Исто и Бугарија и Украина не учествуваа? Ова има нешто врска дека во Израел се одржува, или не им се фрлале пари.
А само од мојот грчки број вчера се пуштени 20 пораки . Или па другарка ми ме има излажано дека пуштила пораки . И го оставив тој број таму за да гласа. Сакав од Бугарија да купам бројче при пејд ,ама разбрав дека Бугарија не гласала , т.е не ни учествувала де
Оти така гледате бе? Дијаспората дали гласала, не гласала, или за кој гласала, ич не е битно. Демек, оти сме сонародници/роднини/пријатели мора да гласаат, па уште и за нас? То е исто ко: 'Пријател ми е, мора да ми заврши работа, преку ред да влезам'. Не така! Ако сакате да конкурирате на пазар со стотици милиони, што всушност е Евровизијата, треба да понудите квалитет! А не да барате 'услуги'. И после, проблем било 'Северна'. Ние сме проблемот, не името ...
Знаеш што е исто лицемерие и на исто ниво со пријателите твои и нивните статуси? Со години и години да се подбиваш со б'лгарчињата од Македонија а сега да ти смета што некој те нарекува Северџанка.
Ниту се подбивам со б'лгарчињата, ниту ми смета некој да ме нарекува северџанка. Тоа повеќе говори за нив. Патем, ако јас сум северџанка, тие што се?
Друг е проблемот Вајлдке. Начинот на кој го покажуваат патриотизмот. Од една страна се исселени, од друга страна сакаат да паметуваат за името и да се нарекуваат патриоти, но кога станува збор за поддршка од ваков тип на сопствената земја никаде ги нема. Ако си до толку патриот да се замараш за политика треба да си исто толку патриот да си ја бодриш државата и на вакви натпревари. Или стои си настрана и за двете. Simple as that. Инаку потполно се согласувам дека треба да се покаже квалитет за да те гласаат, а тоа и го направивме ние вчера.
И те како се подбиваш. Они б'лгари се де, тоа одамна е утврдено. Ти само сега во темата неколкупати спомна б'лгарски пасош а се правиш дека не ти е јасно.
Ама тоа што 'патриоти' не гласале, баш на нивниот 'патриотизам' е производ бојкотот. Не сакаат Северна, и казнуваат за тоа.
Вајлд, не ни бодат во очи луѓето од дијаспората кои едноставно не пратат Евровизија или оние кои пратат ама не им се допаднала песната и од тој разлог не гласале. Боже мој, вкусови не значи дека ако е наше мора на сите Македонци да им се допадне. Тука збориме, бар јас, за оние кои пратат Евровизија, на кои им се допаѓа песната, ама не гласаат ради паролата Северна, бојкотираа на секој можен начин.А ги имаше во ооогромна бројка. Имаше групи на ФБ кои повикуваа на бојкот, имаше хаштагови и апели кои повикуваа до странците никој да не гласа за Тамара. Гадни коментари испод видеата за промоцијс на Јутуб.А зошто ? Затоа што настапувала под името Северна Македонија. Каков впечаток оставаме за луѓето од надвор со вакви коментари кои се пишани дека доаѓаат од македонци ? Ниту една држава ниту еден Евросонг не памети вакво нешто. Колективно лудило, срамота и простотија.
Епа тоа е таа контрадикторност и селективност на нивниот патриотизам, и никако не можам да ги оправдам за истото. Токму затоа велам дека со право се бунат сите што пишуваат дека таквите треба малце помалку да галамат.
Ако сакаме да им одземем права, треба да се смени законот, и да не може да гласа на избори дијаспората. Ова со Евровизијата, е секундарно.
Амин значи. Не знам зошто уште ја развлекуваат целава дискусија кога вистината е кажаната и тоа е тоа. Нема менување