Ако така се правеле мучки сите ќе се бунеа. Заслужена си е победата на Израел. Уште пред самиот почеток на евровизија важеше за голем фаворит. Тие 250 бода или колку и да се бода од телевoлтинг се од вкупниот број на гласовите на сите земји. Овој Метод кој што сега се користи на евровизија 50 жири 50 публика е по шведскиот метод на мелодифестивален кој се смета за најквалитетен. Што се однесува до Евровизија, таа никогаш немала подобар метод од овој сега. Се е јавно обелоденето. Кој на кого дал и од телеволтинг и од жири. Израел во финале од телеволтинг има осум 12ки Што е далеку повеќе од Кипар кој има само 3. Можам да речам само дека жирито глобално со исклучок на неколку земји гласаше ептен лошо, но затоа на крајот телеволтингот ги исправи работите. Шведска која од жирито ја одбраа како најдобра, Од телеволтинг беше една од најспабите па зема само 21 бод/ Според мене ова беше најдобра евровизија до сега со голем број на квалитетни песни.и квалитетен избор и гласање Израел мислам дека малку и лобирал, што и не е забрането. Но во секој случај годинава победи супер песна,
Баш дека е заслужена сакаат да ги бојкотираат. Четири држави најверојатно нема да одат на Евровизија другата година. И гласовите ги местат. Во полуфинале четврти, а во финале први? Чудна работа. Имаше далеку подобри песни. Организацијата слабо. Очекував повеќе. Водителките не ги биваше.
Не сум грешка. Четврти беа според гласовите од телевоутинг. Како што ги зафркнаа Италијанците во 2015, така оваа година го зезнаа Кипар. Што е следно другата година?
пред малку случајно ја слушнав и гледав песнава. Ми се чини дека подобар настап сме немале а богами и песна. Сеуште се ежам ко ќе ја слушам
Не ми се верува дека исчитав над 20 страни од темава една година од завршување на Евровизија, шо ми е. И секако очекуваното за Нета: грда, ненормална, кокошка, мажомрзачка и не знам што, почнувајќи од навреди до неразбирање на пораката на песната само пошо „кокодакала“. Па мислам, реално истава порака да ја имаше со балада, немаше да победи, досадна ќе беше. Моментот кога излезе песната на Израел ми беше чудна, ја преслушав 3 пати и знаев дека ќе е во топ 3 и после ми стана фаворит за победа, плус маж сум и феминист сум, ваљда нема сам себе да се мразам а уште помалку се осеќам навреден шо рекла stupid BOY а не генерално за машката популација Инаку, за прв пат влегов во обложувалница лани и напишав ливче дека Израел ќе победи, си фатив некој денар. Македонија, нели ко и секад неупатена во светските дешавки на победничката песна 2 поена дава Инаку, fun fact: песната на Нета е најгледана, најлајкувана (и најдислајкувана) песна во историјата на Евровизија, додека во успешност на топ музички листи е втора, дури стигна на врв на некои charts во Америка, ја пуштаа и на Times Square во Њујорк. Најуспешна песна на charts во историјата на Евровизија е Euphoria од Loreen.