Па и не треба нам ни треба некој свесен политичар што нема да не краде. Затоа што вие не го осеќате тој притисок како нас: Да излезеш и да кажеш од каде си и те мислат дека си албанец и муслиман па те прашуваат дали јадеш свинско. Не знаеш какво е чувството да дојдеш на работа и да те исмеваат албанци дека албанец е претседател на собранието, не знаеш како кога сите твои швајцарски и германски колеги ке ги свртат против тебе да мислат дека ние сме и зеле нивната земја дека дме ги убивале итн. Тоа е.
Да ти сметаа само тие ќе потенцираше кои на секој пост и немаше да мешаш бугарски пасоши, политика и слично. Ама не, ти си иста како нив, само се трудиш да се прикриеш.
Море мајката памет бре Значи демек како ќе и свирите вие на дијаспората така да ви игра? Мало морген за тоа. За избори немате демек корист па кој ги шиша нека си гледаат само за државата каде што се иселиле, за евровизија кога ви жежи под нозе тогаш Ја барате дијаспората. Море курнази бре бре Е нема брат и јаре и паре Точка.
И мене овие ми сметаат. Не мора да гласаат, и јас можеби не би гласала ако не ми се допаѓа песната (можеби еден глас од солидарност) ама ваква хајка по соц. мрежи.... да му се згади на човек.
Не, туку да нема никакво право тогаш. А не за избори сите трчаат, да гласаат леле абе најјаки ми се патриотине како да ги наречам, како можи некој од дијаспората да одредува тука кој да биди на власт, нека останел па нека одредува. Кога можи за избори да гласаат, можи и за Евровизија, или за ништо. Ама тоа е пусто македонче, од главата си патиме. И циркус се на нет со коментари со тоа северна. ЗА срамота сме.
Уопште не ми сметаат тие со б'лгарски пасош. Сакав да го доловам лицемерието. Не може да си патриот, а да имаш б'лгарски пасош. Толку е просто.
Еве сега читам Ако си ЗА, ајде имаш време да одиш https://fokus.mk/ertse-podgotvuva-prechek-na-tamara-na-skopskiot-aerodrom/
Брука , стварно. Просто неможам да поверувам дека ја нарекуваат северџанка , па зошто? Народов се израдува и нека се радува, ама свесно да ја шириш оваа политичка ситнодушност и расипаност, бедни души!
Сега ќе го пренесуваат во живо пречекот на Тамара, на ТВ1, сега за кратко ќе стигне, гледајте http://live.1tv.mk/
Патриотите не се само дијаспорци, нај голем дел се домашни. Мене сите таквите што мешаат името на државата и што ја нарекуваат Тамара северџанка ми се одвратни та живееле во Македонија, Франција или на месечина. Секој има право на избор, кој му се гласа нека гласа на кој не не ни мора, е толку е просто и едноставно.
Текстот на Царовска е ок, за жал. За сите, политичари, народ, оние со ваков или онаков пасош, патриоти или не, во глобала тоа е. Боли, ама реалност е. Не сакаме да слушаме, посебно не на еден ваков настан, ама одвреме навреме некој ќе не потсетува.
На Сан Марино на нас гласачите ептен ни се допадна . Дури 8 и дадовме. Уште се чудам кои се тие Македонци кои потрошиле по 35 ден по порака баш за Сан Марино
Ако некогаш се чувствувате глупо сетете се дека има луѓе кои се уште мислат дека само 58 луѓе индивидуи гласале за Македонија. Пошто имаше 58 гласа од публика, значи 58 души гласале