Тука некои почнаа да коментираат за "маживе" и се посегна темава. Јас пак ќе кажам дајте да ги видиме вашите мажиЊА какви се.
Војната со другарките од темава настрана, годинава Евровизија целокупно ми е ептен врв. Огромна конкуренција, одлична организација. Ептен забавно. Очекував да ја покакаат оти имаа миљон технички проблеми низ пробите ама ова ептен врв испадна.
Евровизијата од секогаш била синоним за обединување. Како се менува глобалното општество, така се зголемува и бројот на заедници кои се вкллучуваат. Нема ништо лошо во диверзивноста... Напротив, тоа е убавината на човештвото. Само треба време за да се сфатат некои работи...
Во некој паралелен универзум или икс години во минатото, се замислувал како рикам за невозвратена љубов додека го сталкам некој рандом лик на фб, и ја слушам словенкава.