Дечки коментирајте на темата за Тамара, мислењата се преместуваат таму - да ја олесниме работата на модераторите
Навистина сме толкави баксузи и секогаш сме во група со најголемите фаворити, така да не ми се верува дека ќе влеземе во финале.
Не ми шири негативна енергија! Шала на страна, стварно сме во мнооогу појако финале и јас мислам дека се мали шансите за влез во финале, освен ако не измислат некој солиден сценски настап па да се издвоиме од некои не толку фаворити засега. Кога ќе излезат пробите ќе знаеме за кај сме, тогаш е прилично сигурно кој нема да влезе у финале бар од гласачите.
Освен Хрватска што засега не е фаворит другите се одлични, и Албанија викаат ќе влезе заради етно вајб на песната.
Албанија мислам дека ќе влезе у финале. Хрватска, Австрија, Молдавија, Ирска и Латвија не се фаворити од второ и не ги гледам многу како wow конкуренција, другите се опасни.
Се шпекулира дека годинава ќе има измени во изјавувањето на поените од телевоутинг. Имено, досегашното прогласување почнувајќи од најмалиот број на освоени поени до најголемиот ќе биде заменето со прогласување на поени на учесниците според тоа како ги рангирале од жирито, по растечки редослед. Пример, доколку во топ 10 на жирито се 1. Холандија, 2.Италија, 3. Малта, 4. Албанија, 5. Македонија, 6. Русија, 7. Исланд, 8. Израел, 9. Португалија и 10. Белгија, изјавувањето на гласови од телевоутинг ќе започне од Белгија па нагоре, за да се зголеми тензијата и да биде потешко предвидувањето на победник се додека не ги објават сите поени. (ова ќе биде почнувајќи од 26ти, не 10ти, само за пример набројав 10)