Љупченце е грешка на природата, шкарт роба, најниска форма на човековото постоење. Не му замерувај, мајката природа знае да биде многу сурова со поединците, толку му е дадено.
Од приказни од булеварот. А погоре самиот господин напишал конечно победи некој нормален. Човек кој гледа што е вреѓање и го перцепира, не се перцепира себеси исто колку злобно звучи. Метеор за нас, нема подобро решение. Нека не збрише колективно.
Што сте запнале со таа дијаспора. Ги заболе нив за Евровизија. Тоа само тука се дига галама ама и тука баш ги заболе за таа евровизија на геј популација. Убаво кружи по фб и твитер, евровизија ти е да погаѓаш кој е машко а кој женско
И ќе речат секој имал право на свое мислење.. Колку само гадости се имаат протнато преку таа фарса наречена право на мислење. На некои луѓе најубаво ќе е да им се захефта устата и да им се отсечат прстите, светот ќе е поубаво место за живеење. Што немам еден змеј, нану му јебем.
Јас би го преформулирала - на Македонија (македонската политика) толку да и беше гајле за народот, немаше народот да посака да биде дијаспора. Они избегале и нашле живот и работа. А тоа кого политички избрале да пее за земјата од која потекнуваат и дали ќе се замараат со евровизии, не верувам дека им е топ тема, ама може има исклучоци.
Кој би земал да собира и одзема со толку бројки на таа возбуда жити сѐ, ни diehard фанови пред ТВ а уште помалку натпреварувачите... Иначе точно е ова во статијата, ама ништо контроверзно нема.
Македонија сме сите ние. И тие што избегале и ние што останавме. Би требало сите од себе да тргнеме без да обвинуваме некој друг. Оти тоа е проклетството на мекедончето, се некој друг му е крив. Мене ич не ми сметаат иселениците, ниту ги обвинувам. Ми сметаат само оние кои плукаа, колнеа, бојкотираа... а баш ги заболе реално за државава. Битно они името не го даваат
Ако некој се иселил па и тој што не се иселил, не мора автоматски да значи дека мора да гласа за песна на Евровизија. Што е Евровизија-чиста глупост Геј парада. Безвреден настан. Не е никакво мерило гласање за песна на Евровизија со патриотизам, си нема врска едното со другото. Тоа ти е прашање на вкус. Ако ти е интересна евровизијата гласај ако не ти е или не гледај или фаќај сеири. Не знам што сте запнале аууу македонци имало таму и таму срам да им е што не гласале. Голема работа, ќе си трошат пари на глупави евровизии.
Има разлика меѓу слобода на говор, и говор на омраза. Имаме право на мислење, немаме право да навредуваме и дискриминираме.
Не го поистоветувајте успехот на Тамара или било кој поединец со успех на Македонија. Македонија е далеку од успешна земја. Прочитав тука во еден пост како срам било да се пишуваат секакви коментари од македонци, што ли ќе речат другите? Иронија. Толку многу ѓубре под тепих и над тепих има, ама нели, не ти идат дома да видат како е па ќе се правиме пред другите совршени. Забава една, журка за народ, не прави ама никаква битна промена. И тој пола саат додека беше Тамара на врвот, или 8мо место на крај, е успех за неа, никаков успех за Македонија. Добро е чувството, крева адреналин кај народ, ама лажно е, краткотрајно. Нема да ве стави рамо до рамо со Норвешка, Шведска или Швајцарија, иако се еден до друг на табела за Евровизија. Затоа релакс и бркајте си друга работа.
Е како да не го поистоветуваме, кога ја претставува државата. Не настапи во име на Тамара, во име на Северна Македонија беше таму. И плус, не е уан мен шоу, има цел тим зад нејзе.
И што доби ти со нејзиното 8мо место? Таа утре има шанси да направи нешто повеќе за себе и својата кариера со настапот, ти?
Мора ли да имам материјална корист, за да се чувствувам исполнето? 'Добрив' промоција на државата во која живеам. Уште се бориме да не 'запознае' светот... не ни знаат дека постоиме повеќето од луѓето на планетава.
Не ни зборам за конкретна материјална корист. Еве и да те запознае, што ќе понудиш како држава на светот? Туризам? Образование? Ќе дојде некој да студира овде, да се лечи? Да инвестира? Значи ти останува она лажно чувство на величина некаква.
Ко за почеток, доволно е да дознаат дека воопшто постоиме. Да се лечи и студира, нема.. евентуално заби да поправа.. а да инвестира, зошто да не? А за да воопшто некој помисли да инвестира, или заби поправа, или посети туристички, треба прво да знае дека пости тоа место. Мислам дека е едноставен концептов.
Тие што следат Евровизија знаат дека постои. Не е првпат годинава Македонија на Евросонг, башка има и други успешни поедници и групи кои ја претставувале добро во своја сфера. И да не се понашаме ко да е Македонија скриено богатство и се' што и треба е некој да ја најде на мапа за да блесне во сиот свој сјај. Многу скриена е, затоа не ја бива.
Оти си толку негативна? Не дека единствено на Евровизија се промовираме, ама И на Евровизија се промовираме.