Ако мислиш за Украина, нормално ќе и дозволат пошо реална беше песната иако политичка. Ако мислиш за EBU, после драмава гледам дека не се мешаат многу во внатрешни одлуки на земјите колку и да се погрешни, инаку ќе ја банираа Украина досега. На Евровизиска сцена сигурен сум дека не би дозволиле политички прашања. Работата е што тие внатрешно го политизираа шоуто и кандидатите ги прашуваа политички прашања. Марув ја прашаа дали Крим е Украина, друга претставничка прашаа кога ќе си го скине рускиот пасош итн итн се со цел да ја свртат Украинската јавност против нив, арно ама не им успеа, огромна поддршка има Марув од Украинската јавност. За да не пишувам реферати, ако некој е заинтересиран повеќе за ситуацијата прилично детално е објаснето овде:
Евровизија стана циркуз. Онаа што победи лани кокодакаше. Португалецот изгледаше како нешто да му фали. Украинката се лигавеше на сцена. Очигледно треба да се глупираш за да победиш.
LEAVE NETTA ALONE! Фаворит ми беше уште од почеток па и си искеширав некој денар пошо се обложував дека ќе победи Шала на страна, песната на Нета иако смешни елементи ко кокодакањето имаше сериозна порака и најважно за Евровизија е што многу беше catchy, да не зборувам колку е талентирана, има ок вокал, штета што не и дозволија да користи лупер на сцена, подобар ќе беше настапот, „поприроден“ да кажам. Не од прво слушање ама од второ почнав да си ја потпевнувам. Салвадор пак... Искрено просечна песна ми е, не го гледав како победник ама ете многу луѓе не се согласувале со тоа мислење и си го изгласаа..
Ќе чекам да излезат сите песни, па да дадам мислење. Евровизијава веќе не ми е интересна за гледање. Премногу политика има.
Не следам Евровизија многу одамна, ама последниве години освен меѓусебно делење поени од неколку земји не сум забележал некоја посебна политичка форсираност. Повеќе би рекол дека се дава на значење на песни во кои се опишуваат сегашните social issues итн итн, сепак мотото им е diversity . Ја сум еден од ретките македонци шо обожаваат да гледаат евровизија очигледно, lol.
Трет ми беше Билал со Украинската, сега втор Омилена ми е Солди, Махмуд. Треба да поработи на вокалот tho, не беше перфектен на настапов
Кога сме кај Италија. Лани и во 2015 жирито ги зафркна. А ќе победеа доколку беа први/втори според нивните гласови.
Пак Нета ќе победеше 249 од телевотинг + 271 (макс. од жири што доби австрија) = 520, а нета има 317+212=529
Мислам дека Италијанците беа меѓу последните според гласовите од жирито. Многу чуден начин на гласање има жирито.
За избор на Италија на евровизија многу згрешија. Овие момци дефинитивно без конкуренција беа најдобри, и баш ми е криво што не се. А инаку истите беа во 2015 со " Grande amore " и освоија 3 то место, макар што со нивните гласовни можности заслужуваа прво. Јас се разочарав многу и готово не гледам евровизија веќе.
Добри се бе и на Франција, Романија, Словенија е онака, ок.. и уште некои така просечни ама да, сега за сега е слаба година.
Украина нема никакви шанси да учествува оваа година? Стварно имаат предобра песна, жално е да не настапат.
Од досегашново, ништо, ама баш ништо не ми се допадна. Сите песни наликуваат една на друга, со еден тон, такви некои меланхолични ... Шпанија едино така игрива, весела, секако со исклучок на Укранина - предобра песна, полна со еуфорија и предобар сценски настап.
Еве конечно денес Белгија презентираа добра песна, а Франција е одвратна. Ај песната што не е ништо посебно, туку вокалните (не)способности на претставникот... Мислам заборавија дека не може да се гласа за својата држава на Евровизија додека го бираа својот претставник.
И мене ми се допаѓа Белгија, меѓу првите ми е. Одвратна е тежок збор, далеку од тоа е. Плус еден од топ 5 фаворити е меѓу фановите на евровизија ) Нашите претставници за жал многу полоши беа лајв ако не секоја, преку една година хахах. Има време до Мај, ќе се подобри ваљда.
Ептен е жално (за Марув). Нема шанса воопшто Украина да учествува со друг претставник пошо се осудени на пропаст од старт ради драмава, а уште помалку горенаведената песна да ги претставува пошо Марув во интервју изјави дека дури и да го сменат договорот после се' што се случи нема да прифати, а ниту пак друга држава ќе претставува. Читам по нетов фановиве бараат ко интервал акт на Евровизија да ја вметнат Марув со песнава, што сигурно нема да се случи