А Бијонсе кога објави на доделување на награди за нејзината бременост сите беа воодушевени. Демек мажот и незнаеше, ја немаше видено со стомакот толкав. Абе ајде.. ама тоа е да беше друга држава сега сите ќе викаа браво, баш супер, фенси бла бла.. Јана беше и повеќе од одлична! На сите интервјуа изгледаше баш опуштено, интелигентно и забавно. Јазикот одичен. Демек треба години искуство на сцена. И такви пративме и џабе, не брукаа таму. Е сега ова со запросувањето за мои очи беше ту мач. Ама ете се случи. Ѓоко д фиш поубаво да не не претстави таму.
Во рана бременост е забрането, скокање, рипање, денсање, кревање потешко од 2кила, бидејќи плодот е сеуште кревок и може да дојде до спонтан. Милена не знам која е, и ако играла во поодминта бременост е нешто сосема друго, но барем до крајот на 3ти месец се препорачува повеќе мирување, не дека задолжително мора нешто да се случи, но треба да се биде претпазлив.
Епа добро ова е твое мислење, иако воопшто не се согласувам. Реков дека не е лоша Јана, ама тоа дека подобар пакет сме немале... Воопшто не е точно. Елена Ристевска 12то место освои. Бомба е женската. И глас, и искуство, и песна, и облека, и сценска изведба беше совршено... Нели тоа е пакет? Каде каде беше подобра од Јана. Каролина два пати беше и таа претставена во супер пакет, а сосема спротивен на тој на Елена. Каролина е нежна, со нежни песни, а Елена повеќе секси и заводнички се претстави.... Спротивни, а двете подеднакво добри. За Калиопи да не зборувам. Дама. Всушност ако Јана била најдобро нешто што сме пратиле зошто воопшто не се пласираше? Ако беше политика во прашање, тогаш ни овие претходните немаа да се пласираат. Пак ќе речам дека Јана беше ок, ама сигурно не беше нешто најдобро што сме пратиле смешно е, пошто имаше каде каде подобри и изведби и пакети и сценографии...
Точно, за вкусови се работи. Елена Р. според мене имаше убиствено глупава песна, добри играчи во позадина, а облечена како за до парк на кафе. Каролина, дама, но песните, првата просечна, втората под просек, првиот настп и така и така (тогаш беше хит тоа менување аутфит на сцена), а вториот настап како за на Макфест. За Калиопи не праам муабет, срамота е таков талент да се споредува со било кого од наведените, а и останатите кои не претставувале, освен Тоше, кој исто така имаше песна и настап за никаде а чиј талент не е за коментар, А Калиопи доволно е уста да отвори, првата песна беше супер, но втората за никаде. Сценографијата и настапот треба да соодвествуваат со песната, "Dance alone" има ретро шмек. и сценографијата одговараше според мене, а настапот си беше dance alone. И пак да повториме, за вкусови се работи, и не треба да се натегаме, јас мислам вака, ти така, таман работа па за се исто мислење да делиме , но гледајќи ги реакциите на гледачите/слушателите од светот, најдобри реакции доби Јана, и тоа е факт, според допаѓањата ја надмина Калиопи - ‘‘Црно и Бело‘‘.
На приватна забава можеш да се запросуваш, да се однесуваш како што сакаш, да споделуваш приватни вести од типот на таа за бременост, ама овде таа претставува цела држава и треба да внимава. Против сум неискусни деца да се праќаат на Евровизија, без разлика колку се убави, симпатични... Како што каќаа Калиопи беше дама и ден денес гледам на сите талент шоуа ја пејат Црно и бело. Песната на Јана ни јас не ја знам, слушнав дел, беше досадно и не дослушав. Толку.
На Златно славејче имаат подобри кореографии oд Бурче. Подобро пак да испратевме некој што не зборува добро англиски, и онака во странство не се исмева непознавање на јазикот. Ме интересира нешто. Нели последниве 10 години учество, 9 пати испаѓаме во полуфинале... дали некој од претставниците покажал доблест да се извини на јавноста што не успеал да ја внесе земјава во финале? Откако ја чув песната, навистина не очекував, ама ете, Јана на крај излезе најголемиот мкд евровизиски дебакл. Од каде никнуваат ликовиве на домашна естрада? Наместо овие само факинг неколку месеци да се посвети потполно на настапот на кој лупаме стотици илјади евра, таа баш тогаш забременува. И овие од мртв се навистина таленти да испратат трудна певаљка, и тоа со песна насловена Dance alone, која погодете какви способности бара. Уште и запросување пред Европа, демек чим е трудна мора да се омажи Што сакате кажете, ама малограѓански е... Кого всушност го интересира дали е Јана бремена и запросена, таму за кратко ќе заборават на неа, ако воопшто ја изрегистрирале вчера. Целиот проблем е што кај нас има многу вакви луѓе на кои резонот не им функционира. За една обична Евровизија не можеме да најдеме нормален изведувач со know-how на сцена, кој солидно ќе испее ок песничка нарачана од странство, ќе се пласира во финале и ништо повеќе не треба да прави, не па нешто друго во државата да биде како што треба.
