Кажи? Ич не звучеше толку трагично Северна. Северна, па Македонија, и точка. Не можам да се изначудам за ова, мислев дека ќе биде многу лошо ама не беше. ФИРОМ е даааааааааааааалеку полошо. Ама далеку. И да, настапот на Тамара е доказ дека знаеме и можеме како, само ако мааалце се позамараме и вклучиме квалитетни луѓе. Па сеедно е како би не викале, ако квалитетот исплива на површина. Во секоја област ова, не само за Евросонгов. Едит - продукцијава на Израелците ме фасцинираше. Навистина беше пар екселанс!
@buba4e89, немаме загарантиран влез само тој што е прво место има. На крај краева џабе ги ругаат иселениците дека не гласале. Нели сакаме да не е политика и да се гласа за таа песна што ти се допаѓа, а не дека се македонци па морало да гласаат за нашата без разлика дали им се допаѓа или не. Ако размислиш поубаво и потрезвено дијаспората воопшто не е виновна, ако требало да имаме повисоко место ќе сме имале повеќе гласови и од други држави каде што нема наши и не ни се соседи.
Ќе мора refund да си барам на парите за гласање, јас гласав UK ни еден поен за нас од телеволтинг Многу коментари за нова сала, каква нова сала Хераклеа таму ваму нешто на отворено да си ја покажеме историјата, ќе ја направевме Евровизија нешто невидено, оригинално штета не добивме шанса Оваа година имавме премногу солиден настап, а Тамара многу убаво испеа и цел свет го виде тоа. Во иднина сценскиот настап треба да е малце подобар и општо мислам дека секогаш тоа некако не ни иде. Некои ефекти, нешто позанимливо малце (дури и Сан Марино имаше некои ефекти ).
Кога со тим од најдобрите композитори, текстописци и бек вокали Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Цветковски Лазар, Коста Петров, Васил, Антонија и Александра, Тамара не издвојува победа готово да не праќаме веќе претставник #секогашвтораамамораленпобедникТамара
Ги заболе нашинциве од дијаспората за нашата држава прво види ги коа ке дојдат колку се циции и велат и Швајцарија не е тоа што беше Злобен народ ! Исланѓани во дијаспората и скоро да нема а македончиња во дијаспора колку сакаш но неееее да потрошат 1 евро што е тоа
Ај сега потрезвено, без еуфоријата и возбудата од синоќа да пишам едно рефератче Дијаспорците не' „бојкотираа“ и тоа е факт, дури дел од нив си се гордеат со тоа по социјалните мрежи, (чест на исклучоци, особено тие на форумов, пак ќе кажам браво и фала за гласањето) меѓутоа ако размислиме колку многу повеќе гласачи имале Норвешка којашто победи на телевоутинг, Холандија, Италија и сл. не верувам дека дијаспорците би направиле огромна промена за да победиме. НО, доколку тие се вклучеа поактивно во гласањето, едно место повисоко ни беше загарантирано, оти со седмото место сме 2 поени разлика, и евентуално да протуркавме до шесто беше реалистично Не е лошо 8 место воопшто, 6 не е прво или второ ама пак е подобро од 8 Плус, уште не ми се верува дека сме биле факинг втори во потешкото полуфинале одма после Холандија, и сме имале тогаш повеќе гласови од телевоутинг отколку во финалето На живци ми газат политичките постови против Тамара дури и сега после успехот што го направи, не знаат да ќутат. Замислете па да не влезеше во финале или да завршеше на ниска позиција. На живци ми газат и постовите што го потценуваат трудот, вокалот и упорноста на Тамара а и на помошните вокали и велат дека сме успеале заради тоа што сме го смениле името, да бе Трале, од Англија, Молдавија, Швајцарија, Австрија, Норвешка, Италија и сите други од жирито што ни дадоа 10 или 12 поени (или помалку) им е гајле за нашите политички збиднувања а уште повеќе за нашето име Навреда е за Тамара тоа. Среќа па такви луѓе немам во моето опкружување и не морам да се расправам со нив во реален живот оти ќе изгубам нерви. По стотти пат ќе повторам, ептен сум ГОРД на Тамара! Зошто? Затоа што по 7 години неуспех не внесе во финалето, и тоа со убедлив успех во полуфиналето па може да се каже и во финалето, сепак беше втора од професионалното жири, со неколку поени разлика од Шведска којашто пак секоја година си добива многу поени од жири, зошто, не знам Уште кога излезе песната знаев дека нема да разочара, знаев дека ќе и го ценат вокалот и песната а не карактерот којшто не го ни критикуваа, сите новинари велеа дека е забавна, refreshing, луда во позитивна смисла ама па искрено не очекував таков пресврт кај жирито да биде втора. Мислам дека е добро што скоро сите успеавме за некој саат да се сплотиме, да делиме возбуда, радост и заедно да навиваме за Тамара! И за крај сам да си се цитирам пред недела дена кога размислував ептен оптимистички и предвидов резултат ко баба Ванѓа да сум #PROUD
Не не, порано беше така пред многу години. Сега е сменето оди само победникот и големата петторка дирекно.
