Каков оргазам, од песниве евровизиски на мојов брк не му мрда а камоли друго а јас фрижидер станав...хахаха... Пс Сакав фригидна да пишам
Шведска беше добра т.е песната беше добра ми се допадна. И сега оваа последната беше добра, не знам на која земја беше.
Јас баш оваа вечер се нафатив да ја гледам, ќе заспијам кај и да е. Русинкава многу добра сцена ама песнава просек, овој од Украина од памет ме извади ДракулаЛатвиа фифти шејдс. Многу глупирања има годинава кокошки, вампири, металци уште струјава фалеше на Словенија
Не е веќе Евровизијата какп што беше знаеме сите. Ми си чини сега е како ради реда секоја година така. Нема некоја песна да ми влезе во уши да ја слушам цело време, да си ја потпевнувам. Знам многу одамна кога бев дете многу се слушаа песните, беше по актуелна Евровизијата, како што ме држи помтењето мислам така беше.
Имам некое претчувство дека Словенија ќе се пласира. Во вторникот погодив 6/10. Криво ми е за Белорусија. Сега читав на интернет. Кипар е фаворит, на второ место Израел, на трето Франција. Не верувам дека Кипар ќе победи.
Од 2013 па навака, Евровизија е ужас. Се губи квалитетот на песните. Последниве 5 години Србија има ужасни песни.