Немој да се правиш неинтелегентна, затоа што си и тоа како интелегентна, но тешка инаетчика си. Многу добро разбра што ти кажав, и јасно ти е дека не треба пари да и се дадат на Јана, туку на организаторите на фестивалот.
Се сложувам целосно. Државата и дава шанса за оди на Евровизија, иако нема ниту еден хит, и се фрлаат народни пари, а таа па уште и се бламира. Некаде читав дека и дечкото го воделе на сметка на државата, а во Вип сезона кажа дека и дедо и ќе оди. Не е прва ни последна што направила дете пред да се, тоа го прави секоја втора денес, и за тоа не сметам дека треба да прави сензационализам. Била бремена, ова, она, па што сега Нобелова награда да и дадеме?Само таа ли е бремена, аман?патетично беше и вештачки. Можеби мислеше дека ќе добие поени со тоа, ама ништо. Нас ни треба бомба пејач, бомба песна, инаку џабе фрламе пари.
Очигледно имаш некаков проблем со сетилата Членот ме праша за потекло, јас му одговорив, не дека самата од нигде никаде ми дојде да се фалам, жалам или нешто. Ајдее, конспирационисти. Втор ден чекаш на темава неистомисленици да ги убедуваш, кој е тука инаетџија?
Можеби беше попаметно да скрие бидејќи сме клет народ, веднаш исмејуваме, судиме и доброто го оцрнуваме.И да се избламирала нејзин живот, ако живее или се разведе со Петко нејзино, ако биде самохрана мајка пак нејзино. Твирџиите се очекуваше дека ќе бидат најгласни како и секогаш, само тоа чекаат. Колку и да е ок за тебе тоа, многу е невкусно да читаш такви коментари каде те ругаат... и ти и твоите блиски. И најсамоуверената личност да е може да и падне моралот. Кога нешто ќе видиме или слушнеме ја занемаруваме другата страна, дали може во тоа има нешто позитивно како на пример раѓањето нов живот. Сите осудуваме, но може и со ладна глава потоа да размислиме. Туку ме загрижува ситењето на туѓа несреќа, додека вие го сожалувате некој - тој живее, а за вас не можам да речам дека сте исполнети и дека живеете. Не се однесува стриктно за форумот, туку и коментари по фејсбук.
Што е крива Јана што не играше добро,крив е тој што и ја направил кореографијата, која немаше никаква поврзаност со песната и го уништи целокупниот впечаток на сцената. Па џабе убавата песна, па и убавиот спот.
Не играше доволно поради рана бременост. Не е препорачливо скокање и денсање поради ризик од спонтан. Странците многу коментираа дека е плејбек, па може затоа и падна рејтингот. Имавме добра песна што ветува, но ете не назад дома. Ама дека бевме подобри од други што се пласираа бевме. Песната звучи светски и слободно можеше да се врти гордо по некое странско радио.
Јас да сум на Јана местото, ич нема да се замарам, цел свет ми честита и ми потенцира колку тоа што ми се случило е убаво, само нашите искомплексирани балканчиња мислат дека тоа е бламажа. Секој кој отишол да не претставува на ЕСЦ е свесен за тоа дека ќе биде повеќе исмејуван и критикуван од домашните отколку од светот, така што верувам дека не се замара многу за тоа кој што кажал. Кој ви е проблемот да оди нејзината фамилија со неа, со секој претставник од секоја држава одат и фамилија и пријатели за поддршка, е многу коштале дедо и и дечко и сигурно, еден кревет во хотел и една карта за фестивалот, бре бре. Вие не се засекиравте што ја искрадоа државата во милијарди евра, се секирате за 200.000 евра, не се засекиравте што криминалци на слобода ни шетаат и држава ни водат а за Евровизија и 200.000те евра у несвест паднавте. ‘‘Била бремена и сега нобелова награда да и дадеме‘‘, зошто сте такви сурови, зошто не знаете за други да се порадувате, или ако не се радувате барем игнорирајте, цел свет и честита, цел свет вика колку е убав гестот со прикажување на бременоста и запросувањето, само бре за балканчето е бламажа. Искомплексираност се вика тоа со еден збор.
Aбе напнав ама стварно не можам вака кога напамет се зборува Еве ви скриншоти од најрејтувани коментари од странци за нашата песна, па и тоа што се случи потоа. Ова ли е гадење и потсмев? Па пак ќе ве прашам, пред кого се избламирала Јана?
Ова ќе да се истите странци кои ја величеа Империја пред 4 години. Ама нели тогаш никој не ги земаше предвид нив, нема да ги земаме ни сега Го гледам спотот на Италијанецот Има над 110 милиони прегледи. Што да се додава понатаму, ние тука за Бурче се фативме, или нека прекине дискусијата за неа, или нека премине во соодветната тема.
Нема јас што да сум искомплексирана за неа. Едноставно беше вештачки. Тоа не е избор на најтрудна, туку е избор на песна за Евровизија. Колку беше добра видовме по гласовите, и колку упали бременоста.
@RedRevolution во ред се тоа, но некои коментари поминуваа граници на човечност па дури и беа гадни. Уште сцени како е направено детето фалеа. И свршил, и го турил.. има посоодветни зборови од овие. Иначе се сложувам дека секој што оди се бламира, секако ќе најдат нешто што не чини и од мравка слон ќе направат. Балканци. На другите им е океј тоа, тие не се замараат со тоа 3 минути, а не три дена или десет дена.
Веќе некогашен претставник на Евровизија, а фестивалот уште не завршил . Најинтересното допрва следува. Инаку, околу „советите“ што ви ги давав... Само се обидував да ви кажам дека треба да имате повисоки очекувања и повисоки барања.
Сакаш да бидеш зајадлива, веројатно тоа си го сметаш за доблест. А некогашен, сегашен или иден, како и да вртиш е наш претставник. ‘‘Инаку, околу „советите“ што ви ги давав... Само се обидував да ви кажам дека треба да имате повисоки очекувања и повисоки барања.‘‘ ^^^Ти кажав веќе, фала за советите, од утре на протест пред МТВ Верувам дека имало, и овде на форумов ги гледам таквите коментари, ама сум сигурна дека доаѓаат од незрели особи, со такви не ни можеш да се објасниш, има една поговорка ‘‘Од глупавиот и будалиот бега‘‘, ама јас би ги нарекла само незрели, глупави ми звучи лошо, бидејќи ќе созреат еден ден.
Јас мислам да продолжиме да коментираме за финалето вечер, да не се полниме со негативна енергија еве секој нека си ги каже фаворитите. Еве ги моите:
Јас за децата ќе си навивам Бугарија и Белгија, најпрекрасни ми се. Белгијката се надевам уште подобра ќе биде вечерва, песната ми е во срце... а Бугаринот е чудо Ептен би ми било драго еден од нив да победи.
Настапов кажува се.Преубаво,емотивно...Бугарија фаворит. Песнава од глава не ми излегува и се надевам ќе победи. Искрено се надевам нема да победи Кинг Конг,ама со оглед на тоа што на Евровизија се бара циркуз,којзнае
Зирнав случајно тоа песната македонска, воопшто не беше лоша за дадените услови само што пејачката делуваше како да имала средба со гладен вампир пред да пее, некако бескрвно аморфно, да имаа некоја поенергична пејачка ќе направеа успешна прича а и општо звукот не беше нешто како што треба...вака...потрошија солидна нумера за ништо.