Јас сум излеа единствена што нема да ја гледа Еуровизија. Одамна прекинав да пратам и нема да гледам. Сепак и посакувам среќа на Јана.
Помала си, не памтиш, инаку верувај заради определбата е барем 50% од успехот ако не повеќе, си лобира ЛГБТ заедницата.
Леле @elimkd кај ти текна на Мартин Кои потези ги има значи од 1.21 до 1.25 Мене иначе баш ми се допадна песната од Австралија воопшто не беше лоша. Ама Ерменија ич не ми беше за во финале,ама тоа е.Секој со свое вкус. Белгија преплашена беше премногу мислев секој момент ќе заплаче. А за Јана песната не е лоша,ама кореографијана е премногу детска,а и она е многу укочена. "Маживе" повеќе фрцкање удрија
Австралија веќе трета година по ред учествува бе луѓенца, не сте во тек Лани за малку и ќе победеше, а богами со песната и заслужуваше многу повеќе од Украинката Сега дури ја гледам на твитер реакцијата на Португалецот, вчера не го приметив
Абе тоа е проблемот циркус се бара на Евровизија, ретко кога победила песна со квалитет, повеќето биле, што поголема глупост на сцена напраат или што посмешно и поексцентрично изгледаат, тоа поголеми се шансите за победа. Еве годинава италијанот со мајмунот веројатно ќе победи, ниту како вокал ми се допаѓа, ниту па песната, ама луѓево тоа си сакаат. Хрватска ми има најквалитетна песна и вокал, се комплет е како што треба, ама котира ептен ниско, нема ни во финале да влезе по се изгледа, за жал. За Ерменија морам да ти се согласам, не да не беше за финале, него ни за на Евровизија не е. Јана не е укочена, ако мрдне повеќе не ќе има душа за пеење, затоа таква и е кореографијата, слаби вокални способноси има девојчето, нека не мрда многу, нека гледа да испее како што треба, песната тоа го заслужува. А Бугарија бе? Па тоа лигавото дете ли е квалитетт кој се бара, абе фаворит е, не ми се верува.
Е тоа друга работа штом нема глас,ама бар некоја подобра кореографија да и направиле. Песната е убава,забавна и модерна ми се допаѓа. Што е до Хрватска не влезе во финале. Италија и мене не ми се допаѓа песната воопшто. За Бугарија ќе видиме како ќе се покаже утре,дали и тој ќе има трема како и останатите што беа по 17години(пр.Белгија)песната не му е лоша. А и пробава ми е добра,за негови 17години добар глас има Спојлер Еве ги по години
Сигурно го немаш слушнато детето како пее. Беше финалист на The Voice во Русија и исто финалист на Х фактор во Бугарија на само 15 год. Предобар светски вокал има и да баш има квалитет, што значи има огромно искуство пред голема публика и сигурна сум дека ќе има заслужено место барем еве во првите 5. Не секој може во живо да изведе песна со такви емоции посебно не 17 години дете. (Видовме Белгија, песната беше фаворит и стварно е убава, ама изведбата катастрофална). Мене ми е Бугарија фаворит!
Потполно се согласувам со @Quincy во врска со бугарчето. Денес му ислушав неколку настапи од X factor мислам дека беа, со песни од Sia, Justin Bieber итн., и останав со подзината уста. За негови толку малку години, има толку зрел и моќен глас, англискиот изговор му е течен и без нагласок, според мене има и многу убава боја на глас, верувам дека ќе е најмалку меѓу првите 5.
На машките на тие години сеуште им се оформува гласот, мене не ми се допаѓа, ни песната ни појавата негова. Различни критериуми веројатно. И ќе биде, ако и не победи. Млад е, убаво пее, се лигави малце, ама песната е таква, и не ми се допаѓа, не викам дека е најлоша, ама не ми е за први 10. А Јана, да не се лажеме, подобрена е од Идол, мала беше таму, ама е просечен вокал. Мене хрватот од машки вокли ме воодушевува, и иннаку Хрватска настапува утре, со нас.
Дечки што очекувавте да прави Белгија на таа песна, да игра ли? Океј ми беше она. И Лана Дел Реј има 30, па таква е на сцена. Детево од Бугарија ми е топ. Го гледав по видеава на евровизискиот канал и баш е опуштен. Мене ми е он онака најголем фаворит, а мислам дека има шанси за победа.
Јас ги обожавам песните на Хоудек, ако не си го слушала досега, „Стотинама година„ е песна за топење. И „srecom imam tebe„ е многу убава љубовна песна.
Денес Јана растури на генералната проба во која гласа и жирито, се надевам добро ќе поминеме и соседите нема да бидат скржави. Од коментарите Македонија, Холандија, Бугарија и Данска биле најдобри. Останува уште утре публиката да гласа
Следев во живо, добра беше, и со лажното гласање влеговме у финале божем А инаку бугаринот што сите го сакаат исфалшира за сите пари.