Јас па не го гледав вчерашното полуфинале, не сум во тек со ништо, овде дознав дека е трудна и ја запросиле. Воопшто не ми се допаѓаат тие јавни запросувања. Таа како да го чекала настапот за да се пофали дека е трудна, се мислам дека е ова изрежирано претходно. А со вереникот многу кратко одат бе, ни пола година и оп трудна. Туку свадба ќе има ли?
Елена имаше толку многу трема, што гласот и трепереше ко моликите од песните на Тоше. И тогаш немаше баш толку многу искуство како сега на пример. Мелодијата беше певлива, но имаше специфичен настап и затоа имавме фин резултат.
Песната на Јана беше добра, за разлика какви песни сме праќале оваа искрено беше една од најдобрите. Но кога ја слушнав знаев дека во живо ќе биде лошо и нема да е тоа што треба да е.. И ете така и се случи, што е причината не знам. Политиката си го одигра своето, а и Евровизија не е тоа што беше пред 10 години. И јас мислам дека запросувањето беше too much, премногу за мој вкус..
Па овде некој пиша дека до скоро одела со некој кошаркар, до ноември мислам прочитав. А сега одеднаш со овој се појавува.
Баш беше симпатично запросувањето. Ако е некоја светска ѕвезда сите ќе паѓаат у транс и ќе се пишува по сите весници. И супер што конечно имаше музика и љубов а не протести и бомби по телевизиите ☺.
Не знам што е точно битно така прочитав, бил од нејзиниот бенд.Пишуваше дека пред тоа имала неколку годишна врска со Виктор од Идол.
А па пејачите од светски ранг буквално го водат приватниот живот пред очите на јавноста и тоа ви е во ред, дека Бионсе, и Анџелина и уште кој не, на разни настани објавуваа бремености, се запросуваа, се тепаа, посвојуваа деца, се пораѓаа и што уште не, е супер, ама тоа што Јана објавила една убава и весела вест и тоа што дечкото ја запросил е брука и срамота и треба да си го носат дома таквото однесување нели?
Па и лани бугарката имаше само два чекора во цела кореографија. Само со глава мрдаше и со нога си го подбутнуваше фустанчето. Ама затоа имаа добра сцена и тоа со неонките на костумот беше интересно. Еве и да речеме Јана била лоша, тие што влегоа во финале не беа ли полоши? Јас мислам дека тие ефектите додатно се наплаќаат и ние не можеме да си ги дозволиме. Кога беше Калиопи со Црно и Бело, да имаше некои такви посебни ефекти ко огнови, искри и слично, сигурен сум дека ќе бевме меѓу првите.
Не следам повеќе Евровизија, одамна ми ја изгуби смислата. Последен пат кога гледав знам дека беше пред 5-6 год., беше зима најверојатно и многу ладно, па со татко ми ја гледавме пикнати под ќебе. Но вчера случајно изгледав 2-3 настапи, и од тоа што видов можам да кажам дека "фестивалов" се претврорил во циркус, и дека фаворити ми беа Бугарија и Швајцарија. Во однос на нашата претставничка, ќе кажам само дека имавме добра песна оваа година. Не го гледав настапот, и нема да коментирам за истиот и каква била Бурческа, од причини што кога ги видов видеата од запросувањето и соопштувањето на бременоста, буквално не можам да ја смислам. Имам впечаток дека е толку вештачка, ниедна реакција не и беше онака, од срце. Вештачко смеење, иритирачки глас, неартикулирани звуци, гестови и мавање со раце... no, no. И, кој победи? Или уште нема победник?
ви се чудам на паметот ,колку треба да сте искомплексирани и животот да ви е беден за да коментирате лошо и да јадете бубрези за бремена девојка ???? има ли порадосен момент од тоа во животот ?? да не должам..Не верувам дека го направила за публицитет ,просто кога ја одбрале за евровизија не знаела дека е бремена ,и оп пораснало мешето и неможе тоа да се сокрие ...за предлогот за брак можеби не требаше толку јавно ,но беше симпатично во секој случај..македонска работа само да се руга нешто ,а по дома не си погледнале
Јас не сум никако за она дека не треба да критикуваме ништо што е наше, ама ова е типичен негативен пример за македонскиот менталитет и плукањето нешто наше а КВАЛИТЕТНО. Значи факт е дека ова е најголем евровизиски хит од нашите претставници досега. 2 милиони прегледи на Јутјуб, еден куп позитивни коментари од цела Европа, дека песната им е фаворит, дека заслужува финале па дури и многу високо место во истото. И ова со запросувањето јас добивам впечаток дека само на Македонци им пречи. Еве отворете на твитер хаштаг Eurovision и видете, луѓето сите разнежнети коментираат, првпат во историјата се дешава ова, преслатко, she stole the show, сите коментари во овој стил... Да ти е мерак бре да ги читаш едноставно  Сериозно ниеден лош коментар на англиски не видов, само од тука ругање дека дешавката е брукање и патетики. Еве не знам пред кого сме се обрукале само...