Кој ти е крив што пушеше. Нашиот јужен сосед и Србија влегоа. Другиве не се битни. Ако биде и вака во четврток нашава заслужува и да победи. Џизс. Ептен тапа.
Многу слаби настапи омаше денес едвај 5 заслужија да одат во финале, а во четврток и посакувам многу среќа на Тамара кај се погоди во појакото полуфинале.. Денешен победник за мене е Исланд, ми се допадна настапот и ми беа интересни, само зјапав во тв да видам што друго ќе се случи на сцена, а и се издвојуваат годинава ептен Исто и Австралија ми се допаднаа, имаа убав настап и сцената ми беше топ, секоја чест на вокалот после онолку мавтање во воздух Очекував Португалија да влезе, тука ме изненадија. Dark horse на полуфиналето: Чешка, одличен настап
Мислам дека се паднавме во јака полуфинална вечер и дека шансите за финале ни се мали. Ем нема кој да гласа (како што прочитав на страната на евровизија можат да гласаат само државите кои таа вечер настапуваат) , ем од нашата лоша историја на евровизија Сепак Тамара има одлична песна но дали ќе успее покрај толку јаки држави и песни да се пробие меѓу тие 10
Секоја година е се покатастрофа... Лично ја сметав евровизија за сериозен концепт, настрана политиката. Бар од музичка гледна точка. Многу фалширање и тралалалајки. Бар моето музичко искуство и знаење ми укажува на тоа, ако грешам нек ме исправат поталентираните од мене. Песни ради реда, измешани стилови, не ми се репер за квалитет, а сметам дека токму тоа е потребно за победник. Време на кич, што поглуп изгледаш на сцена, тоа подобро ќе се пласираш. Нашиве, некако ко секоја година да пробуваат да играат на сигурно, патриотски песни, животни пораки, бла бла бла... емоции фрчат а пак ништо не праат. Време е дуо трио да ги пратат со градинарот цвеќето го расте. Е баш такви песни победуваат.
Грција кој ужас, таа заборави дека треба да пее, го стави микрофонот на носот! Кипар во истиот шаблон како лани, песната не е толку лоша. Коментарот на коментаторот за нејзините чизми на крајот на вечерта беше дека се надева дека досега успеала да ги соблече чизмите па и јас се замислив за тоа На некои песни можеше да се заспие како Белгија и по мене Австралија дури на Австралија и многу побрзо. Претерано фаворизирана како и секогаш само дека ја претствавува Австралија да настапувавме ние така сигурно ќе имаше тон критики. Секогаш ми се некреативни и некако антипатични зашто мислам дека не треба да учествуваат. Општо земено секогаш е истата приказна , акцент на оние фаворизирани земји три интервјуа со претставникот на Франција и секогаш истото омаловажување на помали земји. Ретко ми се допаѓаат песни чиишто изведувачи не пејат на својот мајчин јазик - уште не ми е јасно зошто ние пееме на англиски и сите други земји освен тие каде што англискиот е официјален јазик. Општо мене ми изгледа на натпревар кој ќе звучи поамериканизирано и позападњачки и кој ќе успее повеќе да се претопи во нешто што не е па по тие стандарди браво за Полска, Србија, Унгарија и Словенија. Сан Марино - леле појма немаше од пеење плус ангискиот совладан до почетно ниво, позитвно е што знаеше да избори до 3 на турски па се провлече. Сигурно му требаа 4 минути да ја компонира песната.
Заборавив да кажам дека карминот на Србинката беше во многу убава боја и не оставаше траги на забите - ако чита нека сподели кој кармин беше!
И последно кога Црна Гора го прати Славко или како и да се викаше тој немаше никава реакција за оригиналност, а сега дека Франција и Исланд пратија нешто као поразлично леле сите се во несвест - некако ми се гади. Иначе на ББС го гледав преносот.
Да заврши со прес конференцијата па ќе направи прифил на Фемина за карминчето. Ме разочара Евровизија. И од година на година сè полошо е. Ја тргам политиката на страна, зборам за музиката. Поквалитетни песни имаше порано. Лорен кога победи, песната и ја напиша една која пишува песни за Ријана и Бритни Спирс. Епа затоа победи. Треба и песна да се плати, а не секоја година да одиме со дај шта даш и ужасен стајлинг и сценски настап.