Ајде пред да се одјавам да елаборирам (читај: да се испукам и измрчам асално) Јас како голем фан на Евровизијава ептен се изнервирав и разочарав... значи прво тотален хаос напраија со новиов систем на гласање, не сфатив како уопште ги рачунаа поените од телевоутингот?! Очекував Русија да победи, дури и со Австралија се изненадив ама иако и од австралиската песна имав неколку поомилени немаше да ми е криво, моќна песна беше, добар вокал... ама депресивнава песна со политичка тематика што никој нема да ја пушти после Евровизијава, сериозни ли се луѓево еј? Абе не петте што ги наброив прееска, не овие што општо важеа за фаворити (Австралија, Русија), туку можам да речам дека најмалку пола од песниве во финалево ми беа подобри од таканареченава победничка! За Унгарија ми е ептен криво стварно... добро другиве така - така малце се искачија со телевоутингот, абе фаворит и така ми нема победено уште од Еуфорија ама барем да избереа песна што би требало според општо мислење да личи на победничка... ова е катастрофа стварно. Волку незаслужена победа одамна немало, според мене дефинитивно и убедливо најслаба победничка песна е ова откако памтам за Евровизија.
Уште не можам да сватам зошто Австралија учествуваше, тотална глупост според мене. Било која европска држава да влезеше место неа супер ќе беше. Јас навивав за Србија и Бугарија, а ми се допадна и Израел.
И Изрaел не е еврoпскa држaвa кo штo знaм... Инaче песнaвa беше тoтaлнo без врскa, штo немaше дa имa смислa дa пукaaт кoнфети и oгнoмети кaкo секoјa гoдинa...
Ни на крај памет немаше да ми текне дека би победила Украина. Песната не е нешто WOW, ниту пак има некој си ритам, ниту пак е певлива. Со еден збор не е Евровизиска. И многу чудно некако ми пееше. Јас мислев на некој друг јазик пееше, а таа на англиски да ти пеела. Или јас не разбрав ниту еден збор што го изусти или пак телевизорот ми бил многу на тивко. И ова со Австралија стварно нема смисла веќе. Доволно е еднаш да им се направи ќејфот како минатата година. Не мора да учествуваат секоја година. На крајот на краиштата ова е Евровизија, значи учествувваат европски земји. И таа старицана што ги даваше поените од Австралија мислам дека носеше коски околу врат од некое пцовисано животно. Што ѓердан ќе беше тоа жити се? Како и да е, оваа година многу слабо беше. Очекував или Русија или Бугарија да победат.
На турски пееше Рајти освен рефренот што беше на англиски. Иначе @Ketchup ме изнасмеа со кладбата барем нешто добро од победата на катастрофалнава песна
Па баш сега пред малку ја пуштив песната со текстот и на англиски беше. А се некако ми одеше на турски, ама викам грешка сум. А зашто на турски не ми е јасно?
Заборавив да се надополнам,а нејкам да редактирам. Значи јасно е секоја година колку политиката игра улога во гласањето,да не зборувам за комшиските гласови,ама годинава беше премногу очигледно. Баш ова. И на крај останаа баш Русија и Украина..Coincidence? I think not. Инаку сега ми текна дека пред некој ден прочитав од извори од EBU, дека немало шанси да дозволат Русија да победи. А делот со турски,мислам дека се е поврзано со целиот текст од песната,бидејки се збори за истерувањето на Муслиманските Татари во областа Крим од страна на војниците на Сталин,прабабата на Џамала била дел од нив.Година-1944.
Znachi vtor pat pishuvam, koga mozhat Ermenija, Azerbejdjan i Izrael koi se aziski zemji da uchestvuvaat na Evrovizija, zoshto da ne mozhe bilo koja druga zemja od svetot da se prikluchi ako ima volja za toa. Nekoj se sekjava kako ideshe melodijata na pobednichkata? Vecherva ja chuv dva pati, se na se tri pati i ne mi vleze vo uvo, jak pobednik na festival za popularna muzika, nema shto Nefer kon pretstavnichkata na Avstralija (ili koj bilo da beshe na nejzino mesto), skoro polovina chas da ja ubeduvaat vo izvesnata pobeda za vo posleden moment da i dadat do znaenje deka e out Napishav i podolg tekst za Rusija i Ukraina finalen duel, ama gleam ste go spomnale, pa go izbrishav Treta godina ja meshaat ukrainskata vojna na Evrosong.
Ја уште кога ги слушав пред месец дена песниве, гуглав значење на текстот на оваа пошто не ми беше јасна, и кога го прочитав ова си реков дека песна со ваква тематика воопшто и не е за Евровизија Тоа е, Politicvision...
Да не беше Евровизија немаше да знаеме дека Австралија е дел од Европа. Цел живот погрешно сме учеле географија.
Мене многу ми се допаднаа Украина и Џамала. Одлична песна. А Џамала какво гласиште има. Дефинитивно ми е подобар избор од Русија и Австралија. Мене фаворит ми беше Шпанката. Мнооогу ми се допадна, а откако ја слушнав уште два пати и Србинкава ми се допадна. Дечкиве од Британија ми беа ептен слатки, лесна, интересна песничка. Од година во година се' полоши песни има на Евровизија. А и со глупостиве за гласање, па и Австралија шо ја пикнаа.
Песната на Украина можи има убава порака, ама та песна и Грузија ми беа најгрди, сите други беа сто пати поубај се разочарав од победникот
Не е европска земја Израел.Тогаш и Турција може а се натпреварува,чим Азербеџан пееа. EDIT: Мене искрено Австралија ми беше фаворит,моќен глас има Дами и преубава изведба.Ни на Украина не беше лоша, но не ми се допадна толку колку Австралиската.Само јас приметив дека Poli Genova пееше пола бугарски пола англиски?
Јaс oд гледaње Еврoвизијa дo седмo мислев декa Изрaел е вo Еврoпa, тaкa дa не гледaм зoштo зa Австрaлијa тoлку се бунеa.
Калиопи во полуфиналето била на 8 место од телевотингот со 54 поени, повеќе поени од Србија ( 50), Израел (20) и Грузија (39) кои се пласираа во финалето, но од жирито Македонија добила само 12 поени од Албанија и Србија, 8 од Израел и 2 од Австралија што не е доволно. на линкот долу ги има и гласовите од жирито http://www.eurovision.tv/page/history/by-year/contest?event=2133#Scoreboard Switzerland 3 Slovenia 8 Israel 20 Denmark 24 Ireland 31 Norway 34 Albania 35 Georgia 39 Serbia 50 Belarus 52 F.Y.R. Macedonia 54 Latvia 68 Lithuania 118 Bulgaria 122 Poland 131 Belgium 135 Australia 142 Ukraine 152
Евровизијата ја гледав само заради водителот, признавам. Уште си ги вртам неговите песни. Ниту една песна не ми се допадна, на ниту една не се сеќавам. Голем дел од песните премногу ме потсетуваат на некои други. Си потпевнував we are the heroes of our time, heroes, heroes и гледав гласање. Убаво беше Австралија да учествува една година, ама овие пак сакаат, нешто многу ќеиф имаат за Евровизијава. На Украина песната не ја паметам, а нема ни да ја слушам... фаворит немав. Веќе си кажав зошто гледав и така.
Мaкедoнијa секoгaш имa пoвеќе глaсoви oд некoј штo влегoл, aмa никoгaш не е дoвoлнo и никoгaш не oдиме пoнaтaму...
Ne sum golem fan na evrovizija i neznam sto ja teraat cela Evropa da glasa i posiroko na drugi kontinenti koga ne bea respektirani glasovite na gledacite,spored koj vistinski pobednik bese pesnata na Rusija. Da ne bese korumpiranoto i ispolitizirano ziri Tatarkava nemase da pobedi so nejzinata ispolitizirana pesna. Edna mala digresija vo vrska so kontekstot i naslovot na pesnata .Tatarite bile proterani od Krim zatoa sto bile na stranata na Hitler.Ah Evropo,Evropo kakva poraka prakas!