Ги следи ли некој првите проби? (Има кратки 10 секундни клипчиња на официјалниот јутјуб канал на Евровизија) Кои ви се најдобри, кои најлоши? Мене лично позитивно ме изненади Романија со сценскиот настап. Влегува у финале гарант!
Секоја година следам евровизија, и морам да признаам дека оваа година е една од најјаките во последниве 5 - 6 години ако не и повеќе. Има навистина премногу квалитетни и одлични песни оваа година, има да биде жустро во финалето Мој личен фаворит годинава е Ерменија, прекрасна песна, Србук е одличен вокал, и на моменти дури и се наежувам од рефренот, премоќно звучи, особено последните 30 секунди од песната имаат преголема емоција, исто така и текстот ми се допаѓа премногу и мотото на песната - „You shouldn't kill love, but also you shouldn't let love kill you“ Спотот и првата проба: Исто така покрај Ерменија останати песни што ми се допаѓаат годинава се: Холандија, Албанија, Унгарија, Кипар, Италија, Норвешка, Исланд, која и да победи од овие, ќе ми биде мило. И да, штета што Марув (Украина) нема да ја видиме на евровизиската сцена.
Франција и Австралија со изненадувачко одлична сцена, Франција иде топ 5, Австралија топ 10, сигурно.
Ќе гледа некој црвен тепих од шест часот попладне? Мене тоа секогаш ми е поинтересно од целото шоу што претстојува.
Минатата година повеќе ми се допаѓаше тепихот. Баш убаво шоу имаше. Годинава многу класично. Ова горе го напишав уште прееска, ама не сум стиснал да се прати. Ми се допаѓа тоа што Тамара е многу слободна и без трема, баш беше океј на тепихов, за разлика од другите што делуваат некако збунето.