Страв им е да потрошат половина евро знаете колку работаат таму ? Парите мислите на дрво таму растат? Половина еврооо ејјјј
Не е точно дека бојкотирале нашиве од дијаспората. На Огромен дел од нив никогаш не им се давало ни 50 центи за Македонија. Тоа е реалноста. Се друго е оправдување. Секоја чест за исклучоците, ама малку се. Тоа е едната причина за малкуте бодови, а втората е што ни гледачите глобално од Европа не гласаа. Според мене За една песна да биде убава и да биде гласана, треба да биде избрана прво од домашната публика, а дури потоа и од Европската. Нашата песна беше избрана од жири на 3-4 луѓе во МТВ. Но пошироката маса на луѓе не се праша. Верувам дека кадарот бил музички, па затоа и се доби на жири. Но публика не беше прашана. Затоа е и овој, би рекол очекуван пласман од телеволтингот Норвешка, Шведска, Италија, Холандија и голем дел од првата 5торка си имаа најпрвин домашен избор и таму публиката си одлучи. Ни фали нас домашен настан за избор на песна на кој нема да се мести, и секој кој ќе проба да мести на него да биде драстично казнет. Да имало избор, можеби ќе имало и поубава песна од оваа на Тамара. Па така ќе сме се пласирале и подобро. Вака тоа е. Сосема реално е 8 место
Ај вака, прво ОП па после СКОК... Ај да победиме ние а после да гледаме кој ќе се поти а кој ќе се резили!!! Зошто си толку сигурен дека би се обрукале!?
Сте се запнале со името, ко брашно за тесто. Бидна и крај на приказната. Мора ли да ја тупите на секое околу тоа?
Шерифовиќ на твитер: MAKEDONIJA NIJE DALA NIJEDAN POEN SRBIJI ???? Jesam videla dobroooo ????? И ја уште се чудам зошто не им дадоа жирито ниеден поен на Србија Ние со какви катастрофи сме оделе па секогаш сме имале 12 поени од нив. И сега требаше најмалку 8 да им дадеме за поддршка, иако не беше ништо посебно нивната песна. Што сме идиоти некогаш сме... Србите викаат: Па не се Македонците глупи ко нас. Ние битно 12 им дадовме. А колку тамошни познати пеачи споделуваа, пишуваа и навиваа за Тамара. И ете како им вративме...
Ај народов што блебета дневна политика ама уметнициве? Царовска ме разочара ептен. Зошто уметници не можат да си ствараат уметност, да си лапаат пуканки и да се држат подалеку од оправање криви политички дрини по социјални мрежи? До неа дојде да каже дека било малце доцна за песнава. Колешка пее, поддржи да му е*ам. Нема круната да ти падне. Бар во тие моменти поддржи, па оправај политики утре, ако толку до тоа ти дошло. Некои луѓе ми се чини, ништо убаво немаат да кажат за никого. Ни денеска, ни утре, ни вчера.
Мене Тамара и не ми беше толку добра. Вокалот и изведбата беспрекорни, ама самата песна не беше ништо посебно, ништо што би се потпевнувало или запамтило. И сценскиот настап беше невпечатлив споредено со останатите учесници.
Nie se ljutime Grcive 1 so ni dale sto sme so godini u sukob a nie 0 na Srbija stvarno nemase smisla, 10 i dadovme na fkn Austrelija i taman mislev 12ka na Srbija on vika Italy Mene iskreno Tamara edna od najdobrite mi bese i pesnata i tekstot i vokalot stvarno steta ali djabe 8mo mesto i vtoro da bevme djabe e ako ne e pobeda.
Сега дијаспората ви е крива? Оти за се бараме кривец? Нашата дијаспора е 0 , за сите тие моќни земји колку народ држат. Честитки за Тамара!
За Македонецот секогаш е крив другиот,никогаш не ги признава своите маани во потполност. Сепак и 8 место не е лошо.
Милион работи се изградија, па за една сала најмал проблем. Кредит ќе земе државава и ќе направиме бум
Се убаво, гласав и јас од Швајцарија но требаше 12те поени да одат на Србите.. Утре на работа ќе ме разбијат
Сакам да се вмешам. ПА не значи декаако се отеселиле готово више треба да не заборават, и као не треба да гласат. Да треба да гласаат пошто се во дијаспора и можат да гласаат. Тое е проблемот и треба да бидат поаативни нема сигурно некој подифолт да гласа за нас лупам од Италија. Требало нашата дијаспора да биде поактивна ништо не ги кошта минимум по 2 пораки да пуштат.Искрено од жирито ми од гласовите и до 3 да дојдовме. Барем на крај барем со 5 ке завршевме. Многу се спуштија на 8 со телевоутингот.58 беша малку за таква песна. Иначе Тамара вокално доминираше над сите затоа нема збор.
Нашето? Јас и ти да не сме автори на песната или стоиме зад проектот, наше било, хахахах. Нека се радуваат ангажираните и нивните семејства, а во мои очи, Тамара како и сите останати изведувачи требаше да се претстави за да одлучам дали ми се допаѓа песната или не, така впрочем најдов фаворити од други земји. Јас се кладам дека највисок процент од Европејците не ни знаат дека вчера имало фестивал, што остана чувај Боже со сила да му натураат на човек дека треба да бодри. Овде се пропагира на големо како највисок израз на патриотизам, оти поинаку не сте дошле до прилика да го искажете. После викате дека хејтерите мешаат политика, а истото го правите. Дечкиве се генијални, прави шоумени на денешницата. Аман, не се они ниту инспиратори на воени дејствија, ниту нешто зависи од нив да можат да променат. Им се најде спорот меѓу Исланд и Израел околу Палестина за да го насочат медиумското внимание кон себе и тоа е ОК, јас немам против кога внимание граба добар уметник, човек кој заслужил, што е се поретко случај, за жал.