Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2017

Дискусија во 'Музика' започната од Someonespecial, 20 март 2017.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Оваа песна е запишана во историјата, до ден денес се слуша. Споредуваш баби и жаби, озбилна си?
    Сепак луѓето паѓаат на вакви приказни. И да имал проблеми неморало да се потенцира тоа, ако била толку добра песната и без тоа ќе победела.

    Инаку ние како ги дадовме поените, знае некој?
     
    Последна измена од модератор: 14 мај 2017
  2. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Пејачката не ја знам, ама песната секако дека ја знам. Мислам дека многу малку луѓе не ја знаат или не ја слушнале некаде.

    По видеото се гледа квалитетот на Евровизијата пред 40-50 години. Тоа било поентата на Евровизија секоја земја да се натпреварува на својот јазик, а не ко денес сите што пејат на англиски јазик. Плус немало педери, травестити и останати болештии. Тогаш бил музички фестивал, а не политички ко што е денес.
     
  3. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    393
    Ако некогаш било местено тоа е оваа година. Ама апла.

    Португалија 20 дена пред почеток на евровизија котираше убедливо на последното место заедно со уште две земји.

    Чудно ми е многу, како Швајцарија и даде 2 бода на Италија а 10 и 12 на бугарија :^)
    И Сан Марино исто дадоа 2-3 бода на соседот а 10 и 12 беа дадени на португалија и Бугарија
    Од кога пратам евровизија никогаш не било вака.

    Со еден збор соседите не си даваа бодови меѓу себе, а се утепаа давајќи на португалија и Бугарија.

    Италија од последните 10 земји не доби речиси ни бод.

    И европскиве институции не се тоа што беа. И порано можеби се местело ама ова ми е хумористично...

    Белгија и Молдавија ми се само ок од првата 5торка
    Италија 6та :x
    За крај ова ќе биде втора година по ред во која победничката песна ретко ќе си ја слушам
    Според мене и бугаринот не заслужи второ место бидејќи имаше многу поубави од него

    По над една деценија пратење редовно евровизија, нареднава година ќе ја прескокнам сигурно и тоа ќе биде така се додека не се нормализираат работите.

    Македонија уште еднаш се посрамоти, овојпат вечерва со гласањето кога не дадовме ниту еден бод на Италија и како и секоја година правиме тотални глупости
     
    На Flower27, mynameislove, celineparis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    А голиот гз ? :rofl:
     
  5. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски

    даааа ВРВ беше тој.....баш убава порака им прати KISS MY ASS !! :D
     
  6. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Според мене, дечково од Португалија е премногу смирен и харизматичен... дефинитивно се разликува од другите... воедно и чуден ми е...зрачи со позитивна, но и необична енергија на моменти. И зошто ми изгледа како едвај да чека да заврши, да си оди и да си легне? Како воопшто да не се израдува...
    Некако се изнервирав со гласањето... пречудно ми беше, можеби грешам душа...
    Во секој случај, сметам дека песнава не беше за евровизиска победа...сепак за вкусови не се дискутира :)

    Мој фаворит оваа година: Белгија.
    При крајот кога видов каква е ситуација, сакав Бугарија да победи.
    Тоа е тоа, честитки на Португалија :wasntme:
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.675
    Пол:
    Женски
    Се согласуваме сите дека е прашање на вкус, тоа е тоа :D
    И ве молам дискутирајте без напнатост и навреди, стварно нема потреба и во ваква забавна тема :)

    Ве поздравувам со моите најомилени без разлика на резултатот :l:


     
    На Viktorijaaa5, Flower27, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    И кој победи?
     
  9. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Абе овој е ретардиран од Португалија и нека не мешаат баби и жаби и емоции, ништо емотивно немаше во песнава, па слушнете ја Молитва или некоја друга балада што победила ова е тотална местенка, ајде вас што премногу ви се свиѓа еден збор не знаете да запеете бидејќи не знаете ни каде почнува ни каде завршува песната..ужас. И мојот фаворит беше Белгија ете таа песна буди емоции а не ова мјаучење на португалски.
     
    На Albertos, Dennings, Flower27 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.339
    Пол:
    Женски
    Па може некој и за нашиов јазик вели дека е мјаучење. :)
    Не е убаво да зборите така за било кој јазик.

    Португалскиот е многу мелодичен и певлив. Песната е многу убава, нетипична евровизиска. Не беше меѓу моите фаворити, но мелодијата ме освои од прво слушање. Изведбата и емоцијата со која Салвадор ја изнесе песната на сцена беа само надополнувања на првичниот впечаток.
    Заслужена победата или не, тоа не го менува фактот дека песната е ремек-дело.
     
    На sweet-cherry, elimkd, Viktorijaaa5 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Песната е уметност. Иако е тивка и тажна, мене ми буди позитивни чувства. Ама дефинитивно не е за на Евровизија, а не пак ли за победа.
     
  12. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269

    Ме пука носталгија кога ги гледам старите настапи. Евровизија после 2007 година стана бучкуруш.
     
