Имам право да споредувам. Ако на вас оваа песна ви е приспивна, тогаш на мене ми е таа на Норвешка. Се е прашање на вкус.
Оф леле. Ти на мене ќе ми кажуваш јас какви песни да слушам? Какви сакам, такви. И немам намера да се расправам со тебе. Гледам дека упорно ми контрираш. Ако на тебе песнава не ти се допаѓа, на мене ми се допаѓа. Не гледам во што е проблемот???
Tuuu ama se sipa Neli rekovme onoj plackoto od Palanka ke go pratime. Nema siminjanje od scena dodeka ne mu dadat pobeda, inace kako ke bide fraer vo ocite na bivshata.
Никој не гласал затоа што пејачот има здравствени проблеми. Ние и запросување и бебе имавме па пак никој не не помножи со нула. Не е ни до политика, Португалија победува прв пат во историјата а најголем број од годините е на дното на табелата. Победи емоцијата и и потребата Евровизија да се врати кон музиката како што и Салвадор кажа во завршниот говор. Секоја чест за дечкото, јас ептен го засакав.
Може да има и 200 милиони прегледи, но тоа не го менува фактот дека никој нема да се сеќава на таа песна после недела дена. Песни кои фаќаат на фино спотче, денс ритам, дотерани момци, но далеку се тие песни од хит кој ќе живее со децении. За споредба кога Италија победи и имаше вистински хит песна која и ден денес е претпознатлива и ретко кој не ја знае.
Јас кажав некаде дека таа на Норвешка ми се допаѓа? Само е помоќна за разлика од оваа. Инаку, мене ниедна не ми се допаѓаше од финалево сега. Мое мислење е дека ние бевме премија за разлика од овој што победи.
Ни првиот, ни вториот сакав да победи. Романија и Молдавија меѓу првите?? Урнебесно!! Мишела требаше погласно да објаснува за Били Ѕвер. За Романија, само Мишела ми е крива, не се потруди доволно Иначе скроз сум против големата 5ка да се квалификува директно. Па што ако им текнала идејата, па тие најчесто имаат најслаби песни и најмалку поени, освен Италија. Оставаат впечаток дека не се умараат многу, зошто секако идат даље. И на Евровизија воопшто не е битно кое место зимаш, ако не си прво. Никакви привилегии немаат останатите. Само првиот се квалифицира за следен пат, а сите други се втори. Не знам зш драмава со поените. Кога на старт можат 5 песни да ги ротираат само.
За мене победата на Португалија не беше заслужена и точка. Ја разгледувам само песната и настапот, секако со здравствените проблеми посакувам сè да му е во ред. Не оправдувам никакво исмевање во врска со неговите реакции што некои коментираат, ама дека песната е светлосни години од заслужена победа - мене ми е. Песнава мене ми е најдосадна од сите 40 и кусур вкупно оваа година, и во финале не сметав дека заслужуваше да влезе. Буквално ко приспивна... Јас сакам балади, многу од фаворитите на Евровизија ми биле побавни песни, ама во ова нема ништо моќно, никаква кулминација, никаков ритам во ниеден момент, никакво покажување гласовни способности. Бледо до бескрај, и средно жалосно е комплимент. Португалски многу слабо разбирам, речиси ич, но кога ќе те погоди песната не мора ниту јазикот да го знаеш. Барав и превод на англиски, љубовен онака средно креативен текст за lost love, ниту текстот не отскокнува над другите квалитетни песни годинава. Значи буквално по ништо не отскокнува, освен по тоа што пееше на свој јазик. А да, и што 60 и кусур години чекале за победа... Многу ми е криво за Бугарија и Белгија, посебно за Бугарија што толку беше блиску и толку многу повеќе заслужуваше. Дете со неверојатен талент, со зрел и совршен глас за неговите години, премоќна песна и фантастичен настап. Е тоа е песна за прво место. Уште кога видов дека плачеше, срцево ми се скрши бе ахххх Па и говорот... да победеше он, да не немаше да биде емотивен? За мене е морален победник и end of story. Ама тоа е... очигледно како што кажав евровизискиот вкус ептен се оддалечил од мојот, пред песни што со месеци околу натпреварот ги слушам победуваат такви што ниеднаш не ги пуштам
Одамна не гледам Евровизија и ова е прв пат да се каам малку. Отворам на твитер гледам се твитка за тоа и кога да гледам еден лепотан кој пишат дека победил. Са му барам песната да видам дали и за пеење го бива оти на фаца е преубав. Полека ама сигурно се претворам во мањак.
И на мене ми се допаѓа таа на Норвешка од 1995 година. Далеку подобра од оваа. Имав претчувство дека Португалија ќе победи и така испадна. И песната на Шведска не ми се допадна, a освои петто место.
Цццц, ем лук не јал, ем пак на лук мирисал - нема правда за Мишелата. А намерно не ставив лук во макалото и пак крива. „Јодлање“ ми е нова фора сега, оди со сè. Пробај. Одам сега да јодлам по материјалите за учење, време е...за јодлање.
Португалецот си кажа баш тоа што му лежи на срце. Зборовите како сами да излегуваа од него. Со многу наивност и со целата душа. Кратко ама доволно. Ретко кој го може тоа во цела еуфорија. За другото не знам. Не пратев.
Прекрасна ми е песната, ја слушав пак. Инаку прочитав на коментарите дека има проблеми со срцето, и чека трансплантација, а до последно не се знаело дали ќе настапи сестра му наместо него. На пробите таа пее. Видете ги коментарите на youtube само, не верувам дека гласаа поради здравствените проблеми. Мене ми е можеби најдобра песна од сите досегашни победници. (Добро пак може поради јазикот, го обожавам. )
Чека трансплантација на срце, а на сцена здрав ко дрен. Дали си видела како изгледаат луѓе пред трансплантација на срце? Не можат 15 метри да одат, бледи, слаби, изнемоштени, приковани за кревет.
Аааа диал Ми се свиѓа ова, ако не можеш да ги победиш - придружи им се. Измив заби, па да зеам да појодлам накај креветот. Ај со лесно јодлањето и добра ноЧ
@Jacques така прочитав, така пренесов. Во интервју сестра му кажува дека цел живот има проблем и дека медицинскиот тим му дозволил само една недела да е надвор од Португалија, и ако се влоши состојбата да не настапува тој. И поради тоа мислам беше воздржан, не искажуваше многу емоции.
И мене ми е прекрасна песната на Португалија. Има душа. Јана ми беше без глас. Песната беше певљива ама далеку од квалитетна. Таа како цело време на плејбек да пееше. Не ми се допадна воопшто. Бугарија е ок, дечкото има убав, продорен глас, ама Португалија е нешто поразлично. Посебно ми се допаѓа кога победник е со песната на мајчин јазик.