@Doozy песната е солидна, ама настапот беше ужас. Колку пари, толку музика. Вчера читав изјава од шефицата на нашата делегација. Се жали дека немале пари. Па ако немаат пари, зошто воопшто одат на Евровизија? И второ. Ако се промовира македонската музика, песните нека ги пеат на македонски. На интернет има доста негативни коментари за песната на Србија, а изненадувачки за Полска. Очекував да влезат во финале. Вчерашната прогноза 7/10. Се е прашање на вкус, ама песната на Србија не ми се допаѓа. Лани имаа подобра песна. Убаво направија Словените што решија да играат на таа карта, т.е. да направат шоу. Тоа пали кај публиката и жирито. А Словенија беше аутсајдер.
Што е толку убаво во настапов, се гледа и тука дека нема глас и дека не доловува висини како треба. Може за потивки песни вака во акустична верзија пред мала група на луѓе да е ок, за повеќе нема капацитет.
Прво и основно никогаш до сега не сме пратиле квалитетна песна, да имало таква, можеби не би се пласирале заради политика или лгбт лоби, ама од јавноста сигурно би биле забележани, запамтени и позитивно критикувани. Ние секогаш праќаме булшит песни и организација помножена со нула. Ако немаат доволно пари поубаво нека не се брукаат, нека не го тошат и тој мал буџет на с....ња, нека го пренасочат за нешто друго попродуктивно, на пример снимање некоја добра мак. серија, да одмориме глава од турски будалештини. Ова настап е? Јана лани на што личеше? Ѓоко Танески, Влатко, Тијана, Некст тајм чиста нула! Калиопи има песништа, за ова не знаеше да одбере песна како што треба! Тоше , пеач над пеачите , со песни над песните, го упропастија! Каролина, чист промашај! Ххл не ни сакам да ги коментирам. Не е до другите, до нас е што праќаме булшит и воопшто што учествуваме познавајќи го квалитетот и можностите. Србија пратија квалитетни пеачи ди добија квалитетен пласман, сега праќаат ојлевци дојлевци и тие се пласираат бетер од нас. Тука не смее да има ни просек, мора да се дава максимум, цела јавност следи евровизија, доста се глупираме и играат ташакот со нас! И овие пеачи што се нафаќаат да одат, со кој памет го прават тоа, не ли знаат да препознаат лоша песна, лоша организација, лош стајлинг и.т.н. Се било до креаторите, како па да не, ами зошто не ја натераа МАРИЈА Шерифовиќ да облече фустан? Секој пеач мора да даде свој печат во стајлингот, подобро не одам на евровизија , отколку да ме споредуваат со вреќа компири! НЕМАМЕ ЕСТРАДА , нити композитори нити организатори ЗА ЖАЛ! За крај : КВАЛИТЕТОТ НЕ МОЖЕ, А ДА НЕ БИДЕ ЗАБЕЛЕЖАН И ВРЕДНУВАН ОД ПУБЛИКАТА И ЈАВНОСТА!
Не знам дали некој од вас бил на свирка на eye cue, јас сум била неколкупати и секогаш го имам истиот впечаток, девојката е многу... статична. Не игра, не се движи, така што дефинитивно не била кореографијата за неа, и не гледам зошто би одбрале таква, не дека беше нешто посебно. А вака песната, и мене ми се допаѓа, мислам дека општиот впечаток беше лош...
Девојката е просечна , може и некој левел испод просек, не е грда, но нема харизма, нема сексипил, нема нешто со што би привлекла внимание и нешто што би натерала некој да ја слуша, а ако не друго да ја гледа. Просек не поминува ни на Звезде Гранда, камоли на Евровизија!
Потполно се согласувам. Уште во спотот се гледа дека потезите и се како со сила, како против нејзина волја да е испратена на евровизија, никаков труд не е вложен. Настапот исто, ради-реда, ко на заебанција да беа пуштени таму. А имаа време три месеци за да се спремат. Лани, исто. Настапот на Јана, тоа мавтањето со рацете, како 5 годишно девојче кога игра пред огледало. Катастрофа. Ако веќе одиш на евровизија, дај се од себе, сепак претставуваш држава. Или воопшто не оди. Стојам на тоа дека Анета да беше, подобро ќе не претставеше. Можеби пак немаше да влеземе во финале ама немаше да бидеме вака исмевани од цел свет.
Во колку почнуваат вечер, во 9? Немам некој ептен фаворит, ми се допаднаа повеќе песни ама не знам колку би можел некој од нив да биде победник.
Не верувам. Мислам дека ни Израел нема да победи. Естонија, Германија или Франција. Такво претчувство имам. Гласовите од публиката никогаш не се мерило. Лани Италијанецот беше прв според гласовите, а во финалето беше 6ти. Не ме чуди и оваа година да има изненадување.
Јас мислам дека Кипар ќе победи . Девојката е лудница, не како нашава, еден потег направи на сцена и тој го упропасти. Ова е пример за изведувач што носи ѕвезда во себе, зрачи од харизма и сексипил.
На 3-то место во кладилниците скокнала Ирска, whoa Со повеќе слушања, сè повеќе ми се допаѓа песничево. И Франција е прекрасна, емотивна приказна има песната, а и убава мелодија. Само Израел да не победи од тие што се највисоко котирани, стварно не заслужува меѓу вакви солидни песни Многу непредвидлива Евровизија годинава, мислам дека ќе има изненадувања