Луње sтварно песната на Слвенија не ми бешеи мене нешто посебно. Скромен иедноставни беа. Ме изненадија Исланд но сценскиот настап им беше на високо на ниво. Сепак гледам на интернационално ниво имаме шанса да бидеме во топ 12 во финалето ако се доуреди уште тоа што треба на последната проба, сценските ефекти , тоа темното и ако испее емотивно како што е се ова во пакет би требало да имаме голем успех.Што ви реков за Австралија имаат топ сцена настап и затоа влегоа. А ние имаме стварно доста моќна песна со убава порака.
А замислете песна со наслов Молитва избрала елџибити мафијата... Абе сите баш и повозрасни што ги знам - ја памтат и им се допаѓа песната, мило им било и дека за браќа Срби се работи, ама не се живи конзервативци ако не се спомне со мрчење од аспект дека била лезбејка.
На работа се загледав, тогаш пееше Австралија. Имаше убав почеток ама подоцна нереален. Ми немаше емоција ама сепак влегоа. Инаку девојката блескаше.
Крофна Срцка ми е мене Нета . А и песнава си ја сакам . Одвај ја чекам Тамара утре . После синоќешното полуфинале ,искрено очекувам Тамара да влезе во финалето . Ама не ги знам утрешните учесници . @staycalm има некаде да се слушнат песните од утрешните земји ?
Настап да. Облека - тотален невкус. Не е само, сакам ова да го облечам - муабетот е дали ти стои или не.
Кога ќе победат песни како типот со баладата од Португалија, Украинката со јака моќна историска песна, Швеѓанецот со анимацијата у позадина, Loreen со Еуфорија тоа е оти се квалитетни песни, а ако победи некој што е ЛГБТ како Кончита или Марија тоа е оти се ЛГБТ. Нема врска што и во двете песни вокално грмеа пејачите. Мафијата тоа средила Следна година јас ќе се кандидатирам маскирана во змај, ГоТ лобито да ме гласа да победам. Ако кога пеам сум еквивалент на мачка која се пари и умира истовремено.
Ама па она може си се чувстува убаво и дека и стои одлично. Не значи дека ако е крупна нема слобода да си се облака како сака. Вкус си е вкус, што е за тебе неубаво за нејзе може е одлично. и кога се гледа во огледало си мисли дека одлично и стои. Многу осудуваме. И за крупни и за слаби секогаш вакви муабети.
За жал се паднавме во втората полуфинална вечер (утре) која ќе е многу многу многу појака од првата, има премногу квалитетни песни, и се' надевам ќе влеземе во финале иако се мали шансите поради самиот квалитет на песните во втората полуфинална вечер, да се падневме да пееме вчера во првата полуфинална вечер, ќе влезевме во финале 100%, али за утре i'm not so sure. Еве ги песните по ред според настапите за утре, ние сме пред последни 17-ти по ред, а пред нас ќе биде Холандија која што е фаворит за победа. https://eurovision.tv/event/tel-aviv-2019/second-semi-final
Словенија ми беа топ! Simple & minimalistic во права смисла на зборот, што впрочем и најдобро одговара на песната и на карактерот на двајцата артисти, а и многу добро ја одсликува добата во која расатат младиве во моментов - меланхолична и депресивна. Жалам, огромно жалам за Португалија. Артистичност и професионалност. Колку што можев да видам на инста, дечкото има некој посебен начин на живот,истото го одслика и на сцена...
Латвија ,Швајцарија , Холандија и Ерменија најмногу ми се допаднаа. Според мене Тамара заслужува да се најде меѓу десетте кои ќе одат во финале
Отече девојчево со рекламите. Ми се појави на Јутјуб, Фејсбук, инста постови, инста сториња.. Којзнае колку пари фрлаат за тоа
Евровизијава слободно може да се нарече циркузијада. Изгледав инсерти, немаше шанси целосно. Мислам стварно wtf? Унгарија, Португалија, Грузија, Исланд, Полска начисто го имаат згрешено концептот. Полска мислиш дошле на некој народен фестивал. Па и со носиите ме нервира што упорно Полјаците, Русите и некои други слични на нив го форсираат она што им е типично за нивната земја. Мислам океј е, знаеме дека си ги сакаат државите, ама де бре веќе со тоа ко да глеам танец во руска верзија. На друга страна од толку фалширање кај Црногорците, Чесите и Естонецот мислам дека за слухов да ми се опраи ќе ми требаат едно добри три недели. На словенската песна пак многу убаво ѝ одговараше насловот „Sebi“. Девојчето баш онака си пееше само за себе. Излезе, ја прошепоти песната, се потресоа малце и си заминаа. Овој па од Сан Марино ми звучеше ко санмаринска верзија на Нинанајна, само што Еленчето спика многу подобро инглиш од овој. Неам појма што бараат на Евровизија луѓе што не знаат ни А од Англиски. За Австралија по не знам кој пат само ќе речам дека не ѝ е местото на Евровизија. Последно што знам дека учев по географија дека Австралија е друг континент, ама еве не знам. Единствено солидни изведби имаа Финска, Белгија и Србија до некаде. Сѐ што не спомнав погоре меѓу оние тотално без слух и оние со барем малку слух, беше испод просечно. П.С. Ако се и другиве песни вакви можам слободно да речам дека Тамара заслужува да се најде во финале. За победа не верувам дека има шанси, ама за финале е можно.
Евровизија не е концерт за поп музика. Предосадно ќе е ако само меинстрим поп музика има на Евровизија. Секогаш ќе има и фолк и рок и техно, тоа е еден од главните фактори што ја прави евровизија интересна.
Цитирај ме де, не се срами. Јас не се сеќавам некогаш да победиле некои ко тие од Полска на пример, едноставно затоа што таквите песни се најприфатливи за луѓето од таа земја. Победникот треба да биде нешто што ќе е прифатливо за секој, ама ако целта им е само да учествуваат тогаш океј.