Во сабота во 20.45 сите овде да се сретнеме со вувузели, знамиња и скандирање. Ќе пишуваме коментари, ќе навиваме вербално, ќе даваме критики на другите учесници ....и сите ќе бидеме ЕДНО - навивачи на Тамара.
Да Бриџо , утре е финалето . Шо ти е ма на тебе ? Да не се заљуби ти, сета си разбркана. Имаш фаворит? Сакам твоја претпоставка да прочитам
Не ги слушaв, нa крaткo сaмo пo 30тинa секунди сите aмa не зaпoмнив кoјa песнa oд кoјa земјa е. "Дa не си зaљубенa?" е трик прaшaње зa мaженa женa
Сега веќе има 291025 прегледи што значи дека за 2-3 минути има 8688 прегледи и не е за потценување воопшто. Haters gonna hate
Многу се исполитизиравте.Политиката уште во спалната не ни е влезена,а можеби е. Сакам да кажам дека го потенцирате гласачкото тело во странство (македонско).Мислам дека многу,ама навистина многу голем број или воопшто не гледа или гледа а не гласа. Некако верувам дека повеќето гласови се од странци на кои им се допаѓа Тамара .
Јас се чудам кога сме настапувале под името Macedonia, па сега се лутат поедници зошто било North Macedonia А со FYROM што правиме? Го заборавивте? Никогаш, никаде и никој јавно не не нарекол Македонија, ама во ред. Читам на фб коментари. Одврати, гадни, недонични и ниски дури и за такви ко нив. И Тамара имаше некои статуси споделено, значи и таа ги чита малоумните. Не знам што се замара со нив. Среќа па многу повеќе се позитивни, полни со поддршка и надеж. Ајде се гледаме во сабота
Вардар не ја претставува Северна. Репрезентацијата ја претставува државата, така да, типот слободно може да продолжи да си навива за Вардар. Кажете му.
Модератор: Офф топик дискусијата за политичките заговори е избришана, држете се до темата Евровизија.
Не сум гледала Евровизија сигурно добри 15 години,но може некој да ми каже зашо настапува Австралија? Не беше Eurovision само за земји во Европа? Или ја нешо сум ги утнала брзините?
Луѓе дај стварно не ја упропастувајте темава со непотребни анализи за политики. Навистина ете убаво дружење имало деновиве, интересни коментари и смеење, па не мешајте политики и таму каде што не им е местото. Плус еве и од Фемина ни повикале и дополнителни следачи на дискусијава па дајте барем да кажеме по нешто паметно. Инаку @Shalitra многу не' сакале се чини. Друго објаснување не верувам дека има.
од сите држави можам да ги гледам само од нашава НЕ Има на некој друг YouTube канал да се види настапот на Тамара?
Истиов проблем сега го имав со блиска личност таму. Не е достапно. И се напнав и и' го снимав целото видео со телефон од компјутер. Нема друг начин за жал, се' прекопав. Или некој од блиските нека ти ја снима или ако сакаш пиши ми пп, ќе ти го пратам во порака.
Не поштуем феминизам, особено не па бранет со голи цицки или феминизам изваден од правата смисла, но од друга страна од толку м'же пратени на Евровизија, жена отиде у финале. А Љупчо мајка му ја сака? А поштуе жени уопште? Мене ми делува овој ко паднат на глава ко мал, а и бааѓи ко да е тепан од жени. Нејсе, песнава па мене не ми е баш феминистичка, поише мајчин(стичк)а.
Феминистичка е, и тоа во правата смисла... ненаметливо, емотивно, без трошка вулгарности како тоа што ти спомна. Нема ништо за оградување тука, туку за гордеење Можеби има фокус и посвета на однос мајка-ќерка, но во спотот има и жени кои не се мајки, исто така беше и објавена на 8ми март кој е ден на сите жени. А Љупче е обичен џган и најдеструктивна појава во земјава, друг коментар нема за него.
Мене не ми се допаѓа тоа што во позадина одат нејзини фотографии со дете, затоа што држава претставува, и настапот не е семејна забава. Инаку, политиката си игра улога во Евровизија, така да на среќа влеговме.