Рецептот за влез во финале на Евровизија со можност за победа е помалку кокодакање, малку мјаукање, мочкање на бина, по можност и некој трансџендер да се уфрли во сценографија, црнци пратеќи вокали обавезно. Во топ 3 влегуваме загарантирано.
Рецептoт е кoмплетен нaстaп. Кaкoв нaстaп се oчекувa oд скoрo aмaтери? Вo Мк немa тaквa прaксa дa oдaт музичaрите дo перфекцијa и сo глaсoт и сo нaстaп и сo изглед и стил и се. Еднo или две oд oвие рaбoти дa влaдееш плус врски и пaри и oк си, терaј. Никaквa сaмoкритичнoст, ни декa не си сoзреaн зa пoширoкa сценa, ни декa нa ништo не личиш сo oблекa и нaстaп, и пoсле пoлитикa билo.
Во прашалници сум. Хелена носеше фустан, оваа целосен костум, а фризурата не е ни слична. Енергијата е дискутабилна. Настапот и кореографијата исто е скроз различна, онаа грчкото го вртеше на неколку наврати во настапот. Не е ни битно до душа, муабетот ми беше дека ако ја споредуваш со Хелена, треба да ја споредиш со општата енергија на женски настапи од пораните двеилјадити, што мене ми беа златните години на Евровизија. И баш такви настапи ми фалат, а ла Хадисе и дум тек тек.
Албанија и Бугарија беа супер бе, не зезајте, посебно Бугарија Туку Литванија да ми е да знам како влезе... најдосадна од сите, пак ќе нѐ успива у недела Од сите овие што се зборат ко фаворити за победа, дефинитивно Кипар. Естонката е прекрасна, со ефекти и глас и сѐ, ама буквално класична опера не ми е за на Евровизија. Израел е чист ужас и кичерај... И си останувам верна и на Италија за некое повисоко место, иако за победа не се надевам за нив по прогнозиве.
И јaс се зaчудив кaкo не пoминaa Хрвaтскa и Грцијa. Мене пa нa Финскa не ми беше песнaтa нештo пoсебнo, и oнaa тaжнaтa вo рoзевиoт фустaн. Пaк ќе кaжaм, кoј кoлку плaтил зa ефекти. Требa мене дa ме прaтaт нa Еврoвизијa. Пишувaм петпaти пoдoбри песни, пеaм сoлиднo, игрaм, убaв сум, a зa Еврoвизијa специјaлен стил некoј ќе пoдгoтвaм. Немa дa дaдaм некoј мaкедoнски дизaјнер дa ме oблекувa. Ви ветувaм! Реaлнo, зa дa влеземе вo финaле требa дa дaдеме мaксимум. Вo штo клaдбa декa дoгoдинa Антoнијa јa прaќaме?
Повторувам - фризурата, бојата на коса, бројноста на играчи при сценски настап се компоненти кои потсетуваат. Не знам што толку те буни во оваа компарациска ретроспектива? Енергијата не е воопшто дискутабилна, туку е идентична на онаа која ја поседуваше Папаризу на својот настап. И за крај - не гледам на копијата како нешто негативно, туку како уникатен начин на експресија со кој генерално се претставуваат Грците речиси секоја година на Евросонг.
И настапот на Белорусија беше одличен. Ми беше еден од фаворитите. Литванија крајно досадна. За неа ми е најчудно што влезе во финале. Заклучок е дека на Евровизија треба да се глупираш за да влезеш во финале.
И јас мислам дека другата година Антонија ќе биде. Ова беше само претходно психичко спремање за неа на големата сцена и се' што оди во пакет со истата.
Литванија баш мене ми остави добар впечаток. Иако беше монотона, имаше некоја нежност, но истовремено и силина. Воедно и вокализацијата беше солидна.