    На sweet-cherry, celineparis, wanderlust и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.339
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе ти текне дека „на времето“ Дин се сметаше за контроверзна личност. :rofl::rofl::rofl:
     
    На Yowannty, sweet-cherry, Viktorijaaa5 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски

    Мене најомилена евровизиска песна ми е победничката на Норвешка во 2009. Fairytale.
    Ем специфична беше песната , ем пеачот претставителен, ем убав глас. Се што треба за една изведба.:inlove:

    др. победнички што ми оставиле впечаток и што ќе ми останат во сеќавање:






     
    На sweet-cherry, elimkd, lovely97 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Ги гледам победнициве од претходниов пост и освен убави песни и гласишта, сите имаат уште нешто заедничко.
    Самодоверба бре,слобода, опуштеност,појдени се да победат,уживаат дур пеат,нешто што ние мислам дека сме го немале никогаш ни за влез во финале,а камо ли за нешто повеќе.
    Португалија сега ја слушнав,песната нема ни рефрен ни некоја мелодија што влегува во уво,ама песната е несекојдневно преубава.Пејачот ноншалантно интересен.
    Јана за годините и искуството даде и повеќе од што очекував.Ај бар песната си е хитче.
     
    На lovely97, Flower27, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Заслужена победа! Дефинитивно без никаков сомнеж!
    Уште кога ја слушнав песната во почетокот на неговиот настап, веднаш кај мене пробуди длабоки чувства, емоции нешто што ретко која песна може да го постигне. Уште од самиот почеток знаев, бев убеден, сигурен, имав претчувство, интуиција дека таа песна, дека Салвадор ќе биде победник на годинешниов Евросонг, што и се покажа како сосема точно. Прекрасно отпеано, со премногу емоции, нежно, суптилно, тажно, лирично, елегично - баш во тој Фадо стил кој е автентичен и карактеристичен за Португалија
    Маестрално отпеано, доловено на вистински начин - автентичен, оригинален, нешто поразлично од се што сме виделе досега, ги освои сите на годинешнава Евровизија, нешто за кое скептиците тврдеа дека не е можно и дека нема да помине, но се потврди токму спротивното.
    Солидни песни, изведувачи, перформанси на Евровизијата годинава одржана во Киев
    Од останатите учесници би ги издвоил Шведска која имаше одличен перформанс, Бугарија - најдобар нивен настап досега на Евросонг - дечкото кој ја претстави беше максимално посветен и внесен во песната и неговиот настап - перформанс, Молдавија исто така имаше впечатлив настап и приемлива песна која лесно влегува во уво, Хрватска и Жак Худек беа сосема солидни, Италија исто така беа одлични, Украинците сосема солидни со групата која изведе песна во хард рок
    Белгијанката беше сосема солидна со одлични вокални способности, девојките од Холандија беа исто така многу добри, Французинката ми се допадна исто така.
    Уште еднаш честитки до победникот кој на најдобар можен начин ја претстави својата земја, им овозможи на останатите да ја слушнат, да ја почувствуваат музиката на поразличен начин од тоа што досега сме биле сведоци, сме го гледале и слушале, ја претстави и ја долови музиката на вистински начин со премногу емоции кои допирааат длабоко и предизвикуваат солзи кога се слуша оваа прекрасна музика Фадо карактеристична и автентична за неговата земја, музика која се слуша и во која се ужива, се доживува и исполнува на начин баш како што тоа го направи - со премногу душа, едноставно, елегантно, чисто, суптилно.
    Португалија е горда и ќе биде благодарна што избра изведувач кој ја долови и ја претстави на најдобар можен начин и и ја донесе долгоочекуваната историска победа на песна на Евровизија
     
    Последна измена: 14 мај 2017
    На AURUA и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.673
    Допаѓања:
    79.726
    Пол:
    Женски
    Спиевте ли мирно, оо вие страствени навивачи на Италија и Бугарија? :D Па некои толку сигурни бевте, Кој ќе победи? Италијааа. :D
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Штета. Бугарија или Италија требаше. Италија да победеше... не ќе ми беше мака. :envy:
     
    На Someonespecial, celineparis и Ketchup им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Говорот на португалецот беше најпаметното нешто што е кажано на Евровизијава.
    Не се лигавете, дали ние слушаме музика изминативе години е срање.
    Мене убава ми беше песната. Фактот дека ние сме научени фрикови да победуваат и да бидат фаворити тралалајки не сме ние криви.
     
    На sweet-cherry, rhcpfan, AURUA и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас заспав за време на гласањето...
    Португалија воопшто не ми беше за победа. Додуша, не се ни сеќавам на песната, до толку не ми влезе во уво. :lol:
    Од друга страна па Португалија ми е многу убава земја и сакам да видам каква Евровизија ќе направат. Ми се здосади веќе со победа на овие горниве држави, веќе на памет им ги научивме водителите и сè останато. Шведска гледам петта. (facepalm) Не беше ништо посебно дечкото.
    Оваа Евровизија ќе ја памтам како една од најдосадните. Организацијата им беше слаба, ништо посебно не се случи. Финалево требаше да биде многу поинтересно. Запросувањето на Јана беше најинтересен момент на цела Евровизија.
     
    На Someonespecial и Mr. Right им се допаѓа ова.