ќе плачам значи. не очекував нешто од нас, супер ни е 8ма позиција, ама Холандија да победи, а не Италија?? каков меден е Махмуд и песната ми е во глава со денови
А што е со Сан Марино и Турците? Воопшто не сум упетена околу државичево. Ако не е евровизија заборавам и дека постои
Ужасни се коментариве на фејс. Инфомакс поготово. Зар не можат луѓево да се опуштат и да следат музички настан без да дробат политики.
Леле кој факен гласал за Словенија тие 2 поени по арно да ги дале на Сан Марино, ако ништо друго барем мрдаше човекот, другиве двајца од Словенија изгледа хај беа
А, ние многу лошо вративме на Србија. Барем 5 поени да и дадевме ако не друго, ако не па Дарко Димитров е аранжер на песната на Србија
Србинката пееше ептен јако и не ми е јасно зошто не и дале ни еден поен од жирито. Италијанската песна беше врв и заслужено си доби 12
Јас пак мислам дека ако професионалци се во жири не треба да даваат гласови по комшиска линија. Па не беше убава песната на Србија,зошто да правиме пазарлук? Инаку малоумниците од Исланд можат да јадат затвор сега, биле претходно предупредени од главниот на еуросонг да не прават скандали.
Имаат на страната напишано. Првите 10 места се собираат, значи во колку земји имаш 12 поени, толку повеќе бодови добиваш. Можеш и 0 нели, ако никој не гласа за тебе, како што беше со Германија, во ни една земја не стигнале ни во топ 10 за макар 1 бод да добијат. 26 учесници има, а секоја земја дава гласови за 10. Значи ако Македонија некаде била на 11то место, фактички 0 бодови добива од телевотинг. Најпросто е на сликата што ја ставиле прикажано, ете во Србија најмногу за нас гласале, т.е. сме добиле 12 поени, без оглед дали 50 или 5 000 луѓе гласале. Едноставно најмногу сме добиле гласови. Холандија во најмногу земји добила најмногу гласови и така. На крај од сите земји собираат бодови од телевотинг, исто се, 1-12, без 9ка и 11ка
И да, можете исполитизирано да јадете му*а ос лабуда, луѓето како си гласале е нивно, не можам јас на Албанциве во Македонија што гласале за Албанија да им кажам - немојте. Луѓето секогаш и секаде и за се' пристрасно гласаат. Со поени од стручно жири таман сме, не ми е по ќеиф Шведска, ама - не сум стручна Јас најпристрасно ако гласав ќе гласав за Србија, Швајцарија или Шпанија, очигледно немаше да се согласам ни со стручно жири ни со други гласачи
И јас се чудам. 10 роднини и уште 5-6 пријатели имам во Германија. Едните се слушнав гласале со максимум 20 пораки. Од кај мајка ми населбата исто има најмалку 50 - 60 луѓе кои се во Германија. Но и покрај толку многу луѓе, голем дел од нашиве се изгледа скржави за неколку пораки. Секоја чест за албанците од Швајцарија, Италија па и Македонија. Секоја година традиционално си гласаат масовно во голем број. Незнам дали навистина има толку албанци или луѓево толку си ја сакаат татковината. Но вака испаѓа дека албанциве се најбројна нација во Швајцарија и Италија. Нашиве од Италија, Германија и Австралија никаде ги нема. Италија имаме 10000 Македонци само во 2 града Алба и Канели. Секој да пуштел по една порака 10000 гласа ќе имавме. Особено што 6 години не немаше во финале, годинава требаше повеќе да се ангажираат нашиве од дијаспората и да гласаат.
Од Германија имаме 0 оти не сме биле во топ 11 гласани држави од нив. И да сме имале 100 гласа џабе оти на пример 11 најгласан имал 200 а над 11 сите добиваат 0. Очигледно дијаспорците таму ко и во Острелија спиеле
Организацијата на Израел беше нешто најдобро до сега. Спектакл прав. Според мене многу убави песни , и за првпат од кога пратам евровизија конкуренција огромна. Сите земји посветиле многу внимание и се потрудиле. Ако на тоа се додаде дека бевме први во голем дел од гласањето беше стварно возбудлива вечер. Досега резултатски бевме бледа сенка и едвај се искачувавме во првиот дел од табелата. Вечерва Ми се допадна Тамара и на двата настапи, особено во финалето. Од песна што небеше нешто посебно на почетокот, успеаа да ги исфрлат лошите елементи и да склопат набрзина квалитетно и убаво парче. Мислам дека тимот таму даде се од себе, и на крај одлично не претстави Тамара во Израел 2 место во полуфинале е одличен резултат. но и 8 место во финале е супер пласман. Затаи гласот на нашите од дијаспората со што ќе имавме сигурно подобар пласман. Според мене Мислам дека најреална Евровизија од резултатски аспект досега. ПоОние што ми беа најубави влегоа во финале, и таму високо котираа. Холандија навистина заслужи да победи, бидејќи песната имаше и приказна, но и квалитет уште кога ја слушнав од прво слушање. Единствено кога би се прашувал јас би ги заменил само местата на Швајцарија и Норвешка на второ место, а Италија и Русија на 4-5 место некаде. Не дека не ми се допаѓа Италија, туку сметам дека многу повеќе вложија Норвешка и Швајцарија На крај сумирано највозбудлива и најреална евровизија до сега, Ах да. Ќе си го пуштам гласањево, да го гледам уште неколку пати на Youtube сигурно