Резултатите од стручното жири од вечерва (би требало сличен резултат да има и утре): Israel FYR Macedonia Serbia Austria Norway Switzerland Bulgaria Estonia Hungary San Marino
Сан Марино, Швајцарија и Норвешка 100% не влегуваат утре, а ние и Србија ќе треба да се помачиме за влез.
Ова се лажни резултати, секоја година има такво лажно гласање, служи за забава, и се прави на генералните проби кои се одржуваат ден пред главниот настап на учесниците. Генералите проби се со публика, се продаваат карти кои се нешто поефтини од тие за главниот настан.
Не ја мешај Лана, она поим си нема од пеење, да ми извините вака. Белгијката има поквалитетен глас од неа, слушав и други снимки во живо и навистина звучи убаво, ама на сцената се изгуби и маваше фалш тонови на големо. Бугарија доста ветува годинава исто така, ми се допаѓа вокалот и ужасно многу ме потсеќа на Боби Андонов.
Ај да играме некоја игра вечерва, да се кладиме овде само не знам што би била добивка, а што загуба има некој заинтересиран да смислиме нешто
Бугарија ми е фаворит уште од пред некоја недела на Балканика врти нивната песна. Стварно е освежување другите досадни ми се. А неколку години наназад не гледам евровизија.
Многу слаби коефициенти бе луѓе , ај да споделам како мислам да си ја напраам поинтересна Евровизијата Oд кожа се вадам од однапред исфаворизиран и познат победник, Италија - коеф. 1.60, Португалија - коеф. 6.50, така да на Португалија ќе стаам ситно и на Франција. И замислете Белгија, фаворитот има 50.0 коеф. , ама не ставам на неа, многу лошо испеа, не верувам дека има било какви шанси за победа. Праам ливче за влез во финале: 1. Израел 2. Естонија 3. Бугарија 4. Данска 5. Унгарија 6. Холандија 7. Романија И уште едно ливче за влез, посебно (или овие две и плус тие од првото ливче, тоа ќе видиме): 1. Македонија 2. Белорусија Евентуално може да влезе и Србија или Норвешка во второво ливче, ама некако и ги хејтаа изведбите на Тијана на пробите, и затоа не сум сигурна, а Норвешка не е некој силен фаворит. Се на се, многу јако полуфинале.
3ти сме по ред, јас ќе ја следам и online, интересно ми е кога гледам што коментираат во живо гледачите. Можете да ја следите овде http://www.escchat.com/chat/enter ќе влезете во chat room и можете да следите и коментари и плус да ја гледате на плеерчето во дрштво на останатите фанови.
Не ми беше муабетот за гласовните способности, туку за сценскиот настап. @kravce, супер идеја, ама јас ги немам слушнато сите песни што ќе настапуваат вечер, така да немам претстава кој би можел да влезе. Може откако ќе завршат сите настапи во тие пола саат гласање. Добивката... Лајкови, поздрави, што знам.
Од оваа полуфинална вечер, освен нашата, Србија и Бугарија ми оставија впечаток. Бугарија сѐ подобри песни праќа на Евровизија, детево ми е супер Унгарија чујте ја, мене таа песна ми е нај diversity, плус убав ритам има и онака баш е да те допре иако ништо не разбираш од текстот. Она веселото кантри песниче со спот во шума чинам за Белорусија беше, и за нив исто лајк
Мене нешто не ми е јасно. Русија не учествува и нема да врши пренос. Ама на еден онлајн портал, налетав на руска преставничка под број 3, а ние бевме 4ти. Преставничката на Русија беше во инвалидска количка... чудно ми е.. Колку години по ред не сме влегле во финале? 5? Знаете лани што беше најсмешно од се на финалето?! Што ниеден сосед не си додели високи поени на свој сосед. Тоа многу кажува за "добро"соседските односи меѓу земјиве во Европа. Факт е дека генерално Евровизија не е толку многу популарна како што била некогаш. Не дека не е, туку не е колку што некогаш била. И многу ми е смешно што последниве години е попопуларна во Америка. Како што ние остануваме касно да глеаме Оскар, така тие за Евровизија. Иначе нескромно, очекувам да влеземе во финале. На вакви лоши песни, греота е да не влеземе. Многу ме занима таа што ќе јодла вечерва што ќе напраи.