Мене ми беше прекрасна песната, само не очекував дека таква песна би победила на Евровизија. Мислев дека Молдавија или Италија ќе победи. Детето од Бугарија пееше супер, ама песната ми беше... Мех... Мислам дека имаше добри песни оваа година, ама не можам да споредам затоа што не сум гледала со години.
Ја слушам прес конференцијата и многу паметно и смирено делува Португалецов. Песната не ми беше за Евровизија,ама нека им е со среќа победата,се гледа дека искрено се радува. И ме насмеа од срце човеков,како со леснотија кажува се Making some money for the family 19.03 Жал ми е за Бугарчето,што не победи Заслужи,ама и второ место не е за потценување
Пoртугaлецoв имaл сериoзнa срцевa мaнa и чекaл трaнсплaнтaцијa нa нoвo срце? А тaмaн ќе речеш -еве кoнечнo пoбеди нoрмaлнa скрoмнa песнa без ништo вo пoзaдинa.
Немал срцева мана, туку бил опериран од кила. Така барем известиле од неговиот тим. Инаку, дечкото си е влезен во некој филм според мене. На Италија и го сместија. Од втора, евентуално трета позиција, подолу не требаше да мрдне, ама ги кутнаа за плус пет. Битно е хитот оваа година, единствен комплетен пакет. На Португалија им се посреќи во последно време, и Европско во фудбал освоија за прв пат, сега Евровизија. Македонија 15-та во конкуренција од дури 18 полуфиналисти. WOW
Слушав малку од прес конференцијата на победникот и едноставно човеков ми е супер! So real! Уште повеќе ми е драго што победи токму тој.
Коментаторката од МТВ свршаваше на Португалецот а може да му биде мајка. Требаше да победи Унгарија, Италија или Белгија, овој беше многу досаден али ај можда има проблеми детето.
Нешто гледав , со друштвенце дома, па ни стана досадно, па коа сме си се префрлиле на тераса, ни Евровизија ни ништо, у позадина по малку слушавме, кога не напуштија другарчињата, почна гласањето, нешто видов. нешто преспав Се радувам за Португалија што победи, не дека беше најзаслужено, ама Италија не ми се допадна ни најмалку со оглед на тоа колку беше фаворизирана, а и да бидам искрена не навивав за никој, други години сум имала фаворити, но оваа година ниту една песна не ме тераше да ја слушам повторно и повторно, или па да речам ‘‘ех оваа сакам да победи‘‘. Детето од Бугарија си беше совршено, ама пак, песната јок, мене лично барем. Белгија намерно ја гледав со внимание, џабе втора шанса кога девојката треба да си се откаже од пеење, не ја бива. А што се однесува до Норвешка искрено не верував ни дека ќе помине во финале, ама како и многу други...... Се на се, Хрватска ми беше најубава, и глас, и песна, ама пак не доволно за победа, можам слободно да кажам дека никој не го заслужи првото место годинава. Туку, највпечатлив момент од цела Евровизија ми беше гласањето на жирито од Македонија, ок на Бугарија 12 поени, ама на Хрватска ниту еден????? Срамота е, до вчера бевме една држава, уште сме си роднини како и да вртиш, секогаш ќе си ги сакам Балканците, и секогаш ќе си навивам за нив. Грција и Кипар убаво си разменија 12ки . Па дури и на Грција требаше некој поен да дадеме, абе први комшии сме, на страна политиката, наши сме си и покрај се. Поздравче и добро послеземјотресно утро ти посакувам Someonespecial, да не се повтори
Не разбирам Кога другите земји си даваат гласови по 'комшиска линија' луѓето се жалат, демек ете се е по политичка линија, намештено, вака онака. Кога некој од 'нашите' не даде глас на некого по комшиска линија веднаш не чини тоа. Дај одлучете се
ИНДИД Чекај ќе објават, ама со сигурност многу повеќе трошат од нас, знам дека Швеѓаните за Лорин во 2012 потрошија околу 1.000.000 евриња, па сега ти види Да бе, стварно Ни јас не очекував, но ми се допада гестот, и онака не не ферма никој од Европа нас Балканците, па така треба, меѓу себе да си делиме поени
Хрватите не н Ние не им дадовме поени во финале, а Хрватите не ни дадоа поени во полуфинале. Бугарите ни дале 12 поени. Македонија 15-та во полуфинале. Слабо гласови од жири.
Кога настапува нашава воопшто не ги слушам другите, не обрнувам внимание, овогодинешната евровизија имаше прекрасни песни Унгарецов денес го исплачив
Еве интервју од Јана после резултатите од втората полуфинална вечер. 5ти месец била бремена и со дечкото не била 2 и пол години туку толку се знаеле а од неодамна почнале врска
Без разлика, и за нив истото важи, и не само за нив, за цел Балкан, највисоките поени (10 и 12) треба да се дадат на тие што ги заслужуват, но барем ниските поени до 8, јас сум за да си ги делиме меѓу нас Блканците, бидејќи Европа само не кошка, како да сме и зрно во око.
Сега го слушав пресот на Португалецот и уште по некое негово интервју. Човечето стварно е мило, скромно, видов ете и маичка со sos refugees носел и тоа многу поштувам... можам да се согласам дека како личност се издвојува од претставниците, со својата приказна и сето тоа. Коментарите кадешто го викаат ретардиран, ваков, таков, нешто му фалело - воопшто не ги оправдувам, одвратни ми се исто како навредите за приватните моменти на Јана. Ама песната сама по себе, не и не, не ми разбуди бе никакви чувства, шо да праам Music is not fireworks, music is feeling вели, ама неговата конкуренција и не беше баш fireworks и тралалајки (освен Молдавија, како побогу се најде на 3 место не знам ). Мене чувства баш ми предизвикаа Бугарија и Белгија и со гласот, и со целокупниот впечаток, се наежив на двата настапи енд дец ит. Не знам еве до конкретната песна е изгледа... Не сум слушала таква музика досега, да, ама ни опера не слушам вообичаено па како Grande amore никоја друга евровизиска песна не ме допрела до срце И не велам ни дека е политика, наместено и слично - реално, иако ич не ми е по ќеф се гледа дека сè си беше чисто, победи и според жири и според гласање од гледачите и многу луѓе ја сакаат песната, ама ете лично мислење само си кажувам, што е различно од повеќето Инаку кога сме кај песни што заслужуваа повисоко место, мене Полска ми е нај underrated годинава, не ми се верува дека заврши на 22 место
Португалецот тоа настапот го направил да изгледа како да пее самовила во шума ама се облекол во црно и ми заличи ко песна за погреб. Воопшто невкусна песна и тие движењата чудни ми заличеа од еден филм со еден грдец што го имам гледано. Сепак и ја стојам зад тоа дека требаше Бугарија да победи.