Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2017

Дискусија во 'Музика' започната од Someonespecial, 20 март 2017.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Само се чудам што е работата и со ехото што го даваат на ТВ. Тоа е интимент момент, а не камери да викам во болница. Сешто (facepalm) За запросувањето ок и тоа што си е бремена нејзино си е, ама да се снимам додека сум во болница на ехо ми е некако...
     
    На Tanjamm и Maja95. им се допаѓа ова.
  2. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Ниту Турција, Азербејџан, Израел, Ерменија и Грузија не се дел од Европа.
     
    На Goody и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.168
    Допаѓања:
    36.566
    Пол:
    Женски
    Турција, Азербејџан, Ерменија и Грузија се дел од Евроазија и затоа учествуваат на Евровизија,

    Фаворити ова година ми се Италија и Португалија.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Турција е, до некаде.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Евровизија не постои за промовирање на културата на секоја држава, но ако државата сака, може преку песната да го направи тоа, а сепак песната треба да е забавна. Евровизија си е најобичен фесивал на забавна музика, и не поставува такви правила за промовирање на култури и нации итн, дури и не постои држава во која граѓанството е составено од една единствена нација и култура.

    Фестивалот се вика Евровизија затоа што почнал како натпревар помеѓу европски држави, но право на учество имаат сите членки на ЕБУ, а тоа не се само телевизии од европски држави, така што, доколку УСА е членка на ЕБУ има право да настапува, правилата на фестивалот се тие.
     
    Последна измена: 13 мај 2017
  6. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Се беше добро до таа вечер кога се избламираа најпрвин со детето, а потоа и со запросувањето. Сметам дека на публиката во европа ова и е ептен невкусно.
    Тотално ме разочара со настапот, шминката ( незнам кој ја беше упропастил така,но мене ми изгледаше како цунами да ја удрило)
    Таа вечер немаше ниту малку обид за посветеност од Јана, Незнам дали е до екипата или до самата Јана ама ова делуваше катастрофално. Сега имавме и толку многу соседи и блиски земји ама и тие не гласале. Толку за Јана.


    На италијански сајтови кои се специјализирани за евровизија гледам дека Португалија на кладилници водела.
    Јас искрено не гледам ништо убаво во песнава.

    За Италија би сумирал со еден збор "неверојатно" и според мене без конкуренција годинава.

    Данска и Бугарија ми се допаѓаат, а во топ 5 би ми биле Белгија и Азербџан
     
    Последна измена: 13 мај 2017
    На Flower27, Tanjamm, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Точно така. :) Не би имала ништо против доколку еден пар си ги документира заедничките моменти, преку видеа, слики итн. Интересно е и може тоа да му го покажуваат на детето во иднина. Ама во случајов станува збор за нешто сосем друго. Злоупотребување на видео материјал, кој треба да прикаже некоја порака за земјата која ја претставува. Секоја година пред евровизија се крева голема галама, како тоа најдобра песна имаме. Па може и ќе победиме. За на крај, иста приказна, не успеваме ни пласман во финале да обезбедиме. И не е дека немаме квалитетни музичари, корупцијата во секоја сфера си го направи своето.
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    А таму од каде што влечеш потекло - влегоа ли во финале? :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, elimkd и wanderlust им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Нормално дека влегоа.
     
  10. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Леле колку си лута на државата во која што живееш :rofl: , па еден куп млади избегаа од овде и тоа со тешки маки, а ти барем лесно ќе добиеш ако и веќе немаш документи од таа фамозна држава од која ‘‘за среќа‘‘ влечеш потекло, па што не заминеш не ми е јасно, што седиш тука кога немаш никакво сочуство за своите сограѓани и овдешните случувања, кога така ‘‘од високо‘‘ не гледаш и се ситиш за неправдите (или како сакаш наречи ги) што ни се нанесуваат, а толку ја љубиш државата од која ‘‘за среќа‘‘ влечеш потекло.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Stories, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    ПА што чекаш, можеш слободно да си заминеш од скапанава државичка во која леб јадеш ,што не влезе во финале.

