Како што кажав дека со таков настап и лошо пеење нема влез за финале,заслужено не влезе во финале,следен пат повеќе среќа.
Разочара Јана и со пеење и со играњето (ко шината беше). Имаше добри песни, пример Романија и Израел заслужено влегоа.
Мислам дека требаше у позадина да иде филм како го направиле бебето. Ќе беше јако ефектно!! И она со запросувањето.. Еве јас сум јунакот што ја напумпа па сега ќе ја женам, плодна е
Moре какво откажување, ние само сме правеле утка во претставниците. Наредна година Боки 13 - ЕуровиЗион тутаузендеитин енд Гулабица фор ЕуровиЗион тутаузенднајтин, да им го напраиме ќеФот бе, греота е Европа да не слуша тоа што го сака НЕ? Стварно? Па како влегоа Белгија, Aвстралија, Грција, Aвстрија, најглупата Романија, Унгарија, Норвешка... доста се или да ги редам. Покрадени како никогаш бевме вчера, проклетото жири да дадеше повеќе бодови ќе влезевме сигурно. Ај уште еднаш преслушајте дали беше лоша како некои од вас што викаат.
Политика за жал секогаш имало и си даваат подршка соседите,но дефинитивно нашава не заслужи за финале.
Во споредба со тоа што го слушнавме вчера, беше и тоа како, право за во финале, и Естонија исто така. Ако на сите им ги ловиме минималните грешки, требаше не повеќе од 6 песни вкупно да влезат од двете полуфиналиња, па во живо пејат, нормално е да не е совршено, но Јана си беше одлична.
Бај д уеј, еве моментот со бебето беше во најавата пред настапот (што мислам дека не е првпат некој претставник во тие видеа нешто така повеќе лично да има), ама за тие што велат дека и запросувањето е дел од некаков маркетиншки трик – тој момент беше по затворањето на линиите за гласање, и ништо не можеше да промени Патем многу странски коментари прочитав дека им било преслатко тоа, Британците срцки дури негодуваат што BBC не го дале тој момент
Како и да е, ту мач драма беше во прашање. Можеби мене така ми делува оти не сакам јавни запросувања и вакви останати чудби.
Стварно не знам зошто некој не сака јавни запросувања, а зошто па да не? Нема ништо интимно во запросувањето, баш е убаво да се сподели убав момент на радост и возбуденост, ако е така, ни свадби нека прават луѓево, што, па бракот е меѓу нив, а не меѓу нив и цела фамилија и пријатели. Баш беше слатко што ја запроси на нејзиниот можеби најважен настап во животот, веројатно уште толку и ја разубави вечерта.
Он и онака изгледа како труден, ама за жена дали ќе најдеме некој да го побара. Ај прстенот ќе биде на наша сметка, куќа части.
Додека во Службен весник не излезе дека Јана не е финалист, јас се уште се надевам дека влегла во финале. Инаку во последниве години единствено Калиопи ни го обели образот. 10 години наназад само таа има влезено во финале Искуство, глас и стас камо повеќе да ги имавме такви во земјава. Не дека толку беше лоша Јана, ама направете споредба со гласовите и песните. Кога писна Калиопи до Македонија се слушна, а Јана ко плејбек да пееше Следно да си го пратиме Наум со Оди ѕвездо, и ќе се правиме дека прв пат ја слушаме песнава. Или... Да им ја исполниме желбата на Боки и Биг Мама
Самите странци викаат, дека не е до песната, туку до државата, за живи не не фермаат. Еден швеѓанец имаше искоментирано ‘‘Да беше ова наша песна ќе победевме, а Италија немаше ни 1милион гледаност да има на Јутуб‘‘, еден бугарин рече уште пред неколку дена ‘‘Жалам, песната е одлична, ЕБУ не ве сака, нема да имате доволно поени од жирито, па дури и најдобра песна на столетието да имате‘‘, со една реченица џабе се мчите и фрлате пари‘‘, најдобро е скромно да поминуваме, какви искусни пејачи, какви глупости, дај таму секој што пропеал нека се порадува, победа нема да имаме никогаш. Ако приметивте, од Балканот влегоа само тие што се членки на ЕУ. И ДА Боки треба да им го пратиме, да им тече крв од ушите.
Знам дека се е политика и едни исти влегуваат, ама Калиопи значи предобра била штом ја пуштиле да помине во последниве години. И порано сите не мразеа, и порано не бевме членка на ЕУ, ама Елена, Каролина, Калиопи, Тоше... Ги пуштија да поминат...Зошто нив ги пуштаа? Колку да е се политика, до некаде може игра улога и искуство, песна, глас. Јана кај има искуство? По кафичи низ земјава пеела и дирекно на Евровизија ја пратија. Навикнати сме...
Читав коментари на српски портал кој ја објави веста за запросувањето, викаа дека било лошо затоа што таа сама си го зеде и си го стави прстенот. Ах ма Јана...