1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2019

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 25 февруари 2019.

  1. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Дечки шала на страна јас сум горда.
    Добро има работи што можеа да бидат подобри што се однесува на сцената, ама и не сме ко лани.
    Бравоо!!!:l:
    #proudMKD
     
    На cresa-jagoda, staycalm, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Холандија мене не ми е нешто толку wow за да биде победник? Или нешто пропуштам? :lol:
     
    На Hellobeautiful, RoseRain, Any05 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Холандија фаворит, па Швајцарија и Италија.
    Холандија и Италија песните ми се допаѓаат, омилени. Швајцарија не ми оставила некој впечаток кога ги преслушував сите учесници претходно но вчера добар настап, интересна мелодија.
    Има некоја длабочина песната и добар текст.
    Ја засакав уште мартот кога излезе музичкото видео за песната. Најмногу впечаток ми остави. Настапот беше едноставен но елегантно изгледаше, а песната е предобра, барем за мој вкус.
     
    На cresa-jagoda, Nane2356 и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Оти Шведска не ја пишите во фаворити?!:?:
    Топ 3 е.
    Is it too late for love? Mhm:dance:
    Is it too late, i wanna know:dance:

    Јас мислев за делот каде пишуваш после 15 години во финале.
    Не е важно, се разбираме де.:D
     
    Последна измена: 17 мај 2019
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Текстот не го запазив, шпагети варев, па и од настапот не видов многу.
    Сега со слушалки убаво и спотот и настапот го видов, добра е, ми се допаѓа.
     
    На cresa-jagoda и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  6. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Браво за Тамара и целиот тим.
    За тоа што плукаат по неа и ја нарекуваат северџанка не коментирам,луѓето се гневни поради промената на името и ги разбирам,на сите не боли но тоа е.
    Конкретно настапот мислам дека беше комплетен,се беше во склад со песната и што е најважно моќноста на вокалот доминираше и секој испеан збор допираше јасно до секој што беше впрочем и поентата.Сигурен став,точно и моќно отпеано ,сценски во рамките на можностите,a сепак на ниво,и толку складни со придружните вокали-finally после толку време,кои беа одлични,и сите звучеа компактно.Така да се на се одличен и комплетен настап каков одамна не сме имале и се очекуваше дека ќе влеземе во финале.Додуша оваа год.и слаби песни и вокали,но како и да е,заслужено идеме понатаму,па и во финале да сме во топ 10:):muscle:
     
    На cresa-jagoda, monibejbi, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    За некои тоа што е нормално со години, за нас е огромен успех.
    Сфаќам:)
    Со години не ја ни гледавме финалната вечер, немавме стимуланс

    Со она плукање - :puke:Северџанка,...:puke: досадни се веќе.
    Жената е отидена на натрпевар за глас, сцена, талент, шоу...а не на преговарање за името.

    Ќе видиме утре вечер што ќе се случи.Се збори дека ќе идеме во првите 10, што ќе ни обезбеди пласман наредната година директно во финале.
    Би сакала.
    Сакам и да победиме.Добра отскочна даска би било.
     
    На M&M, cresa-jagoda, christinnn и 15 други им се допаѓа ова.
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Мене ми се допадна Тамара, убаво испеано, битно најбитно не беше со оној мексиканско-арапски акцент на англискиот ко пола македонци што го имаат, ова звучеше светски. Мислев дека помоќно во живо ќе делува песната, ама од спотот повеќе се наежив. Супер беше во секој случај и не можев да не ја заприметам усогласеноста на Тамара со камерата, највеќе ми се допадна. И не беше ништо претерано, ни сцена ни ефекти ни облека ни фризура, се на место како што треба за да не изгледа кич како повеќето пати нашите, посебно со облеката. Супер одлично, светски и квалитетно, me like it (y)
     
    На cresa-jagoda, crimson, monibejbi и 7 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Колку и да не го поднесувам народов си ја сакам земјава.И многу ми е мило ако успееме во нешто па нека е и Евровизија.
    Би сакала и да победиме,имаме солидна песна ,ама со оглед на тоа кој се поврзувал...
    Јас веќе се ставам во победници :lol::clap:
     
    На M&M, cresa-jagoda, crimson и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.033
    Допаѓања:
    167.188
    Пол:
    Женски
    Е вечер 30 земији ќе пеат?
    По десет од полуфиналињата и десетте први од ланското финале.
    Не знам јас за вакво нешто.
    Нели само големата петорка идеше директно
     
    На M&M, cresa-jagoda и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.854
    Пол:
    Женски
    Само петорката е директно, точно. Другите пак во полуфинале.
    Иначе, уште не можам да сфатам за Австралија, која е поентата да се натпреварува на Евровизија. И ако победи, што? Евровизија ќе се сели на друг континент? :?:
     
    На angelche16, cresa-jagoda, Brinetka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.033
    Допаѓања:
    167.188
    Пол:
    Женски
    И јас на тоа баш помислив.
    Евровизија во Аустрелија:^)
    Ама чим можеше во Израел да одиме, ќе тркнеме и до Австралија8-|
     
    На angelche16, cresa-jagoda, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    И мене ме збуни ова... Може целат кон 'Световизија' :?:
     
    На angelche16, cresa-jagoda, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    87.144
    Пол:
    Женски
    Во случај да победи Австралија , тогаш евровизија ќе се одржи во Англија,така е договорот.
     
    На cresa-jagoda, referentka, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Има логика.. нели и Австралија е под власт на Кралицата на Англија.
     
    На cresa-jagoda, ЕденЧлен и Annath им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Тамара и се посреќи со новото име,ништо чудно и да победиме на евровизија.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.036
    Допаѓања:
    87.144
    Пол:
    Женски
    Да,ама сепак е глупост што учествуваат,а сега има некој написи дека и американците сакале|(
     
    На Purplelilac и Annath им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абре какво име.
    Некој рендом тип од Данска, појма нема за спорот со името и гласа.
    Не се гласовите од жири комисија, или од политичари.
    Обичен народ гласа.

    Мене не ми е глупо.
    Европеизацијата е почната уште на крајот на 40тите, време е за глобализација.
     
    На cresa-jagoda, crimson, friendy и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.854
    Пол:
    Женски
    Па ај ак не, и Јапонија да ја прибереме.
     
    На Purplelilac и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    #1 на трендинг е Тамара :party:

    Коментарите под видеото ќе експлодираат, луѓево стварно гласале од други држави. :D

    Сега отворив на раат да гледам без друга музика у позадина и топ, на крајот дури и сликиче дале од ќерка и' бе. Ептен се воодушевив јас, браво. Значи, вака било да се осеќаш како патриот - штета шо ќе ми мине за брзо. :rofl: (се шалам деќки, оке је, го дадовме името)

    Ми ги надминаа сите очекувања и Тамара одма ми стана посимпатична. :D
     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful, crimson и 18 други им се допаѓа ова.