1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2019

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 25 февруари 2019.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ке и порасне цена на Тамара на Европско ниво,ова што таа направи никој не направи,браво и честитки за неа.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како се собираат гласовите од луѓето што гласаат?
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Нa ист принцип се пoените и oд жири и oд публикa. Не ми се верувa декa oд жири 230 oтприликa a oд телевoутинг 50 и нештo. 12ки имa Мaкедoнијa oд Србијa и Слoвенијa штo знaчи 24 сaмo oд нив две, a другите 30тинa пoени oд oстaнaтите 39? држaви штo е мнoгу мaлку.
    @lunicka Акo вo Србијa пример нaјмнoгу глaсoви имa зa Мк и дaвaaт 12 пoени, втoрaтa дoбивa 10 и тaкa дo 1.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Последниот коментар од мене на темава, да си ги искажам последните мисли.
    Евровизија не сум гледала одамна. Годинава активно ги испратив и втората полуфинална вечер и финалево.

    Во поглед на организација стварно беше топ организирано. Забавно за гледање, а особено оној ревијалниот дел воопшто не беше здодевен. Израелците работата си ја завршиле беспрекорно добро.

    За Холандија, мислам дека заслужено си победи. Ми беше и еден од фаворитите.

    За Македонија, сега ги погледнав резултатите. Од гласови од жирито ние сме победници и во полуфиналето и во финалето. Со резултатот треба да бидеме задоволни, иако реално заслужувавме барем топ 5. Тамара успеа да ни ги затне устите на сите што не ја сакавме, достоинствено и за пример ја претстави нашата земја.

    Сакам да напоменам дека во поглед на гласањето, нашето жири можело барем по некој поен да им даде на Србија и Словенија, па и Хрватска во полуфиналето, јер ипак бевме една земја, а песните воопшто не им беа лоши. Многу сме контрадикторни во тој поглед, бараме поени од Словенија, а воопшто не им дадовме ние. Ама мислам дека кон Србите излеговме најголеми ѓубриња.

    И така сума сумарум тоа е се што имам да кажам. Ако ништо друго барем светот ни го запамети новото име. Доволен број пати беше кажано, а ние успеавме да се израдуваме.

    И навивам наредната година Влатко Лозановски да го пуштат сам на Евровизија.
     
    На Purplelilac, Oxymoron и referentka им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Ова излага дека жири џабе оценило.
    И онака народ ќе реши кој да е прв.
     
    На cresa-jagoda и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Машки
    Народот е во право и кога греши. - Б. Ц.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Не е џaбе, исти пoени се дaвaaт и oд публикa и oд жири, сaмo штo кaј телевoутингoт беa сoбрaни нa крaј. Нa пример дa дaвaa првo глaсoви oд телевoутинг првo, Мк ќе беше некaде нa пoследните местa сo 50 и нештo пoени и нa крaј ќе рипнеше нa 8мo местo сo пoените oд жиритo.
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, TheGoldenPeach и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.237
    Пол:
    Женски
    А зашо се мислев дека Германија 12 ни даде??
     
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    И јас мислев дека е така. Ама кога размислив мислам дека е океј. Секоја земја ги групира поените од 1 до 12 и ги распределува. Се сумираат поените и врз основа на тоа сме ги добиле тие 58 поени. Иако првично мислев дека не е можно, сеа мислам дека е реално и вистинито. Ама сепак, повозбудливо ќе беше прво да ги соопштат поените од телевоутинг, а после од жирито.
     
  10. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Vaka da vi kazam ne pratam mn evrovizija, poslednive nekolku godini ama sakam da kazam deka godinava se bese okey od stranata na tamara, dobra pesna, dobar nastap i se drugo ama sepak mislam deka zad voa stoi golema politika toa nemoze nekoj da me ubedi deka ne e taka
     
    На Justicija и Ana.brojka им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    0 oд Гермaнијa
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Ок другари, беше шо беше, него кажете, дочек ќе се прави ли? :D
     
    На cresa-jagoda, Ketchup и Roxy1991 им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    Евровизија не ја гледам одамна, па да бидам искрена, немав поим дека гласаат и жири и публика од секоја земја. Затоа и се изненадив вчера кога после гласањето од жирито кажаа за телевоутинг, а дотогаш мислев дека тие гласови и поени што ги добивме се баш од европската публика. И сфатив дека она што го имаме, е квалитетен вокал, солидна песна и добар настап. Ама не беше доволно да ги освои Европејците, како што тоа го направи Данкан Лоренс на пример.

    Јас лично немав фаворити, ми се допадна како пееше Тамара, имаше одличен перформанс иако за нијанса полошо од полуфиналната изведба. Некако во полуфиналето повеќе ми се допадна како испеа (не ме тепајте). Ми се допадна и холандската песна, Чесите ми беа ептен интересни, италијанската песна исто ми се допадна, друг никој посебно не ми остави впечаток. Дури и Мадона потфрли :D Да бидам искрена, немаше песна што посебно се издвојува годинава.

