Мене најубава ми беше песната на Франција, ја слушнав прв пат на финалето и ми постојано си ја пејам од тогаш. Не требаше да победи Израел, ама од старт важеше за апсолутен фаворит (а стварно не знам зошто). На Кипар пејачката Бијонсе за сиромашни, или Бијонсе кога ќе ја нарачаш од Али Експрес
Прочитав на интернет дека некои држави планираат да ја бојкотираат наредната Евровизија. Биле против што ќе се одржува во Израел. Уште се чудам како можеше да победи таа песна.
Уште еден интересен факт поврзан со Израел. Во 2005 на Евровизија требаше да дебитира Либан, ама од Израел се заканија дека нема да учествуваат и дека ќе ја повлечат апликацијата од ЕБУ. Па сега вие видете.
Јас сепак мислам дека евровизијата ќе се одржи во Израел,нема да има некои измени...иако од небо се гледаше дека ова е местенка.Катастрофа.
Не да е местенка. Ова е местенка над местенките. И јас мислам дека Евровизија ќе се одржи во Израел. Само уште не се знае колку држави ќе учествуваат. Квалитет веќе нема на Евровизија. Следната година да го пратиме Боки 13. Гарант ќе собереме гласови.
Не ти е лошо ова за Боки 13,како што гледам победуваат се некој што делат од другите песни.Јас мислам да испратиме некој таленти од емисијата на Драган Вучуќ,ќе бидиме барем во топ 5
Во 2008 Боки 13, Биг Мама и Ферус беа дисквалификувани. А зошто? За да го пратат на Евровизија Гаџа и компанија. А гарант они ќе направеа успех. На Евровизија треба да си интересен.
Важно ние не се вративме со празни раце. Не е за смеење, ама таа од Израел кога ја гледам ми се . Толку антипатичен лик и кокошкин настап, па ајде ние до година да бидеме гуски или шатки,повеќе ќе успееме.
Стварно зошто нив не ги пратија,ќе направеа нешто повеќе секако.Абе ќути..замисли да победиме,циркуснема кај да ја одржиме манифестацијата,ќе треба да биде во градски парк на школка
Сите што правеа циркус на сцена, високо се пласираа. Некои дури и победија. На пример, Израелкава, во 2014 Кончита Вурст (Австрија), во 2006 Лорди (Финска). Во 2007 Верка Сердучка (Украина) беше втор. Во 2005 Молдавија беше трета. Сигурно ја памтите бабата што чукаше на тапани. Во 2003 лезбејкине од Тату беа трети.
Не знаеме дека постои тој збор уствари...Се надевам додека сме ние живи еднаш ќе победиме.Освен ако не ја укинат.
Не се нормални стварно.Оваа година какви песни имаше ејјј,ама џабе е на кој да му кажеш.Значи за следната година да се спремиме да видиме нешто што го немаме видено до сега.А верувам дека прават мучки и со тоа гласањето преку телефон.Какви се тие 250 гласа што одат на едно место.Следната година нека го стават онлајн да се следни гласањето преку телефон,не бива иначе.