Кој сака нека се смее, но со Анета барем 80% имаше шанси да влеземе, а со оваа песна се знаеше уште пред да одат дека нема да се влезе и тоа заслужено катастрофа настап. Барем Анета ќе имаше сигурно добра песна со која ќе го истакнеше јакиот глас, барем достоинствено ке не претставеше, а не вака испратија само вреќа со кромид.
Како да им се докаже на господата од МТВ дека треба да се откажеме од Евровизија? Доста е глупирање. Се прашувам кого ќе пратиме наредната година.
Најискрено јас уште кога случајно ја чув во локален маркет овогодинешната претставничка песна знаев дека покрај политиката, и лошиот квалитет на самата нумера ќе бидат пресудни за наш (не)пласман. Eye Cue не беа доволно подготвени за ваков предизвик. На пример лани Јана беше, ама повторно сценскиот настап ни пресуди фијаско.
Смешни ми се аргументиве. Боја на коса, seriously? А ако ова ти е иста фризура, се надевам дека си седнат кога ќе го прочиташ ова, ќе ти дојде како вистински шок. Повеќе од пола од жените што настапиле на Евровизија се бринети и имаат благо виткана коса. Могуче да се работи за европска политика, евентуално илуминати. Мило ми е што го скокна делот со кореографијата и actually самиот настап. Нема да барам кој колку танчери имал во позадина, на сите им е јасно колку неверојатно држечи ти се аргументиве. И а да, кога веќе енергијатата на сценски настап ја измери како идентична, баш ме интересира која единица мерка ја користиш? Изгледа го скокнав тој час по физика. Јас легнувам, со тажна мисла дека Хрватска и Белорусија не влегоа.
Оваа година не бев изненадена што не влеговме во финале, за разлика од лани. Кога се работи за Евровизија не знаеме саглам настап да направиме.
Со Анета барем ќе памтеа по претставничката со убав глас, а не по претставничката која носи вреќа од компири.
Se dodeka ne najdeme covek sto ke znae da napravi scenski nastap ,a da ne lici na 1997, dzabe e pesnata. Plus ,amaterka od stilist +fotograf sto izigrava dizajner.
Абе дечки, и мене ми е сличнa Елени сo Хеленa. И песните им имaaт сличен призвук. А и Елени е oд Грцијa, сaмo штo пo пoтеклo е Албaнкa. Нo, не би рекoл декa е кoпијa. Грците, вклучјвaјки ги и Кипaр, секoгaш испрaќaле нештo рaзмрдувaчкo нa Еврoвизијa.
Сигурно има такви луѓе, ама не доаѓаат до израз јер има некој кој веќе е одреден да го прави тоа. Сценските настапи се тотална утка. Ристеска покажа ноже и газе па сите паднаа у несвест. Ако памтам добро она највисока позиција имаше?
Да, мислам дека беше 11-то или 12-то место. Па како за 2006-та, настапот беше супер. Не играше како здрвена, облеката не беше толку лоша, имаше некои реквизити таму на сцената. Не испеа којзнае како, ама собра гласови сепак. И овие сега немаа којзнае каков настап, како раштимани натаму-наваму. Имаше далеку полоши песни од нашава, ама па овие ептен делуваа како да импровизираат, што знам.
Антонија има јак глас. Јас се зачудив како не победи на Макфест лани.. Ама ќе и ја промашат песната ако оди, ќе видите...
Генерално, Елена не беше лоша, ама за 2006 збориме. Сега сме 2018 и настапот е релативно ист а аутфитите каде-каде полоши.
Елена да ,имаше највисок пласман ама и евровизија тогаш и сега,има разлики,и Северина со моја штикла заврши 12.
Вообичаено не одговарам на реплики кои содржат иритантен тон проследен со непотребна доза иронија, ама еве ќе те удостојам. Сите имаме различен став, доза на критицизам и вкус за уметност во рамки. Не мора да сум имала петка по физика за да имам капацитет за проценка со кој распон на енергија настапуваат изведувачите. Европска политика можеби, Илуминати само за оние кои сакаат да се направат паметни како тебе спомнувајќи ги во дискусија поради недостиг на аргументи. Оди легни си.
Па тоа и ми беше муабетот, поминаа 12 години а не се забележува буквално никаков прогрес во нашите сценски настапи. Догодина каква Антонија, плех-оркестар да им пратиме. Или евентуално Спејко.
Србија имаат интересна песна, ама етно стил не е за сечие уво. Никој не веруваше дека Шерифовиќ ќе победи (оти нелиии Србија), дека беше врв-беше, само победи на друга основа и сите знаеме како. Мислам треба да се прекрсти во ЛГБТвизија и да продолжи понатаму .Која е потребата од веење знаменца со виножито, јас не разбирам.
Ииии може да го прогласиме победникот??? Кипар,јел да? Ај немојте и темава да ја труете со глупости ви се молам. Уште во темата Рецепти ве нема,и таму фали да пишете збор два за хомосексуалците. Плус се побиваш самата себе. Велиш песната била врв, ама сепак победила ради друго!?