Какво е тоа со сила натурање да ја бодриш Тамара? Дома ти дојдоа да те натераат или како? Само ти викаат да ја почитуваш, барем толку заслужила како претставник на земјава.
Другата година Антонија ќе ја пуштат, слушајте ми го зборов... Уште недорасната две години со ред пратечки вокал, е другата година ќе ја пуштат неа место човек со искуство.
Види,под нашето,не мислев само на Тамара,туку и на Тоше,Каролина,Елена,останатите музичари,спортистите... Колку и да не ни се допаѓаат нивните однесувања,мора да покажеме бар основна почит кон она што биле,што се и тие како што сме и ние,деца на оваа земја;и кон нивните професии за кои се труделе и трудат. Да,Тамара е на моменти иритантна,често претерува со фалење.Да,Тамара не е најдобрата пејачка на свет. Но,Тамара е и жена која е нечија мајка,жена која сепак има музички талент кој го развива со години и жена која многу се потруди повторно да блеснеме на Европската сцена.
И мене не ми е јасно како можеше нашето жири да не и даде ниту еден поен на Србија . Ај можеби Европа не разбраа што пее Србинката ,ама ние разбравме . Па плус и нивната песна е на Дарко Димитров. Не ми се допадна многу и на мене ,ама барем 8 поени требаше да се дадат .
Имаше и помлади од Антонија годинава. А од сите нив подобро пее, така што не гледам зошто да не е таа. Кој друг, Калиопи или Каролина по трет пат?
Не дека е крива, ама од Германија ни еден поен, а сите знаеме колку наши има таму. Швецарија колку даде , 2 гласа. Срамота. А први се да се прават патриоти.
Боже Господе, со години наназад зошто слаби резултати? Ако дијаспората е "лута" заради името оваа година, за што беше лута сите години наназад? Оти да беше така лесно само со гласови од дијаспората (една бројка голема иселеници за чудо) и досега ќе имаше добри резултати без оглед на песната оти ќе гласаа само заради земјата. Кога ви одговора дијаспорците се најголемите "патриоти" и во се' се мешаат. Кога не ви одговара, пак не се замешале доволно. Неколкумина напишале статус за Северна и готово, здраво за готово, тоа е проблемот, сите се исти. Германија колку народ има, знаеш? 80 милиони. Колку Македонци? 100 000 нека има. Колку е тоа во проценти пресметај и направи проста математика колку ќе имале влијаније.
Не,бре,со него ќе не дисфалификуваат уште пред настап.Он одма ќе се буни затоа што ќе мора да дели воздух. Ај,Калиопи опет.