Па факт е . Врв беше и на Жељко- Лане или како да беше, ама не упали. Нз зашо да не мешаме, па знаме очи вади најнапред и најголемо. Не ги сметам ја за посебни, они се истакнуваат.
Од 2016 не гледам веќе, од кога видов како Украина зема победа за мене ова повеќе не претставува музичко шоу туку мафија.
Жељко не ни паметам која година беше, а ФАКТ е дека за тогашното издание од 2007 песната на Марија беше најдобра. Наш проблем е што сме сто години наназад од таквите како вас што не влечете надолу. На Европа не и е битно кој со кого спие и дели кревет, битен е сценскиот перформанс. И тоа го наградуваат. Исто беше и со Кончита. Прејака песна ама ете ви смета брадата и нејзиниот лајфстајл. А што се тиче знамињата. Со самото тоа што од стотиците знамиња што се веат таму , тебе во очи ти паѓа она на лгбт,сама ги правиш посебни и во твоите очи се.
Еве го настапот за оние кои пропуштија Сепак мислам дека Марија може и поубаво да се облече. Баш ќе се распрашам дали аутфитот бил нејзин или нечиј друг избор. Еве овде на пример подобро се носи:
Добро а што е битно кој пејач ќе го пратиме ? Навистина не разбирам. Овие еye cue се баш супер како група. Но не требало да одат по секоја цена, со секаква песна. Кого и да пратиме со ваква песна јасно е дека ќе испадне лошо. Не велам дека нема местенки, но тие се најпрвин кај нас тука. Ќе се мести или пејач, или композитор. И така секоја година. Што луѓе ќе бевме. Нека си ги местат фестивалите кај нас. И онака ретко кој им ги гледа. Но кога е за надвор треба многу посериозно. Треба прво тука да си се средиме и да дојдат луѓе кои имаат креативност, вкус за убаво и желба за победа, а не само желба за шетање. Реалноста е дека Никогаш не сме имале комплетно убав настап на евровизија. Аман веќе со луѓе како Григор Копров, Дарко Димитров и такви останати. На секоја втора година си се менуваат овие ваквите. А да, и не сме само ние зацрнети од овој човек. Пред некоја година Григор Копров ја упропасти и Црна Гора. И за нив правел песни Се разбира црногорецот тогаш заврши меѓу последните.
Придружните вокали на нашата песна со нивното играње потсетуваат на некое видео од Џими Кимел. Не знам кое точно беше, ама и Џенифер Лопез од ова не е многу далеку
Се знае дека Србија победи со намештаљка. Уште пред да се одржи таа Евровизија се пишуваше дека ќе им ја наместат победата, затоа шпто другата година ќе го изгубат Косово. И што се случи? Тоа што го кажуваа сите. Украина имаше подобра песна. Секој со својот вкус. Штом на Украина и дозволија да настапи со политичка песна во 2016 година, ништо не ме изненадува.
Настапов на ај ќју онака ништо посебно, Марија како да се бори воздух да земе испеа. Сега приметив блузана и прави како градите до пупак да и се. Гитаристот со неа ( не знам име) како избацен си цупка на страна безвезе...
Се е прашање на вкус , а не треба толку сериозно да се сфаќа Евровизијата сепак е за музика и забава. Дечките беа ок, им фалеше кореографија некоја ама тоа е , уште 8 други земји не влегоа, не може сите да влезат во финале, ама ние некако премногу сме критично настроени спрема нашите цело време. Забава е слушајте музика, гледајте смешки. Ние и да победиме некогаш, кај нас ќе биде евровизија за паметење, со технички проблеми, микрофони што не работат и што ли уште не
Мое мислење: Ај Кју имаат прекрасни песни, кои секогаш ми делат на радио од другите. Како можеа сега вакав песна? Ни рефрен, ни стил се познава. Не знам! Дечкото пее преубаво, зошто не пееше и тој? Знам ќе речете, ама другите да не беа поарни, ама политика, ама ова она. Тоа е точно, и јасно, не го оспорувам... Ама како Ај Кју самите си дозволија да испеат онаква песна? Дечките се феноменални, а ова не беше воопшто нивни стил.
Pesnata bese ok. Devojkava peese so nevidena trema. Neznam sto i bese. Uzas! Slabi back up vokali i nastap katastrofa.
Последен пат кога Македонија се пласираше во финале. Дали некогаш пак ќе отидеме во финале? Веќе и немаме кого да пратиме. Се разочарав од настапот.
јас и тогаш не бев во тек така да врска немам што се случило. не знам кога последно со ќејф сум ја гледала евровизија. Мислам дека беше кога победи марија шерифович.
Песната на Украина се однесуваше на народот во Кримеа, која беше анексирана од Русија. Апла политичка содржина во песната. А од ЕБУ тогаш изјавија дека нема ништо спорно. Свашта. Јас гледам Евровизија само за да видам кого ќе наместат да победи.
Интересно е што тогаш сме оделе на македонски јазик, а не на англиски. Ама мислам дека слабо инвестираме во сценскиот настап. Види ги другиве, цели шоуа прават на сцената, се спремаат на велико. Тоа и финансии бара. Кај нас спонзор е МТВ и они не можат да си дозволат толку. Едвај за пратечките вокали издвоија и тоа крај на Март им потврдија дека ќе идат.