А што има тоа врска,се кладам дека пола од филмовите што ги гледаш и песните што ги слушаш се од америчка продукција,токму тие што го тероризираат цел свет па никому ништо.
Израел го хејтаат како држава ради ужасната политичка ситуација, со бомбардирања на невини луѓе, посебно конфликтот со Палестина. Ерусалим е жариште на немири, а девојкава по победата, како што кажав, уште и изјави дека баш таму ќе ја оддржат Евровизијата во 2019. Вчера на твитер и јас прочитав дека лично пејачката била во војска за време на масакрот, ама реков да не мешам политика... Иначе на јутјуб рекорди руши, уште малку дупло дислајкови од лајкови, во првите коментари еден позитивен не најдов. Ни Џамала со политичката песна за Крим не беше до волку Не ќе да е случајно и само празно хејтање.
Песната е за факбојс. Не е песна со длабока порака за женската еманципација како што ја рекламираа (ова е делот што ме иритира, што им успеа) ниту пак песна за омаложување на машките. Исто како три чаше да се прогласи за феминистичка песна. Или кило горе кило доле. Или уно моменто. Одприлика за истите работи се зборуба.Само за последниве песни не ми испаѓаа реклами на фезбук дека биле феминистички и за metoo движењето. That being said, евровизија нема да биде интересна ако нема вакви песни, туку само балади со длабоки текстови за мир во светот. Интересна е за разбивање момотонија, ама дефинитивно не е за прво место. Дали само мене едитирањето на настапите не ми беше некако во ред? Приметив и кај нашата и кај израелската песна, на почетокот некако премногу брзо и неприродно се менуваа камерите од којшто беа снимани изведбите. Кај Чешка ми дојде некако глупо кога почна flossира, дури и ранче носеше.. Не знам точно да се изразам на македонски, flossing е танцот кај што ги мрдаше колковите лево десно и мрдаше со рацете, што стана популарен на интернет благодарение на едно дете во 2017 и сега е популарен поради играта Fortnite.. Фактички исто е како да почнеше да игра како Psy во Gagnam style.
Уопште не ми се свиѓа Израел. Не гледав ама ја знаев песнава. Одамна ова Евровизија ми стана глупост во боја. Едино Кипар ми се свиѓаше, баш певлива, убава песна, а и кореографија и стајлинг беа топ.
Кажав и јас. Ептен сиромашно за очи годинава од аспект на сцена. Освен Шведска, кај сите беше те истиот редослед на движењето на камерата. Од лево, од десно, право, од горе и пак исто во круг. А Израел ко што знам не ни спаѓа во Европа.
Интересно е што на Евровизија треба да се глупираш за да победиш или за да освоиш висок пласман. Оваа кокодакаше, лани Португалецот изведуваше нешто со рацете, Украинката во 2016 се лигавеше на сцена. Во 2014 да не беше Кончита тоа што е, немаше да победи. Во 2006 победија чудовиштата Лорди. И да не набројувам. Не се цени квалитетот на песната.
Нема врска, види Чешка на пример, види Италија... Мислам дека и камерата си ја дефнира државата, ако не знаат да кажат како - овие исто ќе си снимаат за сите
Има врска. На секоја Евровизија работат различни луѓе и не секоја држава го поседува истиот квалитет и тоа може лесно да се забележи. На настапот на Кипар, се гледаше апла тоа оганот дека оди пред неа што мене ми делуваше ептен аматерски, дали било намерно или не. А настапите ко на Италија, Азербејџан и слично ги гледаме веќе секоја година од победата на Манс, така да, ништо ново.
Сигурно Австралија плаќа за да учествува. И оваа година и лани, жирито и дава гласови, а од телевоутинг слабо. Во полуфинале сме добиле 6 поени од телевоутинг - 5 од Бугарија и 1 од Хрватска. Од жири 18 поени - 8 од Албанија, 6 од Азербејџан, 3 од Грција и 1 од Израел. Катастрофа.
затоа ние не можеме ни до финале да стигнеме. Немаме талент за глупиранција. Евровизијава очигледно стана циркуз.
Кече, искрено пошто не следам Евровизија којзнае колку години наназад, годинава кога гледав ми се чинеше како да е најдоброто шоу ever.
По мене, најдобрата Евровизија. изминативе неколку години, ко што кажав наназад, таа во 2015. И да не испланирале некое посебно движење на камерата вклучено во настапот, се гледа дека снимаат со повеќе од две камери и со тоа дава многу побогат визуелен впечаток. А за сцената да не зборам.
И од наредната година Јуровижн стана за никаде. Криво ми е што тогаш ги поткрадоа Италијанците, за да победи Шведска. Имаа најмногу поени од телевоутинг. А мислам дека и Кипар е оштетен оваа година. Во полуфиналето прв, а Израел четврт. Чудно беше гласањето во финалето. Апла политика. Со оглед на ситуацијата во Израел, не знам дали ќе има откажувања од Јуровижн другата година. Јана имаше подобар пласман. Беше на 15то место со 69 поени. Нашиве треба да подразмислат што прават.
Идеме кај Исус Туку гласањево скроз конфузно.Македонија даде 12 поени на Естонија, јас го гледав гласањето но на Фемина страната пишува други податоци и од телевоутинг и од жири (мислам Албанија и Бугарија дека добиле од нас 12ка) ? Како?
Добро е што дадовме 12 поени на Естонија. Гласовите од телевоутинг. 12 за Албанија 10 за Србија 8 за Кипар 7 за Бугарија 6 за Италија 5 за Чешка 4 за Украина 3 за Израел 2 за Словенија 1 за Молдавија Чудно гласање и од другите држави.