    Организацијата беше одлична, се внимавало на секој можен детаљ, што ми се допадна. Евровизија е манифестација која ги слави различностите, ама мислам дека малку повеќе се претерува со таа различност, толку многу се потенцира, што некои стигнаа и до правење циркуси и глупирање на сцена, само за да освојат што повеќе симпатии од публиката. Дури и многумина се прават дека се нешто што не се, само ете, за да бидат поразлични, оти тоа е она што се бара. Мило ми е што победи пејач кој не изигруваше кловн, туку имаше сосема едноставен настап, што ми дава надеж дека сепак музиката е она што е најбитно и она што навистина се цени.

    За Тамара само ќе кажам секоја чест. Се надевавме на добар пласман, добивме екстра возбуда :D Осмото место е сосема солидно за земја која со години наназад не била во финале. Ама криво ми е што добивме малку гласови во телевоутингот, верував дека повеќе земји ќе гласаат за нас, но не е првпат да се случи вакво нешто. Нема да расправам за тоа кому колку поени сме дале, за кого сме гласале, оти ете, и жирито и народот си го кажаа своето. Сè на сè, одлично.
    Не ни сакав да победиме :wasntme: колку сме отепани, сала ќе треба колку Скопје да направиме, а пари за тоа немаме, имаме побитни работи :) Салата во Тел Авив беше огромна, ние тешко дека би постигнале такво нешто.

    Едно не ми е јасно: многумина од вас не ја сакаат Тамара, антипатична, арогантна, препотентна, не знам што не се изначитав за неа, особено во темата за јавниве фаци и за темата кој ќе нè претставува на Евровизија. А сега рипаат, скокаат, уау, секоја чест, нè крена на врвот и сега арна ви е?
    Се чудам на толку комплекси и фрустрации, од друга страна сум тажна што ништо и никој не ни чини и мора да плукаме, оти само на тој начин ќе бидеме забележани и ќе се издвоиме од толпата. Ако вие одбирате животот да го поминете во вечно мрчење, нека, ваше право. Јас лично немам ништо против Тамара, мислам за неа како и за секој друг човек, ја ценам како уметник и за она што го направи вчера, а направи да се чувствуваме како да сме на врвот на светот, макар и на кратко. Има луѓе што не ми се симпатични, ама тоа не ми дава за право да мрчам какви биле, што прават и како си го живеат животот оти тоа е нивно право, и не ме засега мене, ниту има влијание на мојот живот.
     
    На Bibliophile, Ava.84, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Da moze i docek da ja precekame so site saltanati kako so i prilega :D
     
  15. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Искрено очекував повеќе гласови од публиката, но и овој пласман супер за нас.

    Јас за Тамара како личност немам мислење бидејќи не ги следам нашите јавни фаци ама песната и изведбата беше супер. Одличен вокал, емоција и перформанс.
    Мислам дека заслужи во топ 5 да биде :)
     
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Гласовите си ги има,ама ѓубрињата намерно вака напраија
     
    На Roxy1991 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Зa спoјлерoт
    Ете се испoфaли кoлку си ти пoдoбрa oд oстaнaтите, еве ти медaљa.
    Вaљдa имa нaрoд прaвo дa oддели пеење и oднесувaње, дa искaже симпaтии и aнтипaтии, пa и дa се предoмисли.
     
    На oblace1, galapce, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    И мене Тамара ко и сестра и' ми се антипатични. И мене песнава ми беше просечна. Спотот исто. Настапот на Евровизија не и го гледав, нит чув како отпеа..гледав само слики и читав коментари. Тоа што Тамара не ми се свиѓа, песната ми била се' што сум рекла и пишала дека ми е...не значи на крај дека не ќе посакам да победи наш претставник, дека ако ко шо пишуваат многумина звучела супер,јас ќе плукам само од инает и за да си останам на своето. Јас можам да се издигнам од субјективното мое мислење. И ич немам комплекси, не се осеќам мала, небитна, нереализирана или штогоде, нит сум исфрустрирана. Баш напротив, ко и сите слични на мене,со сличен став можеме да славиме и се радуваме и на небитни за нашите животи и секојдневие успеси на државава и промоции. И не само на државата туку и луѓето ко Тамара,кои инаку не ги свиѓаме.
     
    На eli25, oblace1, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    Сполај ти, ама не сум најдобра. Само реална. Двојни аршини и лицемерие ми пречат.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Народов е најподмукла збирштина од проста раја, на која ништо живо не им чини, сето експерти, паметуваат за сите па и за јавните личности, како по нив треба да си го живеат животот, ги моделираат по нивна мера и осудуваат кога некој пак е свој.
    Секако сето ова, додека се живи артистите. Откако ќе умрат, ќе ги сторат светци.
     
    На candy.cane, staycalm и baba Rada им се допаѓа ова.