Знаев дека пак некако ќе се посере со Хана. Очекував поздрав, ама она ме изненади, успеа и слика да вметне Инаку добар настап, глас предобар, настап едноставен, се на место. Коа веќе идеме еве вака треба да се претставиме, без преувеличувања, правење интересни, глупирања.... Ама како што гледам некако ми се враќа во нормала настанов. Едно време толку беа забегани што само глупост по глупост излегуваа на сцена. Маскоти, баби, сушстества...беше станато циркуз
Нема шанси Мкд да влезе во финале што е со павер поинт презентација сликички ,сите добри ефекти имаа посебно тој после неа.
До 11 ќе заврши секако, не траат предолго веќе. Мене искрено ми фалат времињата кога траеше Евровизија предолго и ми паѓаа очите за спиење.
Гледам сега пак од Латвија краткиот спот, девојчево како на некои лесни дроги делува. Чил аут, глава во облаци и си свирка.
Азербејџан добри Инаку ние дефинитивно годинава имаме најдобра песна, е сега колку тоа ќе блијае на гласови не знам
Да имаше подобар сценски настап Тамара, мислам дека и меѓу првите ќе се најдеше. Моќно, но можеле бар малку со светлата да појачаат, ако ништо друго.
Ајде без зрнцологија. Тамара заслужува финале! Победник мислам ке биде Швајцарија или Холандија. Одлично полуфинале за разлика од првото.
Спотов на хрватов ме уплаши. Со крилјава како назад да евоулирале во однос на сценографија и облека. Јакничкана на Малта бре. Срцка, колку годинка има
Јас мислам дека нема да влеземе, а Швајцарецот со dirty dancing сакам да го видам како победник оваа година. Вистинска евровизиска песна!