Мене не ми е гaјле кoј ќе не претставува нo штoм фрлaме пaри зa oвие глупoсти песнaтa дa вреди кoгa е aнглискa дa не е детскa кaкo штo беше дo сегa. Нo секoјa втoрa гoдинa дa биде нa Мaкедoнски јaзик. Бaрем зa пaрите дa имaме и културoлoшки придoбивки.
Јас мислам дека Антониа Гиговска ќе ја пратат оваа година. Се изненадив што се пласиравме во првите 10. А за телефонското гласање очекував дека ќе биде малку. Се знае кој гласа за нас. Факт е дека и гласањето на жирито беше политика. Промовираа нова држава. Се изненадив што на Србите не им дадовме поени. Песната ич не ми се допаѓа, ама можеше барем 1 поен да им дадеме. Па какви коментари имаше после тоа. Се знаеше дека Холандија ќе победи. Најдобар беше. А и очигледно е дека на Евровизија победуваат чудаци. Дечкото е бисексуалец. Затоа Унгарија се откажа од учество оваа година. Настанот бил премногу геј. А и ние веќе нема кого да праќаме. Не знам зошто уште се држи во тајност кој ќе пее годинава. Наместо да се фрлаат пари, да се помогне на болни луѓе.
Бисексуалец = чудак? Ви се чудам на паметот. На дечкото не му пишува на чело дека е бисексуалец, да не прочитате негде никогаш не би рекле дека е различен, камо ли па чудак. Неговата лична сексуална ориентација нема баш никаква врска со настапот.
Песната е супер. Не би рекла дека ориентацијата нема врска. За мене нема. Ама очигледно има за народов да гласа. Секакви коментари се изначитав после неговата победа.