Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2019

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 25 февруари 2019.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Само позитивни комнетари има. И чат пат некој залутан политички коментар од нашиве.
    Она кога другите го ценат нашето, а ние сами не знаеме да си го цениме.
    Мене Тамара воопшто не ми се допаѓа, но подобро не можеше да ја претстави нашата земја.
    И глас и стас, скромно, убаво, фустанот беше добар, сцената беше добра, пратечките вокали на ниво, се беше топ. Првпат го кажувам ова сега, ама реално ова е најдоброто до сега од нас на Евровизија.
    И навивам, фаворит ми е Тамара :l:
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, anichka94 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Реакции :D Она кога за прв пат во историјата на човештвото, земјава ја кажуваат ПРВА за нешто убаво :party:
    :rofl:
    Коментариве звучат како да сме победиле во финале. Чувајте ги, па утре само ќе ги цитираме 8)

    Инаку шала настрана, вчера вечер Тамара дефинитивно имаше најмоќна изведба.
    Сите гледаат што повеќе да изгледаат како циркузанти, трчаат, скокаат, се телепортираат, а таа си застана сама на сцена и ги растури.
    Може нема толку пријатен карактер Тамара, но гласот и е прекрасен.

    Народов сака циркуз, ама ако гледаат навистина глас и песна тогаш заслужуваме што повисоко место (ако не и победа) .... Време е некогаш и Македонија да победи, нема смисла веќе |(

    П. С. Замислете во живо колку моќно звучи. Сигурно грмела :inlove:
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, anichka94 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ја заболе Европа за вашето име. |(
    Слушаат песна, а годинава имаме најдобра од како се натпреваруваме. Колку и да се трудите да го оспорите тој факт, рецензиите и критиките се тука, видео прегледите и коментарите се тука, пласманот е тука !
    На името обрнувате внимание само вие националистички затуцотини. Досадии.
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, anichka94 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Добро бе дечки. Името се смена. Нема назад. И сега што треба да правиме? Да се затвориме дома во татковината ни наша и да не излегуваме, оти ако излеземе ќе ја претставуваме Северна а не Македонија? Што треба? Да не учествуваме на евровизија, да не учествуваме во меѓународни натпревари во спорт, да не одиме на семинари низ светот и слично, затоа што на тој начин ќе ја претставуваме Северна Македонија? Да си седиме домче, да си кукаме и светот ќе го заболи? Да се изолираме од светот? Тоа е. Помирете се. Се заврши работата, нема назад. Ако сте веќе толку тврдокорни Македонци тогаш летово не одете надвор од земјава на одмор, особено не во Грција, бидејќи тие се најголемата причина за промена на името. И кога ќе отидете на одмор и ќе ве праша некој од каде сте, вие ќе речете дека сте од Македонија, а тие ќе ве исправат дека сте од Северна. И вие секаде каде што ќе одите ќе тупите дека не е Северна? Дали некој странец вас ве замарал со нивна политика, па вие сите да ги замарате со вашата?
    Еве, гледав реакции од странци на наштата песна, на јутуб. И луѓето се потрудиле, сниниле нешто за нас, ни даваа позитивни реакции. Не ни знаеа зошто сме го сменале нашето име, а одоздола еден куп комемтари од нашите патриоти, бистрат политика, му објаснуваат таму на некој си Англичанец, Американец или Мексиканец зошто Македонија е Македонија, а не е Северна. А странциве појма немаат зошто некој сега седнал да им реплицира на коментари за политика, кога тие дошле да дискутираат за музика.Направиле реакција на песната или коментирале од музички причини, појма немаат за политика, ниту ги интересира, не знаат нивен преседател кој е, а не па некој за Заев да им тупи и за Северна или несеверна Македонија. Мислам wtf луѓе! Шо ви е? Обичниот народ низ светот не го интересира дали сте вие Северна или не.
    И демек ако се бојкотираме, на кој ќе наштетиме? На Заев? На Грција? На ЕУ? ..... сериозно мислите дека со бојкотирање ќе наштетите на некој друг, а не на самите себе? Сериозно мислите дека на тој начин ќе докажете дека сте Македонци? Не. На Грција, ЕУ и Русија им е гајле дали вие ќе ја бојкорирате Тамара или не. Ги заболе. Една конкуренција помалку. Која е и која била Македонија па да ги интересира. Шо сте будали...само изигравате кловнови. Ако сакате да се борите за името, борете се, јас не ве оспорувам ниту сметам дека тоа е нешто лошо или неправилно. Ама евровизија не е место за тоа.
    На погрешрн шалтер сте дечки!
    Тука треба да се обединиме.
    И реално имаме добра песна и добар вокал во споредба со другите песни и изведувачи. Првата полуфинална вечер не ја гледав, ама песните што влегоа во финале во втората беа сосема коректни. Тие што навистина ми се допаднаа влегоа во финале (освен Малта). И ми беше баш реално, а не наместено. Фала богу што не влегоа тие тинејџерските песни, како таа што пееше дека имала 22 години (не знам од која земја беше). Мислам катастрофа. Како излезена од high school филм. Или песната на Арменија.... А вие ќе плукате по нашите минатогодишни претставници дека биле катастрофа. Други земји се испосраа со нивните тинејџерски песни и дома нема да се плукаат меѓусебно за лошата песна. Оти? Оти не се Македончиња. Или песната на Грузија. Цела песна беше ра ра та рара ра. Исто катастрофа. Словенците шо правеа жити мајка? Се гледаа меѓу себе како укочени и си мумлаа, баеа? Пеење беше тоа или баење?
    Има уште многу никакви, да не ги набројувам...
    Дајте бе луѓе! Не бидете ВМРО- овци и СДСМ-овци. Бидејќи сте, затоа ни е ваква државата, а не оти Тамара настапува под името Северна Македонија.
     
