Секоја позитивна промоција ни е од корист. Проблем беше што се промовиравме со Франкфуртската мафија, настап на Евровизија е за пофалба.
А што мислите сите ли овие земји кои учествуваа имат што да понудат? Како па да не. Знаете ли што е најболно? Тоа што дури и од онаа страна на земјата имаше позитивни коментари за Тамара, никој не ја нарече курва, ороспија, дроља, никој не ја изнаколна со аир да не видиш итн. Она ли е крива што ни го сменија името? Каролина била Македонка, оваа северџанка. Не. Каролина беше Fyrom-манка, а не Македонка. Фиром ја застапуваше не Република Македонија. На светот не му е гајле дали се викаме Норт, Фиром или Македонија. Они ја слушат песната. А најново што прочитав е дека Тамара не пеела за ќерка и, туку за хомосексуалците, дека нивното мото било Proud
Има теорија дека поените од Белоруското жири биле прогласени погрешно, но ова не е потврдено од EBU. Наводно највисоки поени добиле последните рангирани од жирито наместо првите, што би значело дека ние би добиле 10 поени од Белорусија и со 7 гласови повеќе од Шведска би биле први од гласовите од жири Инаку можно е и да е намерно бидејќи жирито на Белорусија во интервју пред финалето изјавиле кои држави ги гласале високо а кои ниско што е против правилата на Евровизија па за да ги „казнат“ и да не биде „местено“ ги прогласиле обратно поените. Подетално ситуацијата е објаснета ТУКА
Кога ќе посакаат да те парчосаат, ќе ти исценираат војна, Евровизија не е таа која ќе ти ја консолидира државата. Евровизија е шоу што многумина го сфатиле пресериозно, иако не се во никаков ќар од него. Можете вие да зборувате во прво лице колку сакате, ама не сте тие кои имаат удел во успехот. Ете, оние што се горди на државата и им значат успесите „во име“ на државата, нека бидат продуктивни за државата самите обидувајќи се да донесат некој успех, наместо да седат да навиваат за други индивидуи и да се расправаат со неистомисленици. Со кого треба да се сплотувам, со луѓе што видовме се подготвени да ме навредат лично оти не ми се допаѓа песната или оти не ја сакам пејачката? Нема, тоа си се подли карактери кои ништо не ми значат или да не треба од значење да ми биде што делам државјанство и со нив. Секогаш ќе има различни мислења и треба да ги има различните мислења, оној што се обидува сите да ги калапи по свое, да ги омаловажи тие што не се како него со намера преку шејминг да ги замолчи, само ги продлабочува поделбите. Сум читала коментари во Колумбија има луѓе една Шакира ја хејтаат, вие тука за тамара патриотизам со шоу-бизнис ќе ми мешате.
Од странци кои немаат никаква врска со Македонија го добив следниот коментар: Пејачката ви испеа прекрасно, ама од кога заврши гласањето на стручното жири си седев и си ги повторува песните на првите пет и никако, никако не ми текнуваше која беше ваша. Само знам дека жената имаше преубав глас, ама песната не ви беше memorable. И што и да кажеме, во право беше. Да, стручното жири би даде многу гласови затоа што имаат многу подруг и попрофесионален пристап од публиката од дома, кои гласаат ем по како им звучело, ама и по колку им останало во глава. И така... Затоа победи и Израел лани, оти луѓето кокодакањето од глава не можат да си го извадат, не затоа што немаше многу поубави песни и со подобра порака, како на пример Италија и Франција. На Италија и Франција уште и се сеќавам, ама сигурна сум дека некој што Македонија ја слушнал само два пати, во полуфинале и во финале нема да се сеќава на песната. Едноставно, не влегува во глава. Јбг, шунд фестивал е Евровизија, не е за такви песни туку за хитчиња од едно слушање.
Леле беее Одма врати му дека слаб капацитет има и за него се само детски песнички ,,Бејби шарк тататарата....,,
И јас го мислам истото Ај да ни беше нешто безвезе песната па ајде да се сфати да се гласа за некој друг, ама на таква песна и така моќно испеано и да неподржат поголем број за мене е несфатливо.
Повикувале на бојкот да не гласаат? Јас првпат читам ваков колективен простаклук на сопствениот народ да му го направиш. СЕ чудам наискрено. Ова го нема во свет.
Организацијата на македонци во Малта, We are Macedonia на нивната страна, други пак во секакви групи на фб во Словенија, Австралија, Германија имаа објавено слики од Тамара со хаштагови #shame, северџанка ишкртано со иксови и уште што не, и во опис повикуваа никако да не се гласа за Тамара оти била северџанка и тие не поддржувале севериџистан или како и да го нарекуваат со нивниот болен мозок
^ Е значи не се нормални. Прв пат коментирам за Евровизијава, значи Тамара царица немам коментар. Жена, мајка, кралица, прекрасна е во секој поглед за мене. Се супер што ја пречекаа али биваше ли интервјуа во 1 ноќеска да и прават, жената уште не стигната ко што треба, уморна од пат, детето и заспа, они во ниедно време интервју? Не можеа да ја остаат еден ден да се види со семејството и да се одмори.. Не ми е јасно..
Мене сaмo не ми е јaснo кaкo клaдилниците знaејa зa Хoлaндијa,квoтa 1,8% декa ќе пoбеди...И ствaрнo пoбедијa. Ениуaн,дa ми oбјaсни кaкo прoрaчунaa aкo не е ништo нaместенo?
Гласање на телевоутинг во изминатите години. 2015- 42 бода(Кајмаковски) 2016- 54 (Калиопи) 2017- 40 (Јана) 2018-6 (Eye Cue)
Во полуфиналето сме биле второ место, а сме имале и повеќе бодови од телевоунтигот од финалето. 84 бода, наспроти 58 у финалето
Гледaш, се истрoшиле гaстербaјтерите зa вo финaле дa јa внесaт и пaк неблaгoдaрни сте Дo кoгa ќе се зaмaрaте?
Можеле да "запнат " уште малку И тоа ова се бодови само од земјите кои пееја во втората полуфинална вечер. П.с и без гласовите од публика ќе влезевме во финале. Со 155 поени ќе си бевме 9-то место. Џабе си се трошела Бриџи @Bridget . Ама сепак од срце ти благодариме
Ве личи, пoсле бoрбa сите генерaли. Ај oдгoдинa ствaрнo немa дa се трoшиме, влезете си сo пoени oд жиритo
Баш така , сите генерали Јас до неќни гасев тв кога ќе ја видев неа ( мада песната оддамна напишав дека ми се допаѓа ) ама од вчера до денес најмалку 10 пати го изгледав настапот . Па и сношти ја "чекав" да слета