Не можам да кажам дека не беше очекувано но искрено се понадевав дека Австрија ќе победи, па и за Кипар и Шведска ќе ми беше мило иако не ми беа ништо посебно, туку нешто веќе видено. Израел, но, но, но. Не знам што толку гледаат во Израелската песна, можеби е и до мене што многу мразам такви глупости и циркузи. Од толку убави песни како на Австрија, Ирска, Бугарија, Германија, Франција, Италија најдоа за Ирска да гласат.
Ако се спореди со полуфиналето донекаде сме се поправиле и на Кипар му дадовме 10 поени но на Израел само 1. Во финалето сме се поправиле па па одеднаш на жирито најубави песни им биле 1.Естонија 12 бода (во полуфинале сме им дале 4 поени) 2. Кипар 10 поени. (во полуфинале жсме им дале 3 поени) што е во ред со гласаање на жирито. но на победникот Израел само 1 поен. Друго за утеха е што на Албанија нашево жири не им дале 12 бода Од телеволтинг во финале сме гласале Албанија 12,Србија 10 а Кипар 8 поени, додека Израел само 3 бода. Инаку жирито во Србија е тотално неписмено. На Израел му дадоа само 2 поени а на Кипар ниту еден бод. Кои комедии им е жирито. Вкус голема 0. Веројатно на некои чистачи од Ртс им дале да бидат жири. И нешто интересно. Во полуфинале од Грчкото жири сме добиле 3 поени, дури и на ваква лоша песна Од телеволтинг имаме само 6 поени, Ужасен резултат на нашите Победникот Израел има осум 12ки, додека Кипар само три 12ки од телеволтингот. а исто толку има и петата Италија. трето пласираната Австрија нема ниту една 12ка од телеволтингот. Ние немаме ниту еден поен дадено на Австрија во финалето (ниту жири, ниту телеволтинг) Друго интересен факт е дека Србија има повеќе поени собрано од телеволтинг од Австрија За тоа дека Шведска беше слаба вечерва е фактот што и дури при осум 12ки од жири, од телеволтингот доби само 21 бод, а не доби ниту една 8,10 или 12 поени од никого. На крај девето пласираната Данска доби дури три 12 ки од телеволтинг исто како и Кипар и Италија, но лошите резултати од гласовите на жирито им го расипаа пласманот
Елени држи подобра фигура од Бијонсе И се извинувам во случај да сум повторила поназад во коментарите нешто што друг член веќе напишал, ама навистина не ги читав сите.
Песнава на Израел беше добра, поинаква, интересна. Ама ми се превртува стомак кога ке помислам дека е на Израел и наредна година таму ке се одржува настанов. Ама thank god Шведска не победи. Толку ме иритираше пејачот и целиот настап i can't even. Мој фаворит? Словенија, Молдавија и Кипар. Молдавија очигледно си го завршила домашното на време и знае што е Евровизија и каква песна и настап се бара. Браво. Да не се мешам во туѓи мислења ама гледам во темава има некои желби да победат yet again просечни балади со здодевен настап. Guys. No.
Гермaнијa и Изреaлкaвa ми беa фaвoрити. Тoтaлнo рaзлични песни и нaстaпи oд двaјцaтa aмa зa мене oк. Зaслуженo.
Јас се надевав Словенија ќе биде во првите 3 и дека Австрија ќе победи, сакав Италија ама јасно ми е дека се слаби политички па ќе си почекат за победа. А не ми е јасно како може да гласат на Евровизија за Бијонсето страшна у фаца досадниот Џастин Тимберлејк, Мик Џегер,успивачките Норвешка и Шпанија. Но вкусови се во прашање. Уште некој Еминем да го имитираше супер. Пејачот од Данска права траума. Коментаторот на германска програма за фустанот на острелиската пејачка кажа делчето што и се мааше може да се употреби да се завитка божиќен подарок Наците гледаат се да се искористи шо знаат од мода
Преубава песна, прекрасен текст и порака, мелодија што ти останува во уво.. Облека, изведба и сцена од мене 10+, едноставно а ефектно. Дефинитивно ќе стане хит и ќе се слуша и понатаму после Евровизијава.
Не ми се допадна песната на Израел ниту пак настапот. Според мене не заслужуваше да победи. Фаворит ми беше Германија.
Оваа година имаше многу убави песни што ми се допаднаа: Германија, Украина, Унгарија, Норвешка, Шведска, Италија, Австрија, Чешка.. Како можеше Израел да победи и нејзинана идиотска фаца
Чудно во овогодишната победа е тоа што е против мажите?Или мене ми се причинува.И додека денеска сите се бореме за феминизамот како да ги забораават мажите,па им посветуваат вакви песни и стихови.You stupid boy.Ја сфаќам содржината,да.Жената не е играчка па да си игра со него,но ако си жена не ти дава право да го потценуваш машкиот пол.Никогаш не ми се допаѓале,а и нема вакви песни.Потценување на еден за друг да дојде на пиедестал. Ree, ouch, hey, hm, la Ree, ouch, hey, hm, la Ree, ouch, hey, hm, la Ree, ouch, hey, hm, la Ree, ouch, hey, hm, la Ree, ouch, hey, hm, la Што текст ќе беше?Жива катастрофа.А,мислам и дека со жирито ова е глупост.Дефинитивно Евровизија не е тоа што беше.Сега е Куповизија.Ние како помали едвај чекавме Евровизија,па сите се радувавме,песни режевме на це де.Но,тоа беше квалитет,а сега глупости.
Многу убава песната, ама оној ден кај што повртараат 'ко ненормални "merci merci" ми го расипа ефектот на цела песна Ма е. Се вртат коментари демек дека имала битна порака песната, само презентирана на друг начин. Немој да ме јебеш бе
Хахаха јас се смеев на бомбониерата "merci", а тоа со рацете не ми сметаше, баш напротив и јас правев исто ко нив
Евровизија уште одамна е едно големо го*но од настан и факт е дека колку поглуп настап има некој толку повеќе шанси има за победа. Ако некој настап е поразличен од останатите не значи дека заслужува победа само заради различноста. Македонија нема ни потреба да се пријавува за на Евровизија ама ние нели одиме со мотото дека битно е да се учествува. Очигледно битно е секоја година се тие пак тие да одат и да си шетаат на туѓа сметка. Не дека песните ни се толку лоши за секоја година ниту во финале да не влеземе ама политиката и таму си го прави своето. Еднаш барем да постигневме некој успех, немора победа ама барем да се пласираме во првите десет ако ништо друго.
И мене не ми сметаше делот со рацете, ама тој дел привлекува најголемо внимание со песната, и луѓето целосно им го забораваат остатокот кој има многу поголема уметничка вредност. За многу луѓе песната на Франција остана милион пати повторено "merci" затоа што тоа им е најпевливиот дел. И за мене исто, затоа што работев нешто на страна, додека не ја преслушав пак не можев да и доделам никаква вредност на песната.