Колку јаки настапи и сценографии има вечерва, да ти е мерак да гледаш Па и колку самоуверено настапуваат другиве, не им се осеќа ни трема, ни ништо. Одамна немам вака седнато асално да гледам Евровизија, особено не полуфиналниве вечери, ама годинава решив да ги изгледам. Денеска ги преслушав сите, имам фаворити веќе.
Мислев сакото е грдо ама потоа се појави џемперчето од баба валјда поклон, плетено ко за себе Мене Бугарија ми се сфиѓаше ама искрено не ни ги слушам другиве, досадно ми е :/
На Грција не ми се допаѓа песнава воопшто порано каде каде подобри им беа песните.. фаворити мене ми се Кипар и Естонија
Овој на Ирска изгледа сака да биде Сем Смит кога ќе порасне. Некако во негов стил малку. Убав настап имаа сепак. Ајде да видиме што нуди Кипар.
Баш Евровизиска песна оваа на Кипар. Настап, глас, стас, мислам дека ќе земе добро место. И певлива е песната, за разлика од некои други.
Кипар уште прв пат кога ја слушнав на радио ми фати уво а не знаев ни дека е евровизиска. Супер песна, настап светски фаворит ми се!