Од денес што ги слушнав најдобри според мене: И Шведска дечкото е многу симпатичен, ама песната не баш.
Дајте ми некој линк од јутјуб каде има даваат live stream? Ако требаа оваа нашава да ја слушам и задутре ќе го искршам телевизорон најсериозно, уста не затвора!
Мене од Молдавија ми остави најголем впечаток. Весела, убава песничка. И маживе се баш симпатични, разиграни. Тој од Црна Гора со тоа опашот како на коњ.. Цело време дури пееше си мислев А бе дај оди си дома, не ни го брукај Балканов И Белгија исто така ми е фаворит..Песната е преубава само девојчето некако не пееше добро..Млада е, можеби од трема ама не ми звучеше баш убаво..
Мене фаворити ми беа Албанија, Кипар, Латвиа, Азеребејџан и Словенија жал ми е за Албанката, мн добра беше, ама премногу шминка имаше. Кипар си влезе на стара слава ( со автори од Шведска) Грција влезе благодарение на авторот кој лани беше автор на руската песна и сите познати пеачи од Русија ги повикаа нивните фанови кои се надвор од Русија да гласаат за Грција.
@Mishela ме изнaсмеa мa сo тoa крцкaлче. Инaку, детенo 17 гoдини имa, a oвoј oд Бугaријa имa 16. Амa убaвo песниче имa. Пoртугaлијa и Белгијa у финaле, aбе aј. Тoј пoртугaлецoт бaш кo приспивнa песнa дa пееше и некaкo кo ретaрдирaнo ми се пoнaшaше нa сценa (Бoже ме oпрoсти *смaјли штo се крсти*), a oнaa oд Белгијa пa кo скaменетa нa сценa. Кaквa и беше фaцaтa, мислев декa у секoј мoмент ќе зaплaче и ќе си oтиде oд бинaтa. @Ketchup кoгa сме кaј сцени и ефекти, нaјдoбрa им беше сценaтa нa Дaнскa, Емили ДеФoрест мислaм декa oд тaму беше. Се сеќaвaм и декa сo вoдa им беше бинaтa, игрaчите се нурнувaa внaтре. Ептен беше штoснo.
Ги фатив последните 5-6 настапи. Песните ги ислушав уште кога излегоа. Од ова полуфинале ги отпишав први Молдавија и Латвија зошто мене ептен глупи ми беа песните и Чешка, Кипар и Португалија досадни чоече успиваат. Албанија лоша песна, Грција попраена каде каде за разлика од лани и фала богу и дадоа шанса на Деми, девојчево не се откажуваше од нивниот да воис. Убава беше на настап многу, а во живо не е баш.. и забите ептен вештачки. Азербејџан лани имаа многу убава песна, годинава така-така. На Полска песната е фина. Црна гора... типично. Словенија лошо. Јана пријатно ме изненади. Песната ми се допаѓа. Не е ништо ново на музичка сцена но е младалачки, модерно, фенси. Јана, на мое големо изненадување се покажа доста претставително, културно, интелигентно. Мислам дека прв пат во наша историја праќаме комплет. Или нешто најблиску до тоа. Верувам дека ќе влеземе во финале. Да видиме како ќе помине.
^ Се мислам дека Деми ја пратија бидејки е многу популарна во Елада, девојката пред неколку години бум направи со една песна, и стана ултра популарна Според мене во Грција има многу подобар избор, имаат квалитетни пеачи, само тешко дека би се нафатиле да настапуваат на Јуровижн. Каква музика имаат Грците, тие се нешто глупости праќаат. Пушти таму нешто типично Грчко, или барем мелосот тој да е. Па Елена како победи? Иако не и беше Уау песната, го имаше тој Грчки ритам.
Лудо, турбофолкот е многу многу страшно популарен таму.. од таму уствари и е излезен, затоа секоја втора српска и блгарска песна е уствари грчка. Буквално. Деми поп пее.. не сум сигурна изглеа не и е ни баш прв настап на Евровизија.. како и да е, ептен не се откажа.. нон стоп беше со своја песна на нивниот избор. Иначе Елена победи со "турски примеси" во песната, не беше исклучиво грчки ритам. Таа година многу тужби паднаа на сметка на песната на Елена од страна на Турција. Ја ти чувам место во прв ред ако го дочекаме ние Ники таму
Исто како да кажеш дека Васка Илиева е турбофолк затоа што некој турбофолкер денес направил посељачка верзија од Земјо македонска.
Нека си ги пратат на детски Евросонг, ова навистина нема смисла, дечиња. Ајде 20 и над тоа е сосема океј, ама овие уште се тинејџери.
Васка е фолк. Ако некој турбофолкер напраи турбофолк верзија од нејзина песна, таа верзија ќе биде турбофолк, а нема да ја дефинира Васка како турбофолкер. Јас зборам како тој жарн на музика потекнува од таму. Не ти ја сфаќам ниту поентата, ниту збунката.
Па турбофолкот не потекнува од Грција, туку од Србија. Мешаш традиционален грчки мелос со турбофолк. Современата грчка музика (и поп и рок) се базира врз нивната традиционална музика.
Евровизија не гледам од Калиопи кога почна да учествува, претходно чат-пат по нешто загледував. Годинава ептен ми се свиѓа песнава, конечно праќаме нормална песна за цел свет да не разбере за што пееме и искрено очекувам најдобар пласман до сега .
Сериозно? Леле колку е старолика. Мислев дека е постара и од Јана. Ах, Јана генерацио, за кај сме со младинава...скоро па за никаде.
Турбофолкот е грчка модерна лаика. Како што сама кажа современото се базира врз традиционалното. Исто со турбо фолк српски (фолк изваден од ментеше) неуспели обид. Српски турбо фолк е накнадно иссељачизиран со етно примеси од нивната музика, ромска, турска, арапска, грчка... Затоа се разликува од грчкиот.
Лаико не е турбофолк, туку е грчка музика едноставно. Постои еден поджанр на лаико, кој го викаат скиладико и е нешто слично на турбофолкот (содржи нагласени ориентални, демек негрчки примеси). Скиладико е застапено последнава деценија и има хејтери затоа што го потиснува грчкото. Не е турбофолк секој спој на традиции и модерното, Србите преработуваат и латино и турски песни, и латино и турската музика се засноваат врз традиции, па сето тоа не ги прави турбофолк.
Од првава полуфинална вечер, Кипар и Шведска ептен добри, поготово Кипар, за победа ми е песната. Имаат украдено некои тактови од Human ама пак ми е фаворит за годинава. Нашава пријатно ме изненади иако не очекував таква добра песна, стајлинг предобар -конечно, кореографијата ми е досадна и малку глупа али се јаде пак. Србија исто одлична. Чекам да ги видам во втората вечер заедно со другите. Околу сето ова со ЕСЦ, многу безобразно ми е забраната за влез на Русите во земјата од страна на Украинциве затоа што сепак се работи за музички натпревар кој би требало да ги обедини на некој начин различните земји,а не вака.. Австралија стварно не гледам потреба да учествува јер ипак е европски натпревар, од наредна година еве и Индија нека настапува што има врска