Тамара и сестра и претеруваат во СЕ. Еуфорични се. Фалбаџики. Ама тоа не е причина да не се застане зад нив кога го носат државното знаме и не претставуваат. Поддршката,па макар и форумска, кога има натпревар значи. Тоа што дијаспората не гласала ради политички причини, повеќе кажува за нив.
Немој те молам, бар за тебе мислам дека не си таква. Секој обид да се намали нивниот импакт, е поистоветување со нив, а не ти личи. Трагично е што све се има напишано по социјални мрежи и јавни платформи од овој тип. Срам ми е што делам националност со ваквите луѓе, а ги има премногу. Брука.
Kako licnost me nervira malku, no iskreno ubavo ispea. Zasluzivme pobeda ili vtoro mesto, ne e fer sto se spustivme na osmo.
Едно е шала за нечиј настап, цел интернет е составен од мемиња, зафрканции и сеир. Сосем друго е ова од некои индивидуи што го прочитав, тоа е злоба и лошотија, како мислиш жената најмилото им го убила, па сега ја колнат до 10то колено. Секој има право да гледа или да не гледа, да гласа или да бојкотира од лични причини, ама никој нема право да вреѓа и колне некој човек, а уште помизерно е тие тешки зборови кога се наменети кон дете кое има години помалку од прсти на една рака. Злобен, поган народ сме, нема што да не вреѓа тоа. Срам ме фаќа кога ги читам коментарите, онака резил од кај доаѓам, арно не разбираат Македонски странциве иначе ќе не помислат бетер од племе во Амазон. И порано со поинакво име сме влегувале во финале, Калиопи грмеше со Црно и Бело, а тие две песни ни се најквалитетни досега, што значи дека сме допреле до неисполитизираните гледачи и дека сме постигнале некаков успех. Мислам уште малку прмоција да направеше Тамара низ Европската сцена, уште подобар ПР да имавме, дека сигурно уште погоре ќе завршевме. Пак ќе речам, вчера половина час срцето ми играше, не сте свесни како навивавме дома. Вака исто ми беше и кога беше кошарката со Литванија. Ај барем младинава ја поддржа Тамара, што дава некаква надеж дека ќе мрднеме од простотилукот на постариве генерации. Нека се лутат колку сакаат ама вријаат од предрасуди, клетви, навреди и плукање. Младиве колку толку подобри се.
Дијaспoрaтa не ви е кривa Кoлку дијaспoрa имa низ земјиве, кoлкaв прoцент прaвaт вo Гермaнијa, Англијa или билo кaде? Незнaчителен, пa и сите дa глaсaле, милиoни и милиoни други си глaсaле пo свoј слoбoден избoр или зa земјaтa oд кaде дoaѓaaт a се иселиле. Немa сaмo Мaкедoнијa дијaспoрa.