Знам дека не требаше да учествуваме оваа година заради долгот што го имала МТВ кон ЕБУ. Треба и државата да инвестира. Калиопи имаше добар настап. Треба шоу на сцената. Секоја чест за Кипар. Песната не ми е нешто нај-нај, ама нстапот е феноменален. Исто и за Естонија. Еден од нашите подобри настапи.
уффф да, тоа е тој сценски настап. Колку само значи тој делот кај што пеачов ги грабна тапаните и вртењето на тие стапчињата околу пристите. А врв ми е кај што сите се вртат со раширени раце. Тоа е тој евровизиски момент што освојува гласови.
Wow, сум го заборавил ова. Колку е само преубава Каролина. Ја владее сцената под нозете. Секој детал испланиран, па дури и бакнежот. И нејзината насмевка на крај и иди после не гласај за неа хаха
Нашиве не знаат што да прават. Или ќе ја утнат песната, или ќе го утнат настапот. Што им требаше да го упропастат настапот на Елена. Да имаше убава кореографија, мислам дека подобро ќе се пласиравме. Тоше имаше убава кореографија, ама повеќе сакав да отиде со Далеку од мене. Следен пат ако праќаме некој, малку да подразмислат што ќе прават. Ова ти се вика настап
Ги изгледав настапиве од претходно, сум ги заборавила Ама забележав дека, и Каролина, и Мартин и Тоше имаат нешто што последниве неколку години нашиве претставници го немаат- самодоверба. Ја јадат сцената, опуштени се, движењата им се природни... Последниве години претставнициве се ко здрвени на сцена, неприродни
Mi go zede zborot Simonka. Uplaseni i vestacki deluvase vcera Marija od Eye cue. Cinis koj znae sto ke se sluci ako ne vleze u finale.
И јас го мислам истото. Немаше самодоверба. Како да беше исплашена. Јана беше подобра. За Калиопи и Владо немам зборови.
Белорусијаа Најубава песна ми беше, но настапот малку досаден. Ај Кју на сцената ми беа сосема во ред додека Марија не го соблече тоа розевото фустанче или што и да беше. Евровизија веќе не е интересен настан, нема ниту песни ниту настапи како некогаш. Сега изгледа како да е се колку да се помине редот.
Можеше некако да помине тоа плетеното што го носеше, ама на целиот настап му фалеше енергија, харизма, самодоверба, изгледа тремата си го направи своето...Чисто за споредба со претставничката на Кипар која ме потсети на Бијонсе или Џеј Ло. She owned the stage.
Меѓу полошите наши настапи. Песната може беше и океј, ама настапот преслаб. Пејачката како преплашена, здрвена, нула енергија. Не сфаќаат и не се ни трудат да научат нешто од поуспешните - кога ќе излезете на сцена треба да ја поседувате, не да се понаша изведувачот како да паднал од марс на бина. Споредете како се движеше таа од Кипар и колку до детаљ беше се синхронизирано. Кај нас израз на лице не смени девојката не пак за целокупна експресија. Дали трема дали неискуство појма немам ама крајно незрел настап. И се гледа од авион. Ако се плашите и немате самодоверба ич не одете. Настапот на Калиопи е пример за како изгледа и звучи некој што е сигурен во себе и знае што прави. За аутфитот пишав во друга тема уште пробите кога беа, прелошо. На толку критикување и посочување дека е грдо, несоодветно и евтино, ништо не сменија. Епа нека ви се смеат и у странство тоа е
Не е ни до песна ни до облека па ни до кореографија, искуство и самодоверба треба. Нашиве и оваа година и минатата пратија аматери кои сигурно настапуваат во кафулина пред нај многу 100 души,и наеднаш застануваат пред милионска публика и нормално ќе бидат ко изгубени, на Марија вчера гласот и трепереше ко да седи на машина пуштена на центрифуга и пее. Ги погледнав видеата по горе што се постирани на Каролина,Тоше,Владо па дури и Мартин професионалци се и пеат ко на шега и звучи и изгледа прекрасно и сето тоа благодарение на искуство, да не ја заборавиме и Калиопи.
А не е баш до искуството , лани Бугарчето имаше 16 години,па испеа топ и заврши 3 (мислам) Белгијанката исто лани имаше 17 години и таа беше во топ 10.
Бугаринот беше излезен од Икс Фактор во Бугарија и одма на Евровизија. И не е само тој. И многу други пејачи претходно имаат настапувано на музички шоуа, па настапот на Евровизија им е прв. Мислам дека на нашите им фали самодоверба. Треба да владеат на сцена. Тоше, Мартин, Каролина и Калиопи покажаа каков настап треба.
Точно е дека тој од екс-фактор право на евровизија појде, но него му беше 2 екс-фактор пред тоа се натпреварувал и на рускиот екс-фактор мислам и таму до финале дотуркал, сакам да кажам има богато искуство со натпреварување и со настапи на по голема сцена иако е по млад.
Со парите кои ги потрошиле за да одиме на Евровизија можеле да спасат барем еден млад живот . Се знае колку пари се потрошени ? Според мене тоа е попаметно отколку фрлање пари во ветер. Колку деца и млади луѓе чекаат да бидат оперирани? Можеби глупаво размислувам кој знае.
Е ајде де кажи им.. Барем да сме 4 5 место да има за што да се пријавуваме ова е како да буташ со глава во ѕид.