    На flower30, cresa-jagoda, crimson и 11 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    I'll take North Macedonia, over FYROM every day of the week.
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, Bloom19 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Второво полуфинале го изгледав скоро цело. И беше многу мнооогу подобро од првото.
    Впечатоците ми се следниве.

    Арменија со ефектен настап, ми се допадна.

    Швајцарецот пак е право маќе со меко ќ.

    Можам слободно да кажам дека ми е меѓу фаворитите затоа што настапот му има сѐ што е потребно за победник. Песна со catchy ритам, солиден глас (не можам да кажам дека има вау гласовни способности, зашто реално ги нема), ефектен сценски настап, плус е размрдан на сцена и згодниќ е, па што сакате појше?! :D

    Игра на картата Енрике за сиромашни, ама одлично му иде. Ако победи овој ќе има паѓање во несвест во публика, и денес беа превозбудени а камоли за финале. :rofl:
    Тука ќе ја тагнам @JollyGirl . Џолано мор, што не си кажала дека има вакви згодниќи у Швицарска? :wasntme:

    Ирска со тралалајката таман за детска евровизија им е.

    Латвија имаше одлична песна. Не евровизиска, но одлична. Музиката и начинот на кој пееше девојката делуваа лелеаво и мило за уво. Нешто што би слушала во слободно време.

    Романија имаше предобра песна исто така, ама навистина ПРЕДОБРА.

    НО мислам дека тие два-три фалша што ги имаше ѝ одзедоа доста од можноста за финале.

    Данска не ги сфатив озбилно. Мислам реално беа права зафрканција со песната и плус на високите тонови ми делуваше иритантно гласчето, иако девојчето си беше кјут и позитивно.

    Шведска солиден настап, ми се допадна.

    За хрватот дури и жалче ми падна. Дечкото растури со пеење, ама џабе кога ќе те за*бат и со песната и со ефекти и со сценски настап па и аутфит. Ме потсети на Тоше кога се трудеше да извади максимум од едно песниче што на ништо не личеше, и успеа. Ама никогаш не ми стана јасно кај им беше човечноста на оние кои не сакаа ниту една добра песна да му напишат тогаш само поради тоа што ѝ го „одзел“ местото на дотичната „Црно и бело“ госпожа.

    Малта ми е иритантна, иако е catchy песната не е мај кап оф ти.

    Литванија ми беше уше едно маќе. Убаво за очи, а за вокални способности слабо. Всушност и песната беше слаба па можеби немаше шанса да се докаже.

    Норвешка, Русија, Холандија и Азербејџан сите се песни за финале, но само толку. Ниту една од нив не ми остави толку силен впечаток за да биде победничка (и покрај одличните вокални способности на изведувачите).

    Другите што не ги спомнав не ни вредеа да се спомнат.


    Е сега нашата.. хмм.

    Супер бевме, шала на страна. Иако ми се чинеше дека имаше трема и малку го стегаше гласот, сепак отпеа преубаво. Тоа видеото што одеше во позадина не беше нешто нај ама мислам дека никој не ни обрнува премногу внимание на тоа кога слушаш квалитетен вокал.

    За читањето први, претпоставив. Актуелни сме периодов со Грција па токму затоа и нив и нас не прочитаа први и филингот беше goosebumps.

    Имам уште неколку нешта да допишам, ама во нареден пост. :d: (poolparty)
     
    На cresa-jagoda, JollyGirl, Elen4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Си читам коментари низ темава од вчера и налетувам на бисеров :rofl::rofl::rofl:

    Само замислете ја тројкава на сцена - у м р е в! :rofl:

    Не бе, топ сме, се исповозбудив сега, ќе договарам гледање у сабота, готово. :D
     
    На Oxymoron, cresa-jagoda, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  8. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Престанав да гледам евровизија годината кога победија Лорди. Секоја година се прашував зошто учествуваме на натпревар на кој што испраќаме катастрофални песни со катастрофални стајлинзи и уште покатастрофални настапи.

