виолончело,виолини и други гудачки инструменти
Мeне лично не ми е толку лоша нашава песна колку што ја исплукаа по социјалниве мрежи, онака мех ми е... шо знам, можеби бидејќи дефинитивно е послаба од Црно и бело, можда со повеќе слушање поише ќе ми влезе во уво, ама засега не ми остави посебен впечаток. За шпекулациите околу скриеното значење на песната... ај да не коментирам Иначе, ги преслушав пред некој ден повеќето од песните и во глобала ми се допаднаа, повеќето во стил на радиски хитчиња Годинава големата петорка имаат доста солидни песни, на Италија и оваа година ми се допаѓа, пејачката што ја пратија ми е омилена у последно време... шпанската исто ми се допадна, па и на Британија ми е океј за разлика од вообичаено што се брукаат Кипарската јако рок песниче, а на Ерменија ми е на рипит, многу моќна, посебно ми се допадна. Ама овој откако го слушнав и видов, мислам дека знам за кого ќе навивам
Цел живот си плукаме на нашето и затоа уште кога излезе песната знаев дека ќе започнат негативните коментари.Истото беше и за Црно и Бело па одкога заврши евровизија, Калиопи беше феноменална и одлично ја претстави Македонија, излезе од нашиве македонци дека " и не била баш лоша песната". Песната Дона ми се допадна навистина не е како Црно и Бело ама самиот професионализам на Калиопи ја прави песната посебна. Искрено и немаме пеач кој може толку лесно да се справи со Евровизија како Калиопи. Не очекувам спектакуларно место иако другите песни кој ги преслушав за ништо не ги бива ама барем знам дека испраќаме уметник кој е професионалец во својата работа.
Гледaм низ јутуб сите кoментaри oкoлу Дoнa се пoзитивни. Тaкa дa и јaс се нaдевaм нa финaле. Мене гoдинaвa фaвoрит ми е Ерменијa.
Дона е убава песна, убаво отпеана од Калиопи, но не е песна за Евровизија за жал. Следната година нека оди Боби Андонов со некоја поп-рок брза варијанта. Загарантиран влез во финале. Неговиот ако не се лажам прво издаден албум Love is war има предобри песни. Една од нив Talk Is Cheap.
Америка е далеку ако одиш пешки. Не знам каде живее, но претходно ја има претставувано Македонија на избор за Junior Eurovision Song Contest, така да има шанси да направи нешто добро. Само прашање е дали ќе сака?
Песнава не е евровизиска. Ги имам слушнато некои од песните и нашава е една од полошите. Многу досадна песна. Црно и бело беше многу поубава. Вчера читав на еден од евровизиските сајтови дека Русија е фаворит за победа.
Podobra od ruskata. Inaku zborete shto sakate, mislam deka pesnata na Kaliopi vleguva vo uvo po malku, ne e mozhno samo jas da go zapametiv refrenot od prvo slushanje.
И песната на Кипар ми се допаѓа. И плус песната на Унгарија. Текстот не многу, ама музиката е одлична. Освен овие две песни и песната на Русија, другите песни се ужас.
Avstralija e najdobra godinava, samo smeshno kje bide ako pobedi. A Kaliopi ima dobra pesna za izborot 1987, ama sepak mislam deka Johnny Logan kje tepa.
Штo вaкa слaбo темaвa? Ај дa скршaм мрaзoт. Мaнс, кaде-кaде е пoженствен oд вoдителкaвa. Oд песни, ми се свиѓaaт сaмo Унгaрскaтa, Ерменскaтa и Австрискaтa. Другoвo е нулa. А, дa, и нaстaпoт нa Русинoт беше тoп.