    Имаш друго потекло и не ни очекуваме дека ке ја сакаш и подржуваш нашава држава!
     
    На Stories, Mishela, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Абе вам човек кога ви дава критики, за ваше добро ви зборува, за да се поправи тоа што треба. Вие видете колку вознемирено и со неприфаќање на стварноста се однесувате. После не се чудете зошто никој од надвор не ве ферма. Никакви неправди не ви нанесуваат, тоа мислење е само општа параноја (не ја нарекувам така дека сакам да ја наречам, туку дека е вистина). Што можеш сам да си направиш, не ти може никој :!: И не бидете љубоморни на другите земји-учеснички, ќе излезат вечер Бугарија и Грција, ќе ви скокне притисокот.
     
    Последна измена: 13 мај 2017
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Јана Не требаше воошто да соопшти ни дека е трудна а уште помалце да ја побара момчето за жена? Од целата таа фама единствено што доби се лавина од негативни критики, коментари, исмејување- што беше и очекувано, веднаш знаев дека твитерџиите прво ќе се огласат. Да поминеше се мирно и без галама ќе се заштитеше себе си, своето минато, вереникот и фамилијата која верувам дека не им е лесно да го читаат сето тоа.

    да не соопштеше не верувам дека некој ќе знаеше дека е трудно, ние го коментиравме изгледот со зелениот долг фустан никој не се посомнева:D
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Кога ти од внатре не не фермаш, па што остана за тие од надвор :rofl::rofl::rofl:

    Воопшто не станува збор за ‘‘прифаќање на стварноста‘‘ и твоите совети, прво, која сум јас или другиве форумџики да ни даваш ти совети, оди во МТВ и кажи им дека треба да одвојат уште 800.000 евра за Евровизија, па ќе видиш што е професионализам.

    Најважно е тоа дека од твоите коментари се гледа колку не ти е гајле за државава и колку со голема важност потенцираш како за СРЕЌА ти влечеш поинакво потекло, пошто ние нели за несреќа наша, за никаде сме.

    Еј, фала за советите за непрофесионализмот и аматеризмот, па предлагам уште утре да одиме пред МТВ да протестираме за да го зголемат буџетот за Евровизија, да биде накај 1.000.000 евра барем, зошто вака со 200.000 ништо не правиме, и обавезно ќе кажеме дека ти како експерт за професионализам со потекло од друга далеку попрофесионална држава си не подучила.

    Девојче ти разбираш ли дека не станува збор за професионализам, станува збор за пари, секој еден ефект се плаќа (погоре во коментарите е објаснето), секој рефлектор, секоја камера која ќе снима од различни агли, секој бим, ама се се плаќа.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Mishela, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ајде повеќе пари да и дадеме на Бурче, да научи да игра :rofl:
     
    На Abeja, celineparis и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Не љубоморам не си ја полнам душата со гнев како тебе. Баш ми е мило ако победи некоја соседна земја вечер!!!
    Башка навивам за Бугарија да победи, колку за информација !!!


    Бурче повеќе изигра и од Бугарија, и од Хрватска, Црна Гора па и Грција или Србија. Барем не стоеше како шпиртосана на сцена.
     
    На DAngel, Оленка*, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, види колку си гневна од пладне.
    А ич не ти побарав информација за кого навиваш !!111
     
  18. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сме биле дно држава така да и мене ми доаѓа да кажам дека имам друго потекло од жал хааха
     
  19. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Баш така, никој на евровизија нема некоја посебна аверзија кон Македонија, па намерно да не не примаат.
    Сме имале и добар и лош пласман, најмногу зависело и ќе зависи од тоа кој ја претставува државата.
    Наместо префрлање на вина на друга страна, треба да се работи на подобрување.
    Иако, јас сметам дека парите инвестирани во евровизија, би биле многу попаметно искористени во друг сектор. :)
     
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Па и ние не ти побаравме информација дека си со друго потекло не ни е гајле! ОК?