    Сега, поинаку е, не знам. Пристапот, песната, стајлингот иако на социјалните мрежи многумина го хејтаа оној фустан на Тамара.
    Мислам дека блесна, всушност, ме наежи, верувам дека многумина со голема доза на возбуденост го следеа нејзиниот настап.
    Конечно се преставивме во вистинско светло.

    Единствено нешто што ме нервира е сега два дена ќе се пишува дека сме можни победници, едни од фаворитите за освојување а реално, до победа има многу леб за јадење.
    Искрено, се надевам дека ќе успееме да се пласираме во првите 10.
    Тамара го заслужува тоа, исто и Македонија.

    И престанете со мешање политика.
     
    На cresa-jagoda, IM.TMKQ, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Ако победиме,ќе биде интересно.Инаку сме народ кој не е свесен за сопствените вредности и квалитети ..чекаме стално признание од 'надвор',и тогаш сме јеее, демек другите се порелевантни за се,а нема врска.
    Тоа ни е најголемата слабост како народ и држава.Пред се треба самите тука да се цениме и даваме искрена поддршка на се што вреди,било кој успех постигнат да се награди со убав збор и бодрење за уште поголеми успеси.Тогаш ќе вредиме и ќе не ценат и 'надвор'.Ние сме спремни во секој момент да удоволиме на некој си 'европеец',(не)свесни дека така газиме по нашето.
     
    На Brinetka, tamche995, Ana.brojka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Честитo некa е, зa aрнo зa убo, и иaкo не ми се свиѓaше песнaтa нa пoчетoк, дa не се фaлaм aмa мoјa беше идејaтa зa тoa кaквa песнa требa дa се прaти и кaкoв дa е сценскиoт нaстaп. Милo ми е штo ме пoслушaле. Дoкaз :D
     
    На Oxymoron, SexiLy, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.163
    Допаѓања:
    168.994
    Пол:
    Женски
    Дека си ма ти цел ден вчера ?
    Утре немој да си ескивирала :!:!
    Ќе треба планот да се прави . Каде ќе правиме сала , што како ,ти реков ми рече :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Еве ја сум погодила се. Само Романија ја утнав. :o
     
    На IM.TMKQ и staycalm им се допаѓа ова.
  13. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Ќе биде и во топ 5 како ми стои,позитивни коментари стигаат буквално од секаде-секако заслужено!:)
     
    На cresa-jagoda и A_star им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.678
    Пол:
    Женски
    Голема храброст е потребно да настапиш на ваква сцена.. толку народ, башка лајв..
    Ја на пример, ко ќе почне музиката, ќе избегам, или евентуално ќе се укочам на сцена.
    Мислам австралија ќе победи, некако такво чувство добив коа прв пат ја слушнав.
    Но ќе видиме.
     
    Последна измена: 17 мај 2019
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Од кога ова? Кога прв пат се појави Австралија на Евровозија, беше кажано дека ако победат они дека следната година ќе се одржи во европска држава која ќе има најдобри услови за шоуто, но ништо конкретно.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.841
    Пол:
    Женски
    Да,имаше и таква верзија дека ке се одржи на европско тло,а после објавија дека доколку победиле, Англија би била организаторот.:|
    Како и да е ,сепак мислам не им е место на фестивал кој го организира Европска радиодифузна унија.
     
    На cresa-jagoda и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.027
    Пол:
    Женски
    Австралијанците многу го сакале натпреварот,па затоа молеле да се приклучат.Така се збореше кога 1 пат настапија. :^)
    И демек ако победи Австралија,Евросонгот би се одржал или во Англија или во Германија. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Американците сакаат да направат американска верзија а не да се уклучат на европската.
    Изгледа и ќе се случи тоа во 2021.
     
    На nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.841
    Пол:
    Женски
    Незнам, сега баш читав , овие од еуросонг разгледуваат начин американците да се вклучат 2021 каде што би учествувал победникот на напреварот од САД.
     
    На nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Ама оти да не им е место па гревчиња се, они се една држава на еден континент и не можат да си направат ваков фестивал :D
    Башка пејачиве ќе прошетаат малце по Европа да ја видат :rofl:

    Иии ми текна една идеја-сите континенти да си направат ваков фестивал и победниците да се натпреваруваат во Световизија ]:)
    Така ни Америка ни Австралија нема да ги дружиме на нашава :D

    Абе Турција немаше представник годинава? Заштоо?
     
    На Ana.brojka, Annath и nextredstyle им се допаѓа ова.