Ги преслушав песниве иако не ја гледав Евровизијава вечерва, сепак ќе кажам дека ми се допаднаа прилично некои песни од кои Русија, Ерменија, Унгарија, Кипар а морам да признаам дека Бугарија годинава има ептен добра песна за разлика од претходните години. Пријатно сум изненадена. Исто и јас прочитав дека Русија е најголем фаворит годинава, но мислам дека ќе има тесна борба со Ерменија и Унгарија. Во продолжените Бугарија ќе ја постирам бидејќи фаворитите ми се веќе постирани па да не се повторуваме
Во Австралија си се врати, бар така знам. Сега скоро една продукција од Холивуд баш му понудила нешто и мислам дека замина во Америка. Да не бидам офф, ама одамна прекинав да гледам евровизија, једино лани што имаше стварно убави песни.
Песната на Русија беше најдобра вчера. А и најдобра е од сите песни. Фаворит ми е за победа. Од вчерашните песни ми се допаднаа на Австрија, Хрватска, Кипар, Ерменија и Малта. Песната на Австрија ми беше фаворит за влез во финале веднаш после Русија.
Мене Унгарија ми е најголем фаворит за победа, уште од прво слушање ми влезе во глава плус и текстот премногу ми се допаѓа, според мене песнава не е ништо послаба од Heroes... а пејачов е ноу комент Исто и на Ерменија ми е многу моќна, а од овие што ги читам околу врвот според обложувалниците Франција ми се бендисува највеќе, не би се бунела да победи На Русија настапот беше wow, без конкуренција морам да признаам, е сеа и песната е онака океј ама не знам зошто ми е overrated и не ме придоби нешто посебно... а осеќам дека го спремаат за победа
И песната на Унгарија е добра. Русија со најголеми шанси за победа. http://eurovisionworld.com/?odds=eurovision Нашата песна е катастрофа во споредба со другите песни во второто полуфинале.
Синоќа фаворити ми победија Грција, Австрија, Босна, Холандија. За победа мислам дека е рано уште да кажам зошто другите песни од втората полуфинална вечер ги немам слушнато. Од големата петорка на Франција ми е убава.
Јас мислам имаше неколку интересни песнички,и тоа само од првата вечер.Во споредба со лани,многу повеќе Ако збориме за настап,Русија беше феноменална,уште кога ја слушнав на Јутјуб ми се допадна песната,ама со настапот,чиста 10ка. Унгарија ми беше фаворит и си заслужи за во финале,само не знам дали е за победа. И Холандија ми е лесна на уво,некако кантри олд скул жанр,а и дечкото симпатичен,исто си заслужи влез. Добро да не должам,сите што ги селектираа баш имаа прифатливи песни за финале Мене во моментот најмногу ми се допаѓа на Кипар,можеби бидејќи сум рокерче во душа
Уште ми е криво за „Самовилска свадба“. Реално, Калиопи не беше лоша прошли пат, еден од подобрите настапи ни беше. Ги слушав и другите песни и све повеќе се уверувам во тоа дека убава песна повеќе шанси има да се случи спонтано, отколку кога се бориш на натпревар. Можеби само сум станала поголем мрчатор, не знам. Мене последната убава Евровизија ми беше 2005. Од 2009 наваму, не ни гледам.
Песната од Чешка , Малта, Кипар и Босна беа добри, другите просечни, по мене . Моите гласови во финале одат за Малта и Чешка https://www.facebook.com/BBCEurovis...12215209342/10154206302234343/?type=3&theater
Му прават рестрикции на Путин дури и со Евровизија. Песната била фаворит ама бидејќи го лајкнал некој од стручно жири на социјалните мрежи им станал сомнителен, ако го лајкнел осама бил ладен може и ќе го дисквалификуваат. Па зар не приметивте дека и крајот на настапот му го скратија? И оваа година ширење педерастија, кој коњ драпа, кој се лигави... Песните подпросечни, дури и руската. Единствено што изненадија сценските ефекти, тој на Русија беше најинтересен. И да не ја заборавам водителката, како транвестит ми е, па и комичар била, хохо се помочав од смеење додека ја слушав, на крај жал ми стана за неа. Туку комшиите не ни ги избраа, 12-ка на Русија ќе даеме наместо на грчка. Така им е коа се глупи што не го праќаат Сакис, немаше само на геј карта да победи туку имаше ритам, мрдаше со дупето.