Нема да ми биди толку криво ако не победи Бугарија, колку што ќе ми биди криво ако победи Портокалија(шо велеше дедо ми) Арно не гледав последните години цццц
Аман бе со Португалија, аман! Ве молам кажете дека ќе има комбинација на гласови и такви чуда за пресврт ко лани
Редно беше да дадеме поени за БГ... Пред некоја година, не се секавам која, најверојатно последната кога сме влегле во финале, Бугарија ни даде поени, а ние на нив - ништо... Мислам дека се налутија, па после престанаа да ни даваат поени... Исто ни се случи и со Турција... Не знам зошто, но отсекогаш МК давале поени на тие што не не ставале ни на мало прсте
После долги години апстиненција од reality show-a, разно разни манифестации и фестивали чиј пресуден збор го има политиката, решив да ја погледнам овогодинешната Евровизија. Плагијати пропратени со слаби вокали, неиноватнивни изведби, костими, беа декор на овогодинешниот, по којзнае колку пати повторен кич. Композицијата на нашата Јана беше феноменална. Кога за прв пат ја чув помислив - конечно после неколку години овојпат ќе успееме да влеземе во потесниот круг. Но, не! Сепак се испостави дека композицијата не е доволна, туку е потребна и добра сценска изведба, која ние ја немавме. Немаше да биде на одмет да се вметнат дополнителни реквизити, танчери и ефекти. Затоа што кога веќе е одучено да се трошат парите на државата, можеше бар квалитетно да се направи тоа. Меѓудругото, од Јана очекував повеќе да поработи на своите вокални способности, но ниту тоа не се случи. Така да резултатот беше повеќе од очекуван. Другите песни генерално годинава не ми направија ќејф. Ја чув Бугарија, и не ме импресионира. Можеби Белорусија е една од подобрите, но од настапот на изведувачката вришти анксиозност, што мислам дека ќе биде пресуден фактор за да се најде подолу на листата. Сепак, мој фаворит беа Грузијците кои за жал не успеаа да се пласираат во финалето, а сметам дека требаа бидејќи песната иако звучеше монотоно и здодевно, вокалот на изведувачката беше волшебен, и вредеше да се прогледа низ прсти, особено доколку се земеа предвид останатите композиции кои меѓусебно не беа нешто особено компетитивни. Азербеџан, има исто така имаа феноменален настап, и добра песна. Нема да победат, но очекувам да имаат среден или висок пласман. Едит: Португалија ќе победи.