Годинава ептен тапа со ефекти. Ми текнува минатите години сцените беа со илјадници кристали, светилки. Годинава... Ниту една не ме воодушеви нешто нај вечерва. Ми се допаѓаат Грција, Исланд, Азербеџан, Кипар не беше лоша, Црна Гора ми е интересна така. Португалија е пријатна песната, ама не е за Евровизија. Бар ефекти некои во позадина да ставеа... тапа. Тој заспа за време на гласањето. Австралија секоја година праќаат познати пејачи, и лани таа што беше имаше по неколку милиони пргледи на јутјуб.
Шведска и Молдавија, најдобри вечерва. А онаа албанкана, беше као од али експрес да си ја нарачал Шерил Кол, демек ќе ја продаваат на некој старец од источна Македонија ако утне.
Диос мио, еспирито санто. Само тоа ќе кажам. Па и тоа крцкалче од каде ли го нашле, 17 или 19-годишен како што разбрав.
Ерменија, Австралија и Португалија не можам да сфатам како и зошто влегоа. Другите сите ми се фаворитите, само ми фали Исланд, баш беше моќна типката, и гласиште и општо. @Mishela како го скокна баш точниот број - 18 годишен рекоа дека е
Занесена бев во работа и нешто слушнав, ама не дослушнав. Исто е, не менува многу. Пак си е крцкалче за на Евровизија со „големите“. Може по грешка го пратиле наместо на детски, на овој Евросонг.
Чекај задутре да го видиш претставникот на Бугарија, уште помал е. Спојлер: слика А за чудо, бар како што јас слушнав, важел за еден од најголемите фаворити годинава.
Убаво пиша Ина препатриотката со тоа 'Нашиот ЈУжен сосед' секоја година тоа. Се кикоти само ко некоја на некои безвезални муабети. Секоја година таа па таа, ај да ја биваше тоа водителката. Ич не ми се допаѓа значи...
Шо бе, евровижн имало денес? Ја поима немав. И заврши ли? Влеговме ли? Имаше ли некој стрејт или сите беа педери?
И мене Ерменија ми беше една од полошите, што знам. Заборавив да кажам и дека песната и настапот на оние "Хеј Мама" ми беше ептен клише. Музиката беше од типот на оние до пред некоја година на Романија и Грција. Невестите веќе 100 пати видени. Искрено, ние имаме една од најмодерните песни. Реално би требало да влеземе во финале.
@Ketchup мене ми звучеше ко скоро сите романски песни кои се вртат по радио последниве 6-7 години, сите се таков сличен ритам. Ама па тоа и се бара, можеби не е нешто wow, ама е забавна и остaнува во уво.
Добро е, не сум само јас што не ми беше ич уау Молдавија Размрдувачка да, ама баш како од оние романските електронски со саксофон песни пред неколку години што беа актуелни. И Ерменија не ми е јасно како влезе... А заборавив да спомнам дека и Полска ми се допаѓа многу