Кога ќе ми текне што циркузијада имавме минатата година, ова е премија Од лошополошо секоја година. Не ме тепајте прв пат ја слушав песната, текстот ужасен, пеењето ај некако, сцена нула, стајлинг испод нула, придружни вокали но, ноооо, ноу....Кратка хорор приказна. СледејЧи на реду друга година- Тамара или Тијана може Јас ќе типував на Хорхе, но не е во овој филм. Македонијо т.е македончиња имате ли АКАл со брукиве надвор???
Можеме да коментираме колку сакаме, ама господата од МТВ пак ќе си го прават тоа што го замислиле. Нема потреба од Евровизија. Со овој начин на гласање нема никогаш да влеземе во финале. Се е политика. Да имаме некаков успех, би разбрала што учествуваме. Криво ми е што Турција не учествува. Имаа добри настапи.
Чуден феномен сме ние на Евровизија.Абе во годината едно 10 пати подобри песни ќе излезат, а и самиве изведувачи имаат многу подобри песни, почнувајќи од Владо па до сега Ај кју и песна и настап секој просек па и подпросек, наместо да се потрудиме баш за Евровизија ама тоа ти е кога имаш организација 0. Чим еден Тоше не успеа барем во топ 10 да влезе и на финале се гледа како успех нема да не биде никогаш. А за победник типувам Израел 100%, заразна песна и што повеќе глупирање на сцена, тоа ти е формула за успех проверена а башка и глас има девојката грми, или евентуално Кипар може да изненади. Ми се свиѓаат песните на Србија и Грција, и онаа со операта Естонија мислам беше, враќаат во златните години на Евровизија башка што на мајчин јазик пеат тоа поштувам.
Јас сум тука. Досега ништо не ми остави некој посебен впечаток, сеуште Елени ми е број 1 . Едит: Што е со песната на Сан Марино? И текстот? Како од тие моќни цитати на интернет: "We are who we are and we are who we wanna be" (или како и да беше)
Само песната на Норвешка ми се допаѓа. Другиве катастрофа. И на Полска и Молдавија е убава. Го чекам настапот. Од првото полуфинале фаворити ми се Естонија и Кипар.
Не работат, јутуб линкот вели не е достапен во твојата држава а и Вип исто е само за Мкд. Сепал Фала ти
Кој од кој подосаден. Настапиве ко на Американски идол. Ништо не се случува. Мислам дека и организацијата годинава не е нешто нај. Австралија имаат секогаш убави песни, да видиме што ќе направат годинава.
Еден троа теткински муабет - овој Рибак ко времето да застанало за него бе Исто ми изгледа како кога победи само со многу послаба и клише песна... Многу слабо вечерва... Србија колку само беше катастрофа
Досадни песни, веќе слушнати мелодии. Настапот треба да биде пресуден, а некако многу пасивни кореографиите.
Србинот со крстот околу врат... А оваа од Австралија ептен лошо играње удри, па не и' ни одеше со фустанот. И тоа што викаше и ги тераше публиката да пее. Концерт.