^Еве го редоследот https://eurovision.tv/story/running-order-grand-final-2017 Најдобрите за крај (и Франција ми е меѓу поубавите)
Франција ту да виктори!!! За вкусови не се дискутира, знам. Ама француската песна заедно со французинката буквално ги засенуваат сите останати. Прекрасна песна, прекрасна девојка со прекрасна насмевка, уште попрекрасна енергија. Италија ми е втор фаворит. Италијански ритам не може да не чини. Интересна изведба. Весело, певливо песниче. Јас за овие две навивам вечерва. Не знам со што ве освои блгаринот искрено. Талентирано детенце несомнено, ама ич не ми се допаѓа идејата, дете што уште влакна не му никнале на круцијални места да победи на Јуровижн. Ама вкус е...
Мене ми се допаѓаат песните на Белгија, Франција и Азербејџан. Бугаринот не го гледав а нема ни да го гледам, вечерва не сум во план да гледам евровизија, не знам што си ја нарушив 8 годишната традиција на неследење евровизија, кога длабоко во себе знаев дека нема да влеземе во финале.
Од балкано главен фаворит е Бугарија..Па се надевам дека ке тепа да одиме вгодина на евровизија барем..А за пеење мене воооооопшто не ми се допаѓа ама ете
Дечки, а како ќе биде гласањето? Ко лани, или ко претходните години? Може ќе измислат некој нов начин на гласање па ќе победи некој на кој никогаш не би ни текнало. Лани Џамала мислам дека не беше меѓу фаворитите.
Моите топ 3 се: Белгија, Бугарија и Хрватска. Софрата кај мене е спремна, се фрлам на гледање и навивање.
Јас навивам за: Бугарија, Хрватска, се надевам дека некои од тие ќе победи. 27 земји биле ги има многу.
Швеѓањите секогаш згоден пејач праќаат. Ајде да гледаме па ќе коментираме кога ќе зарши Како се вика водителот со црно светкаво сако, со црната коса без брада ?
Нај фаворити ми се Франција и Полска Други убави од тие што ги знам ми се Израел и Британија Криво ми е што Швајцарија не влезе Се надевам ќе победи некој што стварно заслужува Спојлер Израелецов каков е згоден
Колку е моќна песнава од Полска, мистериозна, драматична... обожавам такви Туку гласањето како лани ли ќе биде?
Чипс, макалото на тетка Рефка и пиво. Не спремав ништо денес, паузирам. Бујрумте. Ќе си молчам вечерва, бегај таму ми фуфка да не ме апсат и мене ко бабичката.
Девојката од Белорусија за малку ке паднеше Инаку фаворити ми се Данска, Италија и Бугарија.... Ке заборавев